Анксиозност кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Цвет88, 16 јануари 2022.

  1. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.114
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е неопходен разговор со добар детски психолог.
    Посебно и тоа што велите грицка нокти, не е туку така наивна работа, во позадина има нешто.
    Вие сте направиле доволно, но очигледно на детето му треба дополнителна помош затоа обратете се до детски психолог да ве упати како да постапите.
    Најважно е да не го сфаќате ова премногу трауматично, можеби е само фаза на која треба да се поработи и потребно е доволно трпение од ваша страна.
    На детето му се имаат неколку работи собрано, а по кажаното најверојатно е и емотивно дете, па потешко се справува со ситуацијата. Сигурно и влијае и раѓањето на второто дете.
     
    На Ljubica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    22.800
    Пол:
    Женски
    Ајде давај и задачи по дома..
    Донеси ми ова, донеси ми она..
    Дојди помогни ми за местење на маса, за кревање..
    Да осети дека може...да се одети важна..
    Па на крај кажи пофали ја(пред луѓе) ова го направи таа
    Многу работа треба, еве и јас уште работам со мојава на проблемот, тек сега има мал напредок.
    Верувај, знаат и осеќаат дека знаеме, дека збориме за проблемот, дека не загрижува тоа.
    Кажи и ти пример ќе те чекам надвор, ама нагласи само ќе одам да испазарам и ќе се вратам.

    Тоа се некои работи кои ми паѓаат на ум моментално.
     
    На H.VAGA, lackygirl и Alishan30 им се допаѓа ова.
  3. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Да така и правев и се согласуваше ама баш кога треба да се разделиме, вели немој да одиш... па знае дека сум надвор, иако понекогаш си завршувам работа.

    Инаку е многу емотивна, во споредба со врсници е многу позрела, не навредува, внимава да не повреди...

    Патем, препорака за добар детски психолог? Не сме од ск но не е проблем каде и да е, само да не чекаме многу, бар додека е на распуст да завршиме
     
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    22.800
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не можам да ти препорачам.
    Не сум баш задоволна од тие кај што бевме.
    Едино со Христина детски психолог да пробаш ...
    Таа е во Илинден-скопје.
    Кај нас ниеден психолог не гледаше да најде решение. Немаше никаков напредок од никаде.
    Само логопедот во градинка помогна, но не ни е решен проблемот во целост.
    Само трпение..
    Иначе и мојата не спие кај баба и, ниту со мајка ми значи дома кај нас, а таа неќе во другата соба да спие.
     
    На Ljubica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.114
    Пол:
    Женски
    Немам лично искуство, ама знам дека е добар психолог.
    Ако успееш да ги добиеш, види распрашај се дали се соодветни за проблемот.
    https://dianabelevska.mk/
     
    На Ljubica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам, сигурно е процес кој ќе трае, ако успеам нешто да сменам ќе пишам
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.143
    Допаѓања:
    26.029
    Пол:
    Женски
    Дали одеше во градинка? Ако не, тоа за неа е голем шок да остане сама без тебе или некој познат. Скоро ли добивте второ? Уште една огромна промена која што ќе и треба време да ја процесира. Ако не одела во градинка, дали беше до сега доволно социјализирана со нејзини врсници?
    И кога највеќе дојде до таа промена ако до сега посетивала градинка без никаков проблем?

    тоа што не сака да спое некаде на друго место без тебе не го гледам како проблем пошо јас ни еднаш не сум преспала кај некоја од бабите/тетка.

    тоа што гризе ептен нервозно нокти и што не дава да остане без тебе овој период укажува и на некој страв ама зошто, можеби вистина има страв од учителката заради некоја ситуација која ја видела или доживеала. Пробај ти да разговараш со ќерка ти, да извлечеш некоја информација, не директно туку кроз игра, кроз шетање.
    Ние сме биле на два психолози, конкретно беше за да не упати како да постапуваме со тврдоглаво дете, неаме имано сеанси или проценка имано али од Снеже мислам се викаше во Ск ми се свиѓаше пристапот и советите кои ги добивме, за разлика од Александра од Мозаик.
     
