1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анорексија - единствен пат до момче?!

Дискусија во 'Канта' започната од Ilovetaylorlautner, 29 август 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ilovetaylorlautner

    Ilovetaylorlautner Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Можеби нема да се сложите со темава, и ќе си помислите дека сум некое дебело девојче, очајно за момче. Напротив! Со темава сакам да кажам друго.
    Сакам да ве прашам : Зарем не приметувате дека денес екстремно слабите девојчиња ги сметаат за по атрактивни? Па каде отидоа оние девојчиња со облини, горди со својот изглед, кои и покрај малкуте вишок килограми чекорат гордо како да го освоиле светот. На секоја жена главен приоритет и е денес слабеењето, затоа што така им е укажано дека можат да си најдат некој што ќе ги сака и цени. И всушност не се ценат они самите. Сметам дека денес за повеќето машки е битно само да си слаба и ништо друго! Ја нема повеќе самодовербата кај девојчињата како што ја имало порано. Би требало да се горди со она што го имаат, а не да кукаат за помалку килограми. Но сепак, ако слабеете слабејте за себе! За да ви биде удобно во своја кожа. И ако вие самите не си се прифатете, онаква каква што сте, колку и да слабеете тоа нема да ви ја зголеми самодовербата!
    Потребно ми е ваше мислење околу оваа тема. Дали некој се согласува со мене или не. :D
     
    На lovely-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека е така. Момчиња да сакаат слаби девојки? No way. Само кучињата се играат со коски :lol: Мислам дека повеќе сакаат девојки со облини отколку слаби. Па нели треба да се фати нешто бре да се опипа :D
     
  3. Ilovetaylorlautner

    Ilovetaylorlautner Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Дада има и такви доста не викам не. :D Но сум приметила дека машките кога ќе видат некое пополно девојче велат: Не ја бива дебела е!
    Можеби се работи до вкусот...
     
  4. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Епа сега зависи не да е предебела. А и секој си има различни вкусови. :)
     
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    :D Значи колку смешно ми звучи кога некој зборува за сите. Се зависи до вкусот на момчето. Некои сакаат подебели а некои послаби. Имам еден другар не кои верувале или не сите довојки му биле онака пополни. НЕ дебели со +20 кг но полни. Ете дечкото не паѓа на супер-згодни и атрактивни женски туку го привлекува друг тип на девојка...
    А и кај нас девојките е слично зарем не? Некои сакаат мускулести, на други пак не им се допаѓаат. Некои сакат посалби а некои пополни...
    Ќе повторам - се е до вкусот. Затоа сакајте се себеси такви какви што сте а ако не сте задоволни со изгледот место да си набивате комплекси превземете мерки за да го промените. :)
     
  6. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Нема врска тоа.. дури мене дечко ми ми вика аман малце попрај се да те дувнам ќе паднеш. :D Тоа си е работа на вкус, некои па несакаат слаби девојчиња, се е индивудуално, неможеме да носиме такви заклучоци. Плус јас знам многу така девојчиња со облини кои си имаат дечковци, па и не е се во изгледот дебел или слаб! Е сега да не е претераааано дебела.. сепак иако ние мислиме спротивно, за долгорочна врска машките не го гледаат само изгледот, иако игра голема улога, сепак не е само тоа ;)
     
    На Johana 5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Не си се прифаќам онаква каква што сум. Си се сакам истата ваква само со 3килца помалку. :doh: И да, сеуште си се ценам себеси - многу ;)

    Нема врска анорексијата со муабетов. Анорексијата е хронично пореметување на исхраната кое си има секако свои причини за појава меѓу кои може да биде и драстично губење на тежината со цел да се импресионира некој момак али не нарочито. Сите си ги сакаме облините што си ги имаме фала богу факт е дека станавме дебела нација а воедно и мрзлива па скоро сите си имаме проблеми со намалување на тежината. Се фатиле сите за една слика од Мерлин Монро во купачи и држ недај види какви облини имале порано. Епа имале облини - немале пивски стомаци.
    Е сега ако мислиш на општо намалување на телесната тежина за да се чувствувам поубаво и посамоуверено, тоа е друго плус зависи од случај во случај. Некој можа да има 40кила одвишок каде што слабеење не е лоша идеја, а може да биде и некој изгубен случај со едвај 40 кила па и тие да и се многу. Секој си слабее за себе, за да му биде удобно во своја кожа, јас извини ама не познавам никој случај каде што некој слабее за некој друг. Тука веќе батали анорексија, треба да се упати девојката на друга институција. :!:

    Не е до вкусот, до зрелоста е :emo:
     
    На Juicy03 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Вреѓаш. Знаеш?
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, anabela525, Ella.313 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Абе има секакви бог да чува , ама треба едно да се знае ОД АНОРЕКСИЈА СЕ УМИРА , БЕЗ МОМЧЕ НЕ СЕ УМИРА ! ;)
     
    На IvanaJenner му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Машките сакаат девојка со самодоверба ..па била дебела или слаба ..треба да знаеш со нив .
    Има девојки кои се пополни ама знаат да го носат тоа ..згодни а не дебели ..
    А тебе ако ти е згодна девојка на која сите ребра и се бројат тогаш незнам . :^)
    А секој човек кој има вишок на килограми , колку и да биле тие сака да ослабе , но има и причина зошто ги има ..дали здравствен проблем , дали наследно итн ..
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Ех, на таа возраст и јас истото го мислев, па не само јас што се исушив, туку и крвта ми ослабна.
    И, шта да ти причам, сите трчаа по мене. |(
    Напротив, ме зезаа дека ко наркоман сум станала и бев константно нерасположена. А, не ни стануваше збор за анорексија, туку си правев некои диети и се убивав од вежбање.
    Глупости во боја.

