@Цвет88 Сигурно има причина зошто се однесува така. Анализирајте го и вашето однесување и атмосферата во домот,па потоа барајте ја причината во однесувањето кај детето.Најчесто таму е одговорот.
Затоа се оди на доктор. Ако бевме способни сами се' да анализираме, немаше да има потреба од доктори.
Не ми се допаѓа кога сами наоѓате дијагнози, дали за себе, дали за деца. Јас пре би рекла дека е високо сензитивно дете, или срамежливо, отколку анксиозно на пример. Плус, рачунај, пола од нејзиниот живот поминал во пандемија. Не знам во мк колку го чувствувате тоа, ама кај моево има/ше импакт. Друго, ако е се ок во комуникацијата со колективот, веројатно е некоја фаза. Мојава 8 скоро има, со непознати возрасни сеуште тешко комуницира. Дури беше помала никако нејќеше ни добар ден да каже, ако јас се сретнев со некој познат. И тоа -мамо ми се плаче го поминувавме, особено ако подолго не одела во градинка, ради болест, и навикнала да биде само со нас дома. А имам и читано, дете кое се однесува така- во колектив ок, одма штом те види, почнува да се жали, е вообичаено за помали деца кои се врзани за мајка. Не во лоша смисла, ама ти како мајка си му алфа и омега, така канализираат стрес или што и да е, не знам како да го наречам правилно. Знам оти е мачно, барем од ова погоре пишаново, можам да речам, сум минала низ слично, ама минало. Ова вака искуствено, можеби @Cosmic Girl има некој поинакво или постручно видување.
Да сeкако,но како што прочитав веке биле кај психолог.Се било во ред кај детето,а сега мајката анализира сама. Децата на 4 год.не се баш способни да зборат за емоции. А битно е да се спомне дека срамот кај децата се јавува после 3 та година,а голем пресврт има меѓу 6-7 год. Кога стануваат посвесни. Срамот често се јавува и го потикнуваат родителите кога поставуваат нереални повисоки стандарди,кога користат методи на молчење,лутење на детето или критикување. За да се намали срамот,и притисокот,треба да се намалат очекувањата кај детето. Не мора да пишува на 4-5 год. Не мора да чита,да брои и итн. Тука во овој случај можеби се работи и на недостиг на социјализација на семејството,детето немало контакти со никој друг возрасен освен примарното семејство,затоа не знае како да се однесува,немало прилика да научи и да комуницира со возрасни.
*Во психологијата постои поле психодијагностичар, тоа со сигурност. Пријателка моја е психодијагностичар.
Состојбата се вложила после подобрување, затоа е стравот. Ова нејзино однесување врска нема со било какво форсирање. Не сфаќам какви очекувања мислите дека имам од неа, ваљда не мислите дека сакам квадратна равенка да решава. Во градинка иде од 15 месеци, не е пропуштен ни летен ни зимски одмор да одиме, со друштво за неа, да не е сама. Ниту пак се караме дома и она да гледа лошо семејство. Не сум јас будала, да си го правам детето болно ако пример мм ме тепа мене. Можеби не сте причитале дека ноќното плачење или ноќни терори кај нас беше поизразено, односно секоја ноќ по 4-5 пати, епизоди кои траеа и по саат ипол. И така година дена без исклучок. Лесно е од страна да дадеш заклучок. Дојди и помини го сето тоа, без ни малце да се засекираш. Еве и нека не е и е ништо на ќерка ми, мислите ли дека не се случува? Дека ниедно 4-5 годишно дете нема проблем? Лесно е да се каже дете е, фаза е. Ама јас пак ќе бидам кривата ако има нешто а не сум реагирала на време. Впрочем, баш тоа и го реков на почеток дека не сакам такви коментари. @Biljarkata и да е тоа, некој треба да ме насочи како јас да се однесувам, а не тапшање по раме, ај бе шо ти е гајле нишо не и е. Баш затоа што сами не треба да лепиме дијагнози, тие се тие кои треба да ни укажат како. Разгалена е, плачка е, дете е, фаза е, остај ја, не се замарај, не е решение.
Baraj odgovor,ne sedi poseti psihijatr i strucni lica MERI BOSKOVA e super,i jas imav sramezlivo i povleceno dete vo gradinka i skolo.Ako treba i na poveke mesta,ne ti fali tebe nisto,stom kako majka si osetila deka nesto ne stima.Na vreme resevaj za da u skolo si nemas problem i ponataka.
Би ја препорачала и јас д-р Мери Бошкова, психијатар е и до пред 3-4 години знам во Ремедика беше. Стручна е баш за деца како што знам. Јас лично бев слично дете како неа. Не би сакала да сугерирам ништо, можеби е поврзано со некој момент кога некој возрасен и повишил тон (пример кажувам), дали било воспитувачка, комшија, можеби на телевизија.. можеби не е толку срам колку што е страв, сепак малечка е да разграничи емоција, чувство. Во ред е да се реагира. Колку и да е фаза, има начини, совети, пракси кои што помагаат да се скрати и олесни работата и за родителот и за детето. Верувам дека ќе го најдете изворот.