  8. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Фала ти за одговорот. Да, посетуваше градинка ама полудневно, не спиеше таму. И јас не сум за спиење по баби, ама ете некогаш мора, не да спие, ама бар до подоцна да поседи.
    Инаку, малата е веќе две години, тогаш многу читав и повеќе внимание имаше големата. Со неа активности, шетавме, секаде со нас со татко и', бебето тогаш дома, оставав измолзено млеко и ние бевме со неа. Не дозволив да почувствува нагла промена и тука некако не го согледувам проблемот. Јас и' пишав на Христина, ама ја нема да ми врати од вчера, по празнициве ќе се обидам пак. Ако имаш нешто контакт може да ми пратиш во лп :)
     
  9. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Па како што ветив, да споделам искуство.
    Стапив во контакт со Христина и можам да кажам само пофални зборови.
    Значи, се работи за дете кое има такви карактерни црти, но нам во родителска улога ни е да ги научиме на некои работи. Конкретно за ќерка ми, тргнуваме сега со тоа што ќе го идентификуваме стравот што кај неа постои, без објаснување многу, туку да допреме до сржта. Така, преку игра да го идентификуваме коренот на стравот и да дојдеме до момент кога таа сама ќе го увиде проблемот, а не да ѝ зборувам јас. Па, периодов ќе запишуваме одредени работи, ќе водиме еден вид како дневник, а е процес кој ќе трае многу.
    Лично сум задоволна од Христина, го слушнав баш она што ми требаше да го слушнам, ја добив таа насока која сама не знаев дали да ја изберам како правилна или не.
    Не сакам многу детали да изнесувам, па ако некоја мајка се соочува со нешто слично, може да ме контактирате во лична порака па ќе ви споделам поконкретно искуство со цел случај.
     
    На Camille84 и lackygirl им се допаѓа ова.
  10. GlamorousGirl

    GlamorousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    102
    Здраво. Не знам дали темата е соодветна ама најблиску е до проблемот што го имам.
    Ќерка ми има 3 и пол години и е премногу срамежлива и повлечена. Јас и мм сме биле слични како деца, ете можеби е и генетски ама сакам да ѝ помогнам и да ѝ олеснам.
    Премногу тешко, речиси воопшто не се вклопува во група деца, не воспоставува прва контакт, ако ја праша нешто некое детенце не одговара, исто и возрасен ако ја праша.
    Кога сме во игротека залепена е за еден од нас и не се опушта сама да игра, а ако нема никој игра без проблем.
    Во градинка вклучена е во активностите ама секогаш е на страна и не се бори да каже или направи нешто. Од таму учителките велат дека е супер, само дека е многу тивка, мирна и повлечена.
    Најмногу се загрижив вчера кога дојде од градинка и ми кажа дека едно од дечињата ја удирало за да се тргне бидејќи не сакала да седи до неа, сакала до друго девојче. Срцето ми се скрши. Иако рече дека не плачела, не ја болело, сепак причината за тоа мене ми беше и повеќе од загрижувачка.
    На родендени исто се однесува, ме бара со поглед да бидам постојано до неа во игротеката додека си игра и не се заигрува со другите, само ги гледа од страна и срамежливо се смешка. Сака да се приклучи, пробувам да им пријдеме заедно, да почнеме игра ама одбива, се трга, паничи.
    Не знам како да ѝ помогнам, ќе зборувам денес со учителката за случката и општо ако може малку да ја доближи до другите дечиња. Би сакала да споделите совет или слично искуство ако имате.
     
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    9.329
    Пол:
    Женски
    Здраво! :hai:
    Од кога почнавте во градинка?
     
  12. GlamorousGirl

    GlamorousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    102
    Пред точно една година. Значи на 2 и пол. Има само една другарка, во ист период почнаа двете во градинка, тоа е девојчето што живее спроти нас, се погоди среќа да се во иста група. Ама и таа си игра со децата, па мојата или ја следи неа или останува сама на страна.
     
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    9.329
    Пол:
    Женски
    Тоа и ќе прашав наредно.
    Дали има барем една другарка со која си играат.
    Убаво што се сложува со неа и што се во иста група.

    Во групите од јасли нема толку многу заедничка игра, прво зошто децата се под 3 години. Можеби играат во ист простор, но најчесто секој своја игра си игра.
    Вистинска групна игра, со заеднички правила и со меѓусебна комуникација почнува некаде околу 3тата година. Тогаш веќе почнува да се формираат некои односи меѓу децата во групата.
    Можеби таа агресивност од другото девојче и влијаело да се повлече, особено ако е посрамежлива како што велиш по природа.
    Малку треба време за да се вклопи едно дете од таа возраст во групата. Сега имаат заеднички активности и секој треба да си ја најде својата улога во групата. Но, има и нешто друго што сакам да ти препорачам како родител на родител:

