Анксиозност кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Цвет88, 16 јануари 2022.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.933
    Пол:
    Женски
    Е па еве јас сум психолог. Затоа кажувам. Не сум во таа бранша, ама јас барем така учев на факултет. Дијагнозата се поставува тимски. Не само од еден човек.
    Кај деца не се ни поставува дијагноза на ментални проблеми/растројства. До кај 25 години се се пишува како епизода. Шифра на растројство не се става. Баш заради развојниот момент. Тие до 25 години и ако завршат на пример на Клиника (каде што завршуваат најтешки случаи) одат на друг спрат од останатите хоспитализации, на педијатриски дел (дел за деца и млади) од Клиника за Психијатрија (3 спрат).

    Кај деца затоа и најчесто се поминува прво кај психолог кој може да даде поддршка не само на дете туку и на семејство во справување со состојбата/проблемот и слично и може да даде поддршка во насока на решавање на истиот. Истиот има повеќе инструменти на располагање за проценка на децата. Ако треба се оди на психотерапевт (особено некој кој е стручен за плеј терапија со деца: Психотерапевтот може да биде психолог или психијатар. Ако е особено тежок проблемот се оди на психијатрсика проценка (на пример ако детето комплетно губи допир со реалност и слично) и тогаш тимски се поставува оквирна дијагноза чисто за да се знае што понатаму од аспект на третман (дали и кои лекови ќе се вклучат, дали ќе треба поддршка во вид на психотерапија и слично).

    Кај нас 90% од психолозите кои работат клиничка пракса се со лиценци за психотерапевти. Кај психијатрите тој процент е помал, ама добрите психијатри имаат психотерапија поминато зашто само со лекови ништо не се постигнува. Се намалуваат моментални симптоми ама проблемот не се решава. Лековите се добри како почетна терапија зашто некогаш не може да се почне со психотерапија од преизразени сиптоми. Е сега доброто поставување на дијагноза исто значи и одлука каков е типот на растројството за да се види дали има смисла или не да се вклучи психотерапија зашто кај оние што се со органска природа и каде што при влошување на состојбата се губи допир со реалност (порано познати како психози како на пример шизофренија) мора сел живот да се примаат лекови (бидејќи коренот е во нарушени невротрансмитери). Тука психијатарот ја води играта. Кога е клиентот во ремисија може да се влучи психолог чисто како поддршка на опоравување без многу чепкање и длабинска работа (и често мора и семејството да се поддржи и клиентот за да се продолжи со лековите и да се сфати дека тоа е тоа, дека некогаш нештата направени во тој шуб не треба да се преоценуваат и слично). Кај оние кај кои има тригер од ралични причини и клиентот е самиот свесен за својата состојба, нема губење на допир со реалност покрај лекови треба да добијат и некој вид на советување и/или психотерапија за решавање на тригерот.
     
    Последна измена: 18 јануари 2022
    На mal.ecka, Сара Лав, manako1 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Знам дека е тимска работа, ама на документ со дијагноза, секогаш е психијатар потпишан, не психолог.
    Интерни им се наодите од испитувањата.
     
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.933
    Пол:
    Женски
    АКо мислиш на формата тогаш да. Ама суштинаат е поинаква. Психијатарот се потпишува зашто е единствениот од тимот што може да препише медикаментозна терапија (зашто е нели лекар).

    Ама пак ќе кажам кај деца најчесто нема потреба од лекови (освен спомав кај одреден број случаи) и затоа често нема потреба од психијатар. И кај деца често сите проблеми се транзиторни односно со соодветна поддршка поминуваат и затоа децата не ни добиваат дијагнози.
     
    На Biljarkata, sj *O* и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Зборуваме за дијагноза.
    Дијагноза потпишува психијатар.
    Психолошките тестирања ги прави психологот, разговорот се тера поопширно со психологот, ама психијатар ги води случаите.

    *Ова е процедурата во Центарот за здравје на деца и младинци
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Од детски психолози можам да ја препорачам Кате од Неокортекс. Не работат онлајн и што е најдобро, работат со целото семејство, не само со детето. Затоа што таквата состојба на детето и те како влијае врз родителите.
     
