1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анорексија - единствен пат до момче?!

Дискусија во 'Канта' започната од Ilovetaylorlautner, 29 август 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе тешко на тие девојчиња што гледаат до овој степен да се изменат за машко.

    Наместо да се работи на себе, на внатрешното, се замараат со надворешниот изглед. Билдај го карактерот, а не како да се изобличиш ради некој.
    Ако некој не сака ке не сака со се изглед и карактер, ова малку за со изглед би кажала секако се у граници на нормала и до степен до кој ние самите на себе сме си окау .
    Најпогрешен е овој пат до момче или било каква промена ради некој.
     
  2. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Машки
  3. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    И јас сум слаба.. и многу ми имаат речено и тоа од машки другари..Ајде бе Стоименовска, поправи се малку, ветер ќе те дувне..
    И мислам дека облините сега се ИН.. секако, секој со различен вкус. :)

    Инаку не вреѓајте така само кучињата трчаат по коски, навредливо е.
     
    На Lovy1 и Elena-97 им се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Анорексијата е болест и сметам дека е погрешно да се каже дека некој станал анорексичен само за да биде со некого.
    Врската се гради со карактер, почит и разбирање, а не со рамен стомак или големи цицки.
    Како ќе цениш човек, така и ќе те цени. Ако ги гледаш само како вишок или мањак на килограми, така и тие можеби ќе те гледаат тебе. Човек кога е во љубов, вистински се заљубува во човековата душа.
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Premnogu se zamarate dali ste debeli ili slabi,najbitno e da ste zdravi,kako sto ima slabi ubavi devojki taka ima i debeli ubavi. Daj bre uzivajte,ne si nabivajte kompleksi.
     
  6. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Глупо ми е кога за некоја слаба девојка викаат дека била анорексична или дека само слабите имаат поголема можност за дечко :^) Секоја девојkа е убава на свој начин, секоја девојка ако се потруди може да биде убава. Глупо ми е кога некогаш на оние пополничките сакам да ги утешам дека не е се до телото ми враќаат со навредливи зборови,само за да се издигнат себеси или да лечат комплекси на мене а тие секој ден се под диета :!: Како и да е се што сакам е некој да се заљуби во она што сум сакам да му бидам убава и вака и без шминка и со неколку кг плус а не само заради телото :)
    И еве една слика за која не треба многу зборови
    [​IMG]
     
    На starbucks и Elena-97 им се допаѓа ова.
  7. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Што се нема да прочиташ , еј :?:
    Нормална тежина, пет кг плус или минус не е тоа што ја дефинира твојата убавина , туку битно е како се носиш со истите, битни се харизмата, енергијата која зрачи во твоја околина, самодовербата, грижата за сопственото тело, манирите и ај да не набројувам натаму.
    Секој поседува убавина која може да ја истакне.
    Можда толку посакуваното " манекенско тело " е привлечно за повеќето машки, но убаво реков - телото . Не мора да значи дека ако некој сака да го добие , ќе сака и да го задржи .
    Јас разбирам одржувано тело, тежина која прилега на висината, конституцијата, ама слабеење до послединот грам масно ткиво не можам да сфатам ( која е целта ? )
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Прво очигледно е дека само искомплексирани девојки со низок интелект патат и се доведуваат до работ на анорексија пради една и единствена причина-ДА СИ ФАТАТ ДЕЧКО.-ЗАШТО НЕЛИ НА ДРУГ НАЧИН НЕ МОЖАТ..
    Какви глупости пишувате тоа е чудо.Јас пре би одбрала ни анорексија ни момче.Кога би имала анорексија не би била подвижна и нема да можам да се видам со дечкото..Добро бе луѓе се читате какви глупост тресите????
    Второ што ми боде очи:worried:tarbuks или како и да беше што се навредува оти некоја девојка напишала дека момците сакаат девојки со облини.За тоа имам еден одговор-оЧИГЛЕДНО Е ДЕКА сТАРБУКС СИ ЈА ИМА МУВАТА НА КАПАТА ПА НИТУ ЕДНО МОМЧЕ НЕ И ПРИОЃА ПА СЕГА ТУКА ЌЕ ГЛУМИ НАВРЕДЕНА.
    Па и мене не ми се привлечни исушени штици,шо е привлечно на една даска,која нема ништо.?
    Трето јасно е дека поголем процент на момци сакаат девојка со добро газе,со гради,со убави оформени нозе..Јас лично да сум машко не би се погледнала во девојка од 30 кила,бидејќи прво ќе ми биде непривлечна за око,второ ќе мислам дека има 10 години.
    И за крај не знам зошто упорно се опседнувате со надворешниот изглед,а внатрешниот ви паѓа на нула?
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663

    Леле како погоди дека никој не ми приоѓа? :^) Абе видовита си?
    Колку си само контрадикторна, какви само глупости изнапиша во овие неколку реда. Не си свесна. Не коментирам веќе, ама еве си ми се обратила, па ќе ти кажам.
    Јас не сум некоја искомплексирана личност, на која никое машко не и се доближил. Напротив, колку машки ми се доближиле, а сум ги одбила. Очигледно е дека тие машки гледале нешто повеќе од тело од 40 кг. Не е важно, не е темата за мене. Само кажав не дај Боже да сте на мое место или било чие со проблем како мојот. А тебе никој не ти дава право да навредуваш, разбра ли. Јас прв пат те гледам на форумот, те се дрзнеш да ме навредуваш. Размисли пред да претиснеш испрати, не се сите згодни како тебе. :fubar: |(

    Болдираната реченица е врвот на твојата контрадикторност.

    А, да, јас не сум се навредила од тоа дека момците