1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анорексија - единствен пат до момче?!

Дискусија во 'Канта' започната од Ilovetaylorlautner, 29 август 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Верувај колку се подебелите навредувани толку сме и ние. Сум осетила на своја кожа како е да те навредуваат за ова. Мислеш јас не сакам да се поправам. Сакам, ама не можам. Сите машки кои ми се доближиле беа помали од мене. Зошто? Затоа што јас не изгледам на 18 годишна девојка. Јас сум свесна за тоа. Мене не мора да ми кажуваат дека јас имам мали гради, дека ми се гледаат коските, дека сум била коски и кожа, јас имам очи и го гледам тоа. Во основно поготово сум трпела многу навреди за ова, само јас знаев колку ми е било тешко.
    Инаку едно е совет, а сосем друго е навреда. За жал јас повеќе сум добивала навреди отколку совети, ама ајде не е тоа темата.
     
    На maryJ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Како прво, дали знаете воопшто што значи анорексија за да употребувате таков израз како од шега? Има гугл, пребарајте слики и би требало да ви стане јасно ако не ви било досега. Слаба девојка не е еднакво на проблем со анорексија. И трагикомичен е самиот наслов на темата - анорексијата во никој случај не е пат до момче, туку пат кој се знае на жалост каде води ако не се добие соодветна помош навреме. Пологично ќе беше да сте отвореле некоја смешна тема Дебели vs. слаби девојки па таму да сте се испукале едни со други (зашто гледам натаму тргнала дискусијата :wasntme:) наместо да се користи ваква терминологија каде што не и е место.
     
    На marta.99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Е ова мене ниеден другар ми го нема кажано, дека би сакал да има ЕКСТРЕМНО слаба, т.е. анорексична девојка. И мислам дека такви не постојат!
    Да, имам другари на кои посимпатични им се слабите девојки, со тенки нозе и раце и рамно меше. На други посимпатични им се оние со бутче и заоблено газе.
    Така да, апсолутно за вкусови не може да се дискутира, ама анорексична девојка е болна девојка, а мислам дека некој кој изгледа болно не може никако да биде привлечен.
    А ако мене некој ми рече дека треба да ослабам, а знам дека имам нормална тежина, онда тој некој има проблем и нема потреба да биде со мене. Моето здравје е непроценливо побитно од желбите и коментарите на некој момак.
     
    На loveeeeeeeeee и maryJ им се допаѓа ова.
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Навредуваат идиоти и невоспитани суштества кои уживаат да те понижат за некој твој (според нив) недостаток, не сум изненаден ама истите да не е тежината ако имаат прилика за друго ќе се закачат. За жал државата ни е полна со такви и тука немаш спас освен да не обрнуваш внимание и да се дружиш со нормални :).

    Во основно се децата посебно без бариери и се способни за прилично „крвави“ примедби, сум бил, сум видел. Ние машките тие работи ги решававме со тепачка вие девојките дека сте помирни трпите и чувате во себе.

    Сепак како ќе стануваш повозрасна ќе видиш дека повеќето (ако воопшто нешто кажат) ќе сакаат да ти помогнат без да помислат дека си и самата за тоа свесна :) .
     
    На Kardashian555 и starbucks им се допаѓа ова.
  5. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029

    Ех и јас бев оваква пред 2 години,сите ми викаа коска и кожа си,а јас стварно си јадев,ама едноствно ништо не ми се фаќаше...сега се подздебелив,па ми викат аууу си се здебелила (ама на начин како да сакаат да кажат дебела си). |(
    Така да,веќе не се замарам што викаат другите,си лечат комплекси,никако не им одговра оти не се задоволни од себе.
    Ама мислам дека темава не е а оние што неможат да се здебелат,туку тука се спомнуваат оние кои намерно слабеат,премногу дури,само за привлечат машки.Ги има такви,не се малку.


