Искуство со анксиозност кај 6г дете? Ова е потврдено од психолог. Има новопојавен страв да остане сам, не може да се одели од нас. Не бил вакво дете, секогаш бил независен, комуникативен... И искуство со детски паихолог Маја Цветановска? Бев на повеќе психолози со него, Маја ми остави ок впечаток, ама само еднаш сме биле.
Маја е супер избор. Лично ја познавам. Може со неа да продолжите, само биди подготвена дека решението е процес, никој нема магично стапче.
Да, ми го објасни и она тоа, дека има анксиозност како резултат на траума. Он ја прифати неа на прва сесија, што ми беше многу важно, сака пак да оди, па ќе фатиме се надевам ред да одиме неделно. Инаку го нсоев и на невролог кај Наталија, се е во ред невролошки само ова анксиозноста е страшна.
Имаме некој мал напредок... Односно се е супер освен вербалниот дел. Сега се поздравува со сите, клима со глава за да и не..
Анксиозноста кај деца е нормална појава во тек на развојот и често се јавува околу 6-7 год страв од одвојување како примарен и секундарен страв од одење во школо. Како се манифестира анксиозноста ? Треперење, срцебиење , болки во стомак? Се плаши да не не се вратите дома или по него?
Одбиваше да оди на училиште, па са влезе во училна. Седи во грч секое утро, оди во вц два пати (од стрес), мора да седиме со него на час дел од времето. Ако си отидеме пред да 'не пушти' добива паничен напад, баш е вo flight and fight mode. Може да покаже агресија или да плаче беспомошно. Со собирање поени стана подобар, да седиме само 15мин од час, па пак регресираше откако го испокарале многу лошо за нешто по грешка (не бил ни крив) па сега не пушта пред 930/10. Кога е на час соработува, одговара на прашања, супер се дружи со децата. Надвор го поздравуваат децата, доаѓаат си играат со него, му дојдоа повеќе од пола одделение на роденден.. Но пример, заигран со нешто на час, му викаш ајде се гледаме после, во иста секунда го фаќа паника и не те пушта. Се е пробано. Награди ако собереш 3 дена поени ќе добиеш нешто , казни дека плаќаме ние, него му е земено целосно гледање цртани (секако лимитрано гледаше), мама ќе изгуби работа нема да може да си купиме ништо... уште полошо е сега има плус и грижа на совест дека он е крив за се. На свесно ниво сака да оди во школо, дома сам вади книги, раскажува што правеле.. на несвесно ниво нема никаква регулација на емоции иако точно ги препознава и именува емоциире и кај него и кај другите. Има IQ повисоко од возраста (решава работи пример за 8г дете) ама прави тантруми ко да има 4г. Почна индивидуални сесии и кај психологот кажа дека многу ги сакал мама и тато затоа така правел. Мислел нема да го земеме.. Ова со земањето е траума од летово од градинка кога некоја на замена му викала дека ќе остане таму ако не спие, ќе се јавеле на мајка му да не доаѓа...
Добри методи сте пробувале, продолжете со намалување на времето ќе има резултат, малку не ми е јасно зошто го искарале кога гледаат дека имате проблем, не требало тоа да се случи, максимална соработка е потребна. И иако знам дека сте излудени,намалете го и вашиот стрес, за да не се вртите во круг, не зборете пред него на членови на поширокото семејство што се случува, правете се дека се е нормално и спонтано. Он мора да знае дека секогаш ќе се вратите по него, но потребна му е потврда дека ќе биде така. Од искуство со сличен случај најмногу помогна методата со клуч. Кога одеше девојчето во школо на разделба таткото и го даваше клучот од колата на детето. Како доказ дека нема да одат никаде без колата и неа. Да го чува за да одат сите заедно со колата дома. Нема да го фаќа паника, кога контролата(клучот) ќе биде кај него.
Не сака. Ми рече со автобус ќе си одиш еве идеме со нов договор од денес, да си оди 10мин порано, ама да седи сам после 1 час.. Многу е тешко..
Јас сега ја открив темата. Имавме потполно ист случај со ќерка ми . Она беше 7, 5 години. Гризеше нокти, болки во стомак , повраќање . Со еден збор - ужас. Само што нас наставничката не не пушташе да седиме на час со неа за да се опушти. Еднаш беше друга наставничка и ми дозволи. Ќерка ми најнормално се однесуваше, имаа диктат, прва напиша, решаваше задачи, се смееше со децата... Кога ја прашувавме викаше дека и е темно и дека и е страв. При разговор со психолог ми имаа кажано и метода , да црта, да го нацрта стравот и откако ќе нацрта да го згужваме листот , да скокаме врз него, како демек да го извади стравот од неа преку цртежот ... На крај наставничката почна повеќе да се вложува и направија " договор " со ќерка ми - ќе седи во школо само 1 школски час. Притоа , единствена работа што "упали" беше да го земе клучот од кола на татко и , за да не може да и избега. И така почна . Јас или маж ми чекавме во школски двор. Малку по малку , почна да се опушта и еден ден ѕвонело ѕвончето но наставничката рекла - ова е за големите , седете вие, извадете книги по другиот предмет и пишувајте. И пак се свртела накај ќерка ми и и рекла " не се секирај штом ѕвони за нашиот час , одма ќе те пуштам". Така , малку по малку , почна да има доверба и да се враќа назад во школо. Кај нас тоа траеше 2 месеци , од кои 1 месец не ни влегуваше во училница, бегаше во школски двор. Еднаш влезе , реши сама и за 2 минути со панично трчање избега пак надвор. Тие 2 месеци ми беа едни од најтешките во мојот живот. Нас не советуваа да не ја лажеме, она што ќе и го велиме, да го исполниме. Пр. Ќе те чекам, сега ќе седиш само еден час ... Се надевам ќе се реши проблемот за брзо