  6. Dignidad

    Dignidad Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2022
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.161
    Пол:
    Женски
    Здраво. Долго се мислев дали да пишам тука но некако се наоѓам како да немам излез и се чувствувам заглавено. Имено имам проблем со син ми, кој е 9 години. Кај него чувствувам преголема нервоза, односно на секое нешто што е побарано он него он враќа со дерење, ништо не сака да послуша, ако му кажеме да дојде во 7 дома на пример никогаш не дошол на време. А зошто пишувам во темава анксиозност? Бидејки од друга страна има некои необјасниви стравови од пример пуштање вода во тоалет, од звукот, и никогаш не пушта вода кога оди во тоалет. До пред извесен период премногу се плашеше од облаци и кога времето беше облачно и кога врнеше/грѓеше. Затварање де дома ролетни и седеше свиткан со затворени уши. Сега тоа да речам го нема. Сеуште му се случува да се измоча навечер во кревет. Во школо често е именуван дека го пореметува часот. Лесно паѓа под провокации.

    Носен е кај проф Др Марија Ралева и Мери Бошкова
    И двете ни препорачаа апчиња рисет кои се давале вака на деца со проблематично однесување. Ги давав, но не видов никаква помош од нив. Можам да кажам дека само се влоши, прекинав да ги давам.
    Исто правевме и психолошки тестови искочи дека поседува емоционална незрелост а интелектуалната му е релативно висока.

    Незнам зошто, ама се си мислам дека има некој вид анксиозност, посебно од како немаше никакво подобрување со терапијата некако уште повеќе сум сигурна. Плус имаме анксиозност во семејството генерации наназад.

    Заборавив да напоменам дека има помало братче и кон него не искажува никаква љубов (впрочем он емоции никакви не искажува, премногу е затворен) плаче само кога ме е по негово.

    Има ли некој со сличен проблем, со најдено решение, совет, искуство, јас веќе стварно незнам што да направам.
     
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.933
    Пол:
    Женски
    @Dignidad немам вакво искуство слично. Ама да пробаш на психолог да го однесеш ти си почнала со психијатри и нормално таблети ви дале.
    Пробај со техники да ви дадат за комуницирање со него. Ова кај психолог/психотерапевт кој работи со деца се добива.
     
  8. Dignidad

    Dignidad Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2022
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.161
    Пол:
    Женски
    Препорака за некој психолог?
     
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.933
    Пол:
    Женски
    Психотерапика (имаат повеќе психолози).
     
    На Dignidad му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.335
    Допаѓања:
    90.007
    Пол:
    Женски
    Рисет е антипсихотик.
    Се дава за повеќе состојби.
    Неоправданиот страв од пуштање вода може да е и некој вид манија па може и затоа и двете го дале рисетот.
    Јас би ти рекла да го однесеш и на трет психијатар.
    Плус и на психолог поради социјалната и емоционалната недостапност.
     
  11. Dignidad

    Dignidad Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2022
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.161
    Пол:
    Женски
    Знам дека е антипсихотик, само не е даден поради манија, ми кажаа дека го даваат повеќе на здрави деца кои имаат проблематично однесување.
    Социјално не е недостапен, он е прекрасен другар и има мн другари и е еден од омилените во друштвото, едноставно е многу затворен и ништо не искажува, се чува во себе.

    И ова со второ,трето четврто мислење од секогаш ми било такво, мех... Као ќе идам на мислења додека не го чујам тоа што го сакам.
    Пред да одам било каде добро се распрашав, и сите ми ги препорачаа нив две, двете во пензија, професорки специјалисти со премногу стаж и искуство.
    Ама ете мене не ми помогнаа. Иначе од искуство Мери Бошкова е мн подобра, го процени и се што кажа од а до ш беше баш како што е, како жената да ни гледала дома што прави како прави .... Значи она го "дијагностицираше" скроз точно, само лекот не ни помогна
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.899
    Допаѓања:
    186.748
    Добредојдовте во пред-пубертет.
    Нема ли некоја терапија немедикаментозна туку баш терапија, за менаџирање на емоции? Мора да научи да ги канализира, не мислам дека има лек за тоа.
     