    А за машките,богами и јас приметувам дека по слабичките им се врткаат очите,барем тука кај мене во градов колку што имам забележано,а овие девојкиве и онака имаат танки нозе,мислиш ќе им се скршат,па уште и штикли по 12-15 цм облекуват и со некои кратки,ама ептеееен крати панталончиња,нели де за ногата подолга да им изгледа,а мене па жал дури ми паѓа да ги гледам како одат,абе стварно мислам дека ќе им се скршат ножињата,а машкиве па само по долги и претанки нозе се вртат,а не забележуваат дека девојкава одвај се движи...
    и баш кога ќе седнам со братучед ми,со неговото друштво,и така се околу 10 машки,баш ќе ги распрашам што повеќе им се допаѓа,ама сепак мислам дека ќе спомнат танкиии нозе,долгии,а типката шо нема ни задник,ни колкови,ни гради,маа нема врска важно слаба е |(
     
    На Kardashian555 и starbucks им се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    да станам анорексична за да имам момче
    боже Господе што не ке прочитам :x
     
    На Kardashian555 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    А најлошото нешто е да не се прифатиш себе си како изледаш. Да си искомплексирана личност. Можеби јас во седмо одделение бев подебелка одколку што требаше и имаше некои коментари од другар ми ( како ми е дебел газот |( , и јас се налутив и му ги скинав надоле фармерките он од што беше слаб одвај се држеа за него и остана по боксерки :rofl: . Среќа бевме само тој и јас и уште едно девојче во училницата па никој не го виде. Му реков па да го видам твојот гз па и мојот така да го ослабнам затоа те соблеков хаха овој се налути пола година не ми зборуваше) Но можеби сега сум слаба добро имам малку стомак ама сеуште се мразам како изгледам. Никој не ми вели дебела си можеби несакаат тоа да го кажат за да не ме увредат незнам а јас се чувствувам за никаде па уште и стрии имам од тогаш кога се здебелив малку а тие стрии најмногу ми сметаат ;(
     
  8. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Зошто секогаш се фокусирате на она што машките сакаат?! :?:
    На една друга тема без искритикувана дека размислувам пресериозно за темата, но тука ќе си ги кажам моите погледи околу ова прашање.
    Анорексијата е болест од која боледуваат многу млади девојки ширум светот. Тоа е факт. А, факт е и дека секоја слаба девојка ја нарекуваат анорексична.
    Тоа што треба да се знае е дека се работи за психичка болест која е причинител на многу други болести и доведува до смрт.
    Колку глупава цел е да си го ризикуваме здравјето за да им се допаднеме на момчињата.
    Сепак, единствениот виновник за ова се медиумите. Во фаза кога едно девојче психички се развива, (а под ова под разбирам дека не е целосно оформено како личност со правилни сфаќања) најпоследно што треба да види е слаби модели на насловните на весниците, а последно што треба да слушне е коментари од типот „Тие се совршени.“
    Не, не се. Всушност сите модели се само предмет на објeктификација. Дел од нив се свесни за тоа, но дел не се.
    Да појаснам.
    Кога вие ќе го слушнете името Адријана Лима или Миранда Кер или не знам чие име на моделите од Victoria's secret помислувате на интелектуалец или на кукла, предмет на совршенство која не прави ништо друго освен што се слика и не истакнува ништо друго од себе освен својата надворешна убавина?!
    Токму така.
    А, дека и овие се далеку од совршени и дека постои фотошоп кој на големо се користи, верувам дека сите знаеме.
    Проблемот е што медиумите доведуваат едно суштество до надворешно совршенство со помош на нивните технологии, па ние заслепени и изманипулирани посакуваме да дојдеме до таков изглед.
    Дел од девојките заради лична сатисфакција, а друг дел за да излезат од монотоноста во која се без момче или да докажат на другарките дека може да бидат и тие модели.
    Е тука се зафркнале.
    Не, не можат. Тие модели кои ние ги гледаме го трошат пола живот во теретана и како што напоменав на друга тема го задоволуваат апетитот со консумирање хартија или салфетки. И, да, за ова има и докази, можете да најдете на интернет.
    Епа таквите, се уште не развиени млади девојки потпаѓаат под влијание на медиумите и почнуваат да се изгладнуваат се додека не си предизвикаат некои сериозни нарушувања и болести или уште полошо - до смрт.
    А, зборувањето најмалку помага. Едноставно тие си го зацртале тоа во главата и не ти веруваат. Гледаат во огледалото костур, а во мозокот девојка која треба да изгуби уште 5, 10 па и 15 кг.
    Страшно, нели?!
    Уште пострашно е ако ова го прават за да најдат момче.
    Сме биле и сведоци на форумов како се отвараат теми и бараат помош бидејќи биле дебели и никое момче не ги сакало. Или за да ни кажат дека ќе се самоубијат поради овој ГОЛЕМ проблем?!
    Браво за нив. Ако тоа им е целта во животот, тогаш не знам зошто постојат.
    Но, сепак постојат и јас лично се чувствувам обврзана со самиот факт што некој ги донел на овој свет да направам да останат тука. Бидејќи колку и да ме иритира тоа што нивните мозоци се толку заќоравени за да размислуваат на тој начин, уште повеќе ме иритира помислата некој сам да си го одземе животот.
    Поинаку кажано - сакам да ги турнам од зграда и да бидам долу за да ги фатам пред да паднат.
    Не, анорексијата не е единствениот пат до момче, но сигурно е еден од многуте патишта до бавна и болна смрт или долга болест која целосно ќе ви го уништи животот.
    Сите си имаме слика како сакаме да изгледаме, но тоа не се постигнува преку ноќ или со изгладнување, туку со здрав начин на исхрана и физичка активност подолг временски период.
    Затоа имајте трпение, и не го губете разумот заедно со килограмите.
    Јас имам некои си 6-7 килограми повеќе, а имам и момче. И не мислам дека му пречат. Сигурно повеќе би му пречело да имам мозок кој не знам да го употребувам. :)
     