    Анорексична штиглица може да биде приоритет само на неизживеано маже што вчера пркнало од пубертет, па сака да биде видено, нели, со јака риба.
    Нормално, паметот не се мери во килограми, не е полната автоматски попаметна и обратно, туку збориме за тоа “единствен пат до момче“, што воопшто не е вистина.
    Бивша другарка ми е слаба, висока, плава, симпатично лице има, ама е злобна, намќореста и IQ-то и’ е помало од кинеско туле во ерекција. Џабе телото, кога само него го користи за да дојде до момче, ама не и главата за да го задржи истото. Оно јес да и’ се пуштаат машки, ама со една цел се само, а девојката немала дечко еве 4-5 години.
    Џабе ги мења ко чорапи, кога ни еден не ја задржува. А, јас тоа визуелно свиѓање и терање мерак, па шутнување, не ги сметам за среќа во љубовта.
    Од друга страна, другарка што се пресели во друг град, од мала била полна т.е. дури дебелка, и по 90 килограми имала во одредени периоди. Лицето - лепота, добрина, харизма, интелигенција. Мерак.
    Таа девојка пак немаше дечко дури беше тука, до некои 18-19 години, зошто нејзините генерации во тие години трчаа по тие анорексичните. Сега има 24 години и верена е за дечко на место.
    Уште си е полничка, ама си завршиле со дечкото факултет и сега се обидуваат да создадат своја мала фирма. Мамето, од тоа ќе живеат, не од нејзиното фрцкање.

    Пак, овие примери не се мерило за тоа кој какви сака, индивидуално е, туку ете, јасно е дека посебно во тие години, сѐ се сведува на визуелната појава.
    Сега, во тие години, ретко можеш да очекуваш некој да се летне по “вистинска љубов“, кога дете од 15-16, па и повеќе години, уште за себе не знае и не се оформило ко личност, не пак да знае вистински и што и кого да сака.
     
    На gakinom, baby-star, ljubam и 7 други им се допаѓа ова.
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Малку надвор од темата, ама знаете ли колку е болно кога ќе ви кажат дека сте коска и кожа или пак дека кучињата не сакале коски, а не пак мажите. Многу е навредливо, да знаете. Ние слабичките можеме да им даваме подршка на оние со вишок килограми, а некои се дрзнат на ваков начин да навредуваат. Постои ова на форумот, постои и надвор. Не дај Боже само да сте на наше место, кога не можеш да мрднеш со килограмите, кога ни најмалото бројче не ти се фаќа, кога те прашуваат ти даваат ли дома да јадеш. Искрено ми се гаде од такви особи.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, LilBaby, Elena-97 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Не се навредувај sratbucks не мислев оваа да го напишам за да навредам некој. Сакав само да ги утешам буцките ( и себе си :rofl: ) Јас не се замарам многу со туѓ изглед па никој неможе да биде совршен нели. Секој си има своја маана.
     
  14. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Јас ослабев многу во последно време, и страшно ме анвредија другарки на сестра ми. Дојдоа кај нас, и јас од култура да се поздравам, излегов по маичка без прслук . И кога ме фатија, зашто си вака слаба, сите коски ти се гледаат, кај ти се цицките .
    Осет немаат луѓето. Демек јас немам очи не се гледам , па ајде други ќе ме оправаат. Имам лош метаболизам, и немам апетит, слабеам без причина. Ќе се здебелам, па ќе ослабам.
    Да не забегувам од темата, мојата тежина не мислам дека е пресудна за момче. Дали сум 20 кила потешка или полесна нема врска. Ако ме сака ќе ме сака и подебела и послаба.