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.933
    Пол:
    Женски
    Џабе си прашала за лекари. Не мј требаат лекари и лекови му треба пристап за менаџмент на емоции. Двете лекарки се супер ама не се тоа што му треба.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.899
    Допаѓања:
    186.748
    Дај препорака за менаџмент на емоции.
    Што родител може да сработи сам со своето дете? И може ли?
     
    На Dignidad му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dignidad

    Dignidad Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2022
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.161
    Пол:
    Женски
    Јас отидов по лекари бидејки веќе немав каде. Бев притисната и од школо секој ден повици од наставничката, разговори со службите. Да напоменам работите што ги прави не се ниту булинг на Др деца, ниту нешто штетно или опасно. Устата пена ми фати од зборење учење договарање. Убаво пиша членката, ако имате некој предлог дадете за менаџмент на емоции
     
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.933
    Пол:
    Женски
    Јас ти пишав. Носи го на психолог. Ќе ви дадат и вас и нему техники за справување. Пишав и конкретен предлог Психотерапика.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е соодветна тема за прашањево, зашто и не знам како се класифицира.
    6 години е малата, прваче. Пред поаѓање во училиште беше многу поврзана со мене, дури и плачки првиот ден. Но, од вториот натака си продолжи, ДУРИ и на еден роденден остана сама со другарчиња.
    Но, многу е повлечена воопшто како личност, плус тоа и приврзана за мене, не смееме да испаднеме ноќно време, а таа да седи кај баба. Не останува кај баба да спие никогаш (иако не сум за оставање деца со баба, си ги сакам под моја контрола, но понекогаш едноставно МОРА). Ја чуваше баба ѝ и немаше проблем, се' додека не останав 5 дена во болница кога се породив со втората и оттогаш не ме пушќа никаде.
    Дополнителен проблем е што не работам и што сум постојано со нив, за хранење, прибирање од училиште, учење, облекување, присуство на настани и се' останато.
    Поголем проблем сега имавме откако учителката им зборува со построг тон (не на неа, зашто според кажувањата на учителката е мирна и повлечена) на децата, а таа како да фати некој страв (барем така ја приметив, додека играше ја имитираше учителката најчесто во негативна смисла).
    Проблем имавме и на училиште последните 2-3 дена, плачеше, додека спремаа новогодишна претстава морав да бидам со неа, не одеше до друга училница без мене, а во сето тоа си ги грицка ноктите и кожата околу нив до тој степен што крв ѝ течеше на тој ден додека беше нервозна.
    Зборував со учителката, ја прашав дали има потреба од стручна консултација, рече ќе видиме, прво таа ќе зборувала со неа.

    Прашањево ми е, дали сега распустов да барам дополнителни консултации да ја однесам на детски психолог? Како јас да постапувам? Се ближи роденден каде што ќе треба да биде сама и нормално ќе биде одвечерно време, а тогаш ја фаќа нервозата.
    Дали да ја оставам сама?
    Сакам да ја храбрам, да не биде ваква. До двор не излегува сама, а сме на прилично мирно место.
    Инаку до сега сум била трпелива, сум ја чекала во ходници, сум сакала да се чувствува сигурно, да знае дека сум тука, ама ете, тоа ми вроди со погрешен исход.

    Секое мислење ќе ми значи :)
     
  18. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.899
    Пол:
    Женски
    Дали пробавте со психолог ? Дали дојдовте до подобрување на состојбата?
     
  19. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    119.020
    Пол:
    Женски
    доста приврзана за вас е, посебно сега кога има уште едно бебе во неа има отпор и бара сигурност во вас. пробајте со психолог детски да ви даде насоки како да ја оставите сама, не цело време зависна од вас. ова не ми се симптоми на анксиозност, но вие правите грешка. оставајте ја сама, најдете и занимливи работи, посета на некакви курсеви, работа во групи деца. да поминува повеќе време со другарчиња од класот. ќе се среди, мора прво вие да се смените, зборувајте многу
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Премногу зборувам дури веќе и сама не се поднесувам:) оди дополнително два дена на активност, но знае дека сум надвор и дека ја чекам. Дефинитивно ќе барам упати од стручни лица, дури и кога сум дома мора да сум до неа, на земја, да ја гледам што прави, постојано го бара моето внимание... ја оставам сама за да одам до надвор, доаѓа после 5 минути со некојси изговор што не и' држи место ...