    На Kardashian555, macka5, gakinom и 3 други им се допаѓа ова.
  9. maryJ

    maryJ Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    Цел мој живот сум била многу слаба, коска и кожа...Сите ме прашуваа дали нешто ми даваат мојте да јадам и тоа многу ме нервираше и им враќав секогаш (не ми даваат ништо ми го кријат јадењето) и ќе заќутеја тогаш. Сум јадела многу, сите другарки ми се чудеа како може истото што сме го јаделе заедно на нив да им се фати а мене не.
    Е после некое време наеднаш се здебелив ама ептен качив килажа, мислам дека многу луѓе не ме ни препознаа дека тоа сум јас. Тогаш почнаа сите да ме караат зошто толку многу сум се здебелила, почнаа да ме зезаат сите дека имам сало на стомакот, ми велеа да ослабам (истите тие луѓе што претходно ме зезаа кога бев слаба).
    Дали се навредував? Да, и тоа и кога бев слаба, и кога бев дебела зошто навистина такви прашања многу ме навредуваа поготово од некои блиски личности кои знаат дека тешко можев да се здебелам, или колку беше тешко пак да ослабам...
    Сега сум таман, може уште некое килце да накачам али повеќе не се замарам толку со тежината бидејќи сватив дека до сега сите дечковци што сум ги имала никогаш не ми рекле за мојата тежина лошо или за тоа како изгледав, ми велеа само другарки или пријателки...
    Сега имам дечко кој што ме сака, се фати со мене кога бев крупна многу, и кога ослабев наеднаш беше со мене, најважно е што ме сака таква каква што сум.Имам другари кои што сакале многу слаби девојки, а имам и такви кои што пак сакале крупни девојки.Тоа е се до вкус.
    Затоа мислам дека не е важен изгледот, туку дека тој што те сака ке те сака каков и да си, а најважно од се е да се прифатиш и сакаш самиот себеси таков каков што си, да не се замараш другите што ке кажат или што мислат.

    Се изнапишав :D
     
    На gakinom и starbucks им се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски

    Хахахахахах Маги извини ама денес баш таквите имаме предност. Ким Кардашијан ви е утеха, ама залудно ви е смета салото и целулитот. Подобро рамна како штица и слаба од колку со облити т.е дебела 8) , а ти старбакс душо не знам што ги тешиш толку тие што не знаат да го ценат тоа. Остави ги таму батали ги. Гледав во претходните мислења, ти им даваш комплимент, а тие пробуваат да вреѓаат, абе каде... Пак ќе си речам јас, да беше дебелината во предност немаше манекенките да бидат на насловните страници
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764

    Ејј! Престанете, што правете? Една со друга ќе се навредувате, која ја вреѓало што била дебелка, која ја вреѓало што била слаба и сега ќе си ги вадете очите на форумот?
    НЕ! И не е битно дали си слаба или дали имаш облини ако те сака некој - ќе те сака и со 40кг и со 100
    затоа престанете да си дофрлувате, и јас сметам дека не е пресудно да бидеш анорексична за да имаш дечко. Треба тука да се држиме заедно сите, а не да си дофрламе дна со друга. Такви сме сите, која ниска, висока, слаба, дебелка, бринета, руса,но никоја не е совршена. Но секоја од нас има нешто што кај друга никој не може да го најде, секоја е посебна на некој начин.
     