    Донекаде и ја разбирам ќерка ти, зошто околу 4 год. така мене во градинка ме отфрлаа од игра некои девојчиња што беа популарни. Ги тераа машките кои се посилни да им извршуваат наредби и да се тепаат со другите ако им кажат. По сегашниве критериуми класичен булинг сум трпела секој ден. Ме буткаа на под, ми земаа со сила играчки, а јас не умеев да вратам, не бев таква по природа, плашлива бев. И така да реагирав со повлекување и добар дел од денот сама се занимавав во градинка. Не ми беше ич желба со нив да се здружам, така да и ти немој да ја тераш да се спријатели со дете кое било агресивно кон неа. Мене ми беше криво само што не можев да си играм со омилените играчки.
    Моите немаа појма како ми било додека сум во градинката, зошто не им кажав додека не потпораснав. И да сум сакала да им кажам на таа возраст веројатно нема да сум можела да се изразам многу успешно.
    Еднаш играчките што ми ги земаа, ги пикнав во џеб и ги донесов дома, за да ги скријам од нив. Мајка ми ми ги најде во џебот и мислеше дека сум ги украла и добра лекција ми одржа, ме натера да ги вратам. Не се бранев за постапката, стварно мислев дека сум направила нешто лошо зошто без прашање ги земав.
    После години и кажав зошто ги собрав, па и падна жал што не знаела дека ме малтретирале. Да знаела поинаку ќе постапела. Потоа почна со друг приод кон мене - кога сфати дека сум помирна во група со другите. Ми рече не е убаво да се удри некој, знам дека сум ти рекла ако некој те удри да и кажеш прво на учителката, ама ако другото дете прво те удри, удри му ти една со кондурите по ногата да го здоболи, па потоа оди и кажи и на учителката дека те удрил.:D

    Знаеш има врска и тоа што викаш дека е до детето, некои се едноставно потемпераментни, некои се помирни, ама и до воспитувањето е. Треба да се учат децата кои се поповлечени да се бранат ако некој ги нападне. Зошто е самоодбрана во прашање, а не напад кон другиот. Мора да се бори за себе и за своето. Некои деца се по природа покомпетитивни и нема да чекаат мама да им даде дозвола да вратат. Некои пак си трпат на своја штета.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GlamorousGirl

    GlamorousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    102
    Жал ми е што тоа си го трпела во градинка. Јас бев иста, се додека мајка ми еден ден не ми рече да му вратам на некој ако ме удри па некако се осмелив и турнав еден од “тепачите” и падна во шкафчињата. Не ме допреа од тогаш.

    Инаку додека ми ја објаснуваше ќеркичката ситуацијата неколку пати ми повтори “јас не ја тепав, само таа мене ме тепаше”. Не ѝ одговорив на тоа, не сакам нормално да удира други деца ама можеби и треба да се научи да се брани. И за другарката, ја спомна и неа, рече дека таа ја носела кај девојчето што ја тепало за да ја удри пак. Не знам што пд ова е вистина зошто не го раскажуваше со загриженост туку со леснотија. Ама не верувам дека може да измисли толку детално. Мали деца се во прашање од 3,4 години што не можат секогаш убаво да ја проценат ситуацијата па можно е и нејзината другарка да наравила така во игра.

    Ќерка ми се однесува слично на она што го опиша ти во градинка. Не се бори за играчки, за да каже нешто, дури многу работи што ги знае не ги применува од што во група деца се укочува и не е фокусирана.
    Тоа го забележав и на приредбата. Дома ја кажуваше песничката, таму ќутеше. Сите деца се движат во еден ред, имаа точка, таа гледаше наоколу збунето, изгубено и не правеше ништо, кога ќе и посочеше учителката директно неа тогаш се вклучуваше.

    Адаптацијата во градинка исто ја поминавме страшно, 2-3 недели со плачки и врискотници. Уште не е воодушевена од одењето таму ама барем прифаќа и кога ќе ја земеме изгледа среќно.

    Градинката не ни е главниот проблем, таа е таква и надвор, на игралиште, на лулашки, игротеки, на улица. Само таму најмногу се забележува проблемот зошто е секој ден во контакт со таа група на деца. Сме пробале и да ја вклучуваме во игри заедно до нас, сум ја оставала и да биде како сака да не ја форсирам ама ете не се менува многу.

    Инаку има помало братче со кое со задоволство си игра, многу го сака и покрај него некогаш се опушта кога сме излезени, тој е подружељубив и нема толку срам/страв. Ама не функционира секогаш, а и на крајот на денот секој е за себе, не може тој да ја опушти во нејзината група во градинка на пример.

    Се мислам да исконтактирам психолог само не знам кој и дали би ни помогнал.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.