    Имав другарка која имаше проблеми со тежината, значи имаше фазла салце на неа, ама она „сакаше“ да ослабе . Родителите финансиски се ок, можат да и платат третман, татко и и земал орбитрек ( или како и да се викаше ) ама она немаше доволно желба. Се неа ја мрзи, лошо и е. А за диета, и викав оди на нутриционист, ќе ти даде диета, ем ќе намалиш тежина, ем крвта ќе ти биде јака . Не, она само на зелен чај мастики и вода. И после и се лошеше, срцето ја боцкало. И кога дојде време да посака дечко, леле зашто сум дебела, бев слаба |(

    Луѓе сфаќам дека некогаш не сме задовлни од она како излгедаме, ама може да се поправи со желба и упорност, сила. И најпрво за себе, после за момче :!:

    Инаку имав еден дечко кој вика „За мене женска е женска , кога ќе ја шлакнам по гс, да и се стресе образот“
    :lol: Секако на шала. :D
     
  15. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    А знаете ли колку е болно кога ќе почните вие слабите да се фаќате за "салото" на стомакот и да викате - леле колку сум дебела, иако тоа го викате само од шала и со намера да повредите некој што има 2-3 кила вишок ?? Не зборувам за тебе лично, бидејќи според ова што го напиша, уверена сум дека ти не би направила такво нешто, но повеќето слаби девојки го прават тоа.. јас имам другарка која е ептен слаба, односно има 12год. висока е 156/157 цм. а дебела е околу 42 кг.. според мене тоа е премалку и нема ни газ ни гради, а јас иако имам , сепак сум 47 кг. и имам масни наслаги на стомакот.. иако таа знае дека за нејзина возраст тоа не е здраво, и иако таа знае дека јас имам проблеми со мојата тежината и самодовербата, сепак продолжува да вика - на диета сум, многу сум "дебела" и сл.. Незнам дали тоа го прават сите слаби девојки ама барем јас така мислам..

    Инаку за темата- не сум доволно возрасна за да коментирам и немам лично искуство ама според тоа што имам видено повозрасни другарки мислам дека машките сакаат девојка добро градена, односно слаба ама сакаат и да има газ и гради (да не речам ц**** :$ ), е проблемот е што такви девојки не се наоѓаат на секој агол, па затоа мислам дека повеќе сакаат девојка со облини, отколку исушена и рамна како даска..
     
  16. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Нема никаква врска дали девојката е слаба или елегантно пополничка-пред се секаде се напоменува дека тежината надворешниот изглед тоа се се минливи работи само карактерот не е, бадијала некоја е послаба има добри облини а има карактер како на ѓубре(без навреда), или пак кај нас момците ако не си целиот со плочки изреден на телото и ако не си бил на стероиди целиот свој живот тогаш си лузер(губитник).Не ги слушајте тие работи што другите ги дрдорат сакајте си се себесе онакви какви што све немојте другите да ви кажуваат како да и што да правите самите одлушете како ќе живеете и почитувајтеги тие одлуки и сакајтеси се себесе ;)

    Еве и еден виц од мене за црногорците поврзан малку со оваа тема онака колку за шала да ве развеселам :D

    Се фалеле Англичанец, Французин и Црно Горец за своите жени.
    Анг: Жена ми кога ке се качи на коњ нозете и се влеча по земја не зошто коњот е низок туку зашто има долги нозе.
    Французин: На женами половината и ја опфаѓам со два прста не зашто имам долги прст туку половината и е многу тенка.
    Црно Горец: Јас женами кога ќе ја удрам поо гас тој се тресе дури и кога се вратам од работа, не зоштои газот и дебел туку толку ми е долго работното време :rofl: :rofl:
     
    На Kardashian555 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    :?: кажано е се со оваа реченица. ;) И не се вреѓај кога те вреѓаат, зашто истото го правеш.
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Најдобро е ни да си слаба ниту дебела, туку најнормално една златна средина.
    Имам слушнато дека според висината се одредува и најнормалната тежина, така на пример ако си висока 170см треба и да бидеш тешка 69-70кг, дека се што е повеќе или помалку е лошо дека тогаш или си слаба или дебела. :)
     
  19. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Не мислам дека слабите девојчиња ги сметаат за поатрактивни.
    Се е прашање за вкус, некои момчиња сакаат слабечки, некои пополни. Анорексични девојчиња воопшто не се привлечни, но слаби се. Има голема разлика повеѓу двата поима.
    Момчињата сакаат месо, сакаат гради, не сакаат коски. Има слаби девојчиња кои се држат до некоја граница, има дебелки девојчиња до некоја гранција.
    Всушност, нема врска дебелината. Може да биде слаба и да се здебели, но може да биде и дебелка, па да ослабне. Ќе се смени надворешниот изглед, но чувствата ? Преку една промена ќе се сменат ? Не мислам така. Тие чувства се градени врз основа на повеќе работи, дали е слаба или не, не треба да преставува проблем.
    :)
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Многу сериозно ги сфаќаш примедбите, во 99% случаи нема никаква желба за навреда :). Сум им кажам на неколку девојки дека се како прасенце и топче (нормално додадов епитет "згодно" пред тоа :D) и ниедна не се навреди :). На феминка сум и кажал дека е ковче и треба повеќе да јаде па ни таа не се навреди така да и до тебе е како ќе ги прифатиш и реагираш на примедбите ;) .

    Кога некој ќе ти укаже дека си слабичка сака да ти помогне а не да те навреди а освен тоа убеден сум дека со правилен режим на исхрана и вежби можеш да качиш килажа но се разбира треба да си упорна и да не очекуваш резултати за неколку месеци туку на подолг период.

    Си имаш секако свои квалитети што дали си слабичка или подебелка никој не може да ти ги одземе ;)
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.