Токму тоа го зборам и јас. Ако има таков момент а јас не можам и не знам да го извлечам тоа од неа, како би и помогнала. Почна да трпи за во вц во градинка од тој пуст срам да им каже, и почна да се мочка во гаќи дур стигнеме дома. Не барам јас таму да им раскажува научна фантастика, ама ете, бар за мочкање, ако и се пие вода пример, да си каже.
Токму заради тоа што ти не можеш да извлечиш јас сметам дека треба стручен човек да проба. Си имаат тие техники и пристапи, преку игра преку забава и така натаму. Можеби решението лежи во еден или два разговори.. па на крај краева колку и да се. Не сум родител, ама тетка сум и еве гледам внук ми си пушта таму некои цртани на телевизор или на телефон. Се' се некои ликови со некои извитоперени фаци, сами по себе кошмар. Па и колку да ти е хармоничен домот, колку и да се трудиш да вложуваш во well being-от на детето еве на сител или на било која друга ќе се појаи некоја турска, индиска серија и цели 45 мин ќе има врескање, трескање, карање.. Сметам дека овие детали имаат поголемо влијание од што за жал сме свесни.
@Цвет88 Читам наназад што си пишувала и се обидувам да ги соберам делчињата од сложувалката, т.е сите проблеми кои си ги забележала кај детето. Сфатив дека е 4 г. и не и е првпат да оди во градинка, интелегентно велиш и напредно. Има проблем со ноќен терор/страв, уринарна ретенција и одложува дефекација. Се на се делува срамежливо и воздржано, како да се плаши од лица кои не и се од најблискиот круг. Се жали на одредени болки во телото, стомакот - не прочитав кога го прави ова, дали е пред одење во градинка или дали има конкретно време од денот кога се жали, на пример ноќе пред спиење. Спомнала дека и се плаче што е обид да искаже некоја внатрешна емоција. Најверојатно е точно сето тоа дека детето е по природа посрамежливо, почуствително, во комбинација со напреден интелектуален капацитет, во смисла дека разбира многу, но проблемите кои ги спомнуваш не се за игнорирање од твоја страна како родител. Баш оваа комбинација кај децата е некогаш предиспозиција - интелектуален капацитет висок, емотивност висока и помала (предшколска) возраст во која сеуште немаат развиено способност да се справат со емоциите и мислите може да води до сепарациона анксиозност. Дали е или не е тоа случај кај детето мора да каже психолог, не невролог. Невролог може да утврди дали има некој невролошки проблем зад симптомите, ама за психичкиот дел си треба психолог. Симптомите личат на тоа, но може и да не се. Пр. обично неконтролираното мочкање е симптом на сепарациона анксиозност, ама не се сите деца исти. Може да е задржувањето на мокрењето знак на стрес и стегнатост. Може да се работи за вакво нешто а може и не е, ама треба многу работи да се земат во предвид, не само симптомите. Обично сепарационата анксиозност кај децата кои имаат предиспозиција (која ја опишав претходно) е предизвикана од ситуациони фактори. Под ситуациони фактори подразбирам еден широк спектар на фактори. Не мора да биде семејно насилство или кавги во домот, ниту пак насилство од медиуми. Може да се и позитивни промени- како селидба, проширување и реновирање во домот, нова детска соба, промена на групата во градинка од мала - голема (промена на учителка, просторија, група врсници), промена во времетраењето на престојот во градинка (си одела порано а сега мора подоцна на пр.). Може да е и некаков проблем со некое дете, за ова провери со наставниците, ама без нејзино присуство, дали некој ја заплашува и зема нешто на сила па се осеќа во градинка несигурно. Имало примери со ноќни стравови каде што се откри дека детето е предмет на секојдневен булинг од друго дете кое му се заканува дека ќе му направи нешто лошо ако каже (но ова е веќе пример со деца од пониските класови во школо). Дали порано одела во вц во градинка? Дали е вц-то сменето? Дали имала некое непријатно искуство во тоалетот? Можеби и прави страв изгледот на самиот тоалет, можеби е темен, валкан или сл. Дали некој дома бил болен, се отселил или заминал.. Она што е клучно за сепарациона анксиозност е тоа дека детето во еден момент почнува да сфаќа дека можно е да биде трајно одделено од родителите и што е уште побитно почнува да го доживува тоа сознание на емотивно ниво - тоа му буди страв, тага, вознемиреност кај него. Некогаш ова сфаќање е поттикнато од некоја реална промена во неговата физичка средина, а некогаш е едноставно последица на когнитивниот развој на детето (пр. детето веќе сфаќа дека умираат луѓето, не живеат вечно и дека е можно да остане само). Детето таа идеа ја доживува значи сосема реално, иако можеби нема врска дека таква сепарација од родителите е воопшто можна, тоа ја доживува како да се случила навистина или како да сигурно ќе се случи. Самата помисла буди силни емоции и затоа може и да се расплаче од нигде никаде. Значи прво провери дали не се работи за некој реален надворешен проблем - друго дете, наставничка нова (која можда е груба, гласна, строга), неприфатеност од децата