    На Kardashian555, CharmedGirl и starbucks им се допаѓа ова.
  12. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    ете убаво ви кажа Marie.m :D секоја има своја убавина . и секако дека изгледот не е секогаш пресуден. кој те сака вистински ќе те сака таква каква што си :)
     
  13. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Зошто поистоветувате облини со вишок на килограми? Не е исто.
    Инаку да надополнам, знаев уште претходно на каде ќе тргне дискусијата. Темава уште од старт е поставена сосема погрешно. Ако сакате да дискутираме за девојки кои намерно се прегладнуваат себеси како проблем, тогаш во ред. Ама ова веќе оди во правец плукање на едните или на другите.
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    мислам дека сите знаеме како би требало да изгледа една девојка,не треба да си дозволите да имате вишок,али не ни да бидете анорексични
    90-65-90 51 кг тоа се моите пропорции и мислам дека се идеални ;)
     
  15. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764

    51 kg на девојка од околу 175 не може да биде идеална тежина. И браво за тебе што си толку ИДЕАЛНА
    :clap:
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Не ви требаат луѓе што ве ценат и се со вас само поради физичкиот изглед. Не знам што барате со такви површни личности?
    Логично е дека колку е човек помлад (читај тинејџер) гледа и суди површно, цени луѓе според физикусот. Ама како што старее, зрее, т.е се стекнува со искуство, ставовите, размислувањата и перспективата се менуваат - и повеќето престануваат да ги судат и оценуваат луѓето само според надворешниот изглед. Не дека и кај повозрасните личности нема такви површни карактери, ама во глобала се во далеку помал број отколку во тинејџерскиот период.
    Анорексијата е болест, а никој не сака да биде со болни луѓе, освен болни умови. И немојте да се навредите тие што сте слабички поради таквата конституција што ја имате, не значи дека сте анорексични. Тие што ве навредуваат поради изгледот, и да бидете совршени, ќе најдат причина пак да ве навредуваат - едноставно, се работи за искомплексирани личности кои се трудат својот комплекс да му го набијат на другиот и моментално да добијат некоја лажна супериорност. Кога ќе се прифатат себеси такви какви што се - несовршени, ќе ве прифатат и вас, ако си одговарате карактерно ;)
     
    На FortuneTeller.xD, Juicy03, Hipster и 6 други им се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Не сакам јас со никој да се расправам тука и не може никој да ме навреди ако ми рече слаба си коска си или не знам што си. Си се сакам таква слаба бе и што сега? :^) Има разлика огромна од анорексија со слаба.
    Анорексијата е комплекс на виша вредност. Сметаш дека си многу дебела и заради тоа не можеш да имаш нешто што сакаш и мислиш дека ако ослабнеш ќе постигнеш нешто. Нема така... само ќе се разболеш...
    И уште еднаш викам ако мисли некој дека ќе ме навреди со такви некои смешни зборчиња и фрази многу се зафркнал.
    А темата е глупава, не очекував дека до толку оштро ќе се развијат работите :!:
     
    На maryJ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Ај вака сеа, слаби, анорексични, дебели и не-знам-какви девојки, да разграничиме нешто...
    СЛАБА не е еднакво на АНОРЕКСИЧНА, исто како што, ДЕБЕЛА не е еднакво на ДЕВОЈКА СО ОБЛИНИ!Ова сите да си го запамтат :geek:
    Анорексијата е болест што се карактеризира со гладување, килажа под нормалната и неприроден изглед на телото.Има слаби девојки кои што не се одликуваат со ниедна од овие три работи.Дебелината е обратна состојба, прекумерна тежина, тело покриено со сало и повторно, неприроден изглед.Има и девојки со облини кои не се одликуваат ни со овие три работи.Затоа, престанете да ги мешате поимите!

    Да се вратиме на темава...не постои единствен пат до фаќање на дечкото што ви се свиѓа.Сфатете дека сите фраери, како и сите девојки, имаат различен вкус, и тоа со што вие треба да ги освоите е карактерот, а не физичкиот изглед.Колку пати сум гледала низ град слаби мажи со дебели жени и обратно.Исто така, и погрди жени со поубави мажи, а и обратно.Ако слабеете, слабејте за себе, не за некој друг... :hai:
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  19. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Одличен пост.Целосно се согласувам со напишаново бидејки пореално не може ни да биде.
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Ај доста се брукате, како прво насловот на темава е глуп. НИКОЈ тврдам НИКОЈ не сака анорексични. И направете разлика помегу анорексично и здраво слаба. Пример за оние на кои треба да им се нацрта:

    Ова е анорексично
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]



    Ова е здраво слабо
    [​IMG]
    [​IMG]


    Насловот на темата треба да се смени бидејки анорексијата е најпоследното нешто што ги пали момците.
     
    На ivimis му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.