кои се груби со неа, или промена во средина од типот нов простор кој е непријатен за детето. Ако не е ништо од тоа, барај го проблемот во психата. Не настојувај да зборува за емоциите. Дете тешко може да го стави во реченица она што го осеќа. Подобро се изразуваат низ игра, цртеж, моделирање со пластелин/тесто. Но, најбитно од се е да и се врати чувството на сигурност. Тоа значи повеќе време да минувате заедно во игра, во заеднички активности, што и да е што на детето му прави да се чувстува среќно. Да се осети дека сте тука за неа. Дали има теми кои и задаваат страв? Ако има, гледај што поретко да се изложува на нив. Некогаш она што плаши истовремено и фасцинира, па може да те провоцира самото дете некоја страшна приказна или настан да му го повторуваш пак и пак, несвесно дека му го потхранува стравот. Потхранувајте чувство на среќа и на сигурност, а не на страв. Не паничете за она што го манифестира пред самото дете. Ако се измокри, не го карај. Среди го, измиј, преслечи и не казнувај. Ако направило некаков испад или драма и на него му е тешко што го преживеало тоа, не треба да биде дополнително карано, најверојатно реагирало од страв. Со тек на време ќе поминат овие проблеми, детето ќе созрее доволно да се носи со емоциите, но потребна е и правилна поддршка од родителите за да сето тоа тече побрзо и без продлабочување. Внимавај и на своите реакции и како изразуваш емоции пред детето. Обично стравовите на родителите, децата многу лесно ги забележуваат и воочуваат и ги попримаат. Џабе е и да речеш дека не ти е ништо, одма ќе те познае дека лажеш, а тоа уште повеќе ќе ги вознемири. Некој ја спомна Радмила Живановиќ, и јас би ти ја препорачала неа.
То благодарам многу за деталното образложение, конечно некој да сфати за што зборам. Тоа е тоа што оној кој знае, знае кои прашања треба да ми ги постави и согласно со одговорот да најдеме решение. А треба да ја види и неа. Иначе, проблемот со мочкањето е во градинка. Се стиска, ако ја видат и ја прашаат ќе климне со глава,ќути и ги гледа. Ќе проверам но во градинка, по основен направен муабет е ок се со децата. Освен ако индирекно не ја вознемирува некое однесување на некое детенце... На болки во нозе се жали ноќе во сон. А на меше знае и во текот на денот. Фала ти уште еднаш до небо... Ќе видам што ќе направам баш ќе барам за кај Радмила. Мери работела само онлајн а така нема шанси да се сконцентрираме.
Не, не, разгалена, плачка не се соодветни квалификативи. Отприлика истото го мислев како Космик, дека има некоја причина која треба да се идентификува и која со време се надминува. Детали повеќе отколку во воведот навистина немам прочитано, затоа пишав мислење само врз база на тоа. И баш мислам дека психолог и тоа детски е вистинско место да се обратиш, некој кој познава развојна психологија и знае да ги постави вистинските прашања. Дел од физичките симптоми може да се и баш физички, знам дека болки во ноџиња се случуваат на одредена возраст заради интензивен раст, некои деца и физичка болка претерано сензитивно ја доживуваат. Знам по моето, оти за гребнатина имаме драма како за скршеница, ама и тоа си има психологија во позадина. Полека и смирено, кој бара решение сигурно ќе најде.
Мешето ако ја боли, може да е од стрес. Дигестивниот тракт е осетлив и реагира на стресот и стравот. Болките во нозете во сон може да се нешто друго- може да е од растењето на коските, ако е период кога интензивно расте, или од недостаток на минерали и витамини. Бутај ја со протеини, овошје и зеленчук... Може не сака да оди во тоалет зошто таму оди сама? Можеби се осеќа посигурно покрај наставничките и децата. Може треба да оди со учителката за почеток, дур да и е подобро..
Психолог и те како дијагностицира. Најчесто во клиничка пракса треба да дијагностицираат заедно. Психолозите имаат дијагностички тестови за да се добие покомплетна слика. Инструменти за проценка на личност има само психолог. Затоа работат заедно при дијагностика на посложени состојби. За состојби со деца психологот е подобра опција (освен ако не се работи за развојни психози - кои денес веќе не се ни викаат така ама плесно се сфаќа ако тоа се напише). За одредени развојни растројста дефектолог (специјален едукатор е најстручен). Од сите овие само психијатар смее лекови да препишува зашто е лекар. Ама лекови сами по себе ништо не решаваат. @Цвет88 и јас би ти рекла обавезно психолог. Радмила и јас ја препорачувам. И сите од Психотерапика. Барај Психотерапика на веб и ќе ти излезат контактите. Во пандемијава не знам како точно работат (дали во живо или онлајн со деца. Со возрасни поголемиот дел сеуште работат онлајн).
Ти благодарам, немаат термини кај Радмила, инаку повеќето работат само онлајн, кај нас тоа нема да помогне. Имам психолог кај кој јас одев и го познава моето дете и вели најдобро е во живо. Па ќе се обидеме со неа.
Така знам. Нека кажат психијатрите и психолозите дали е така Иначе, немам ништо против и твојата информација да е точна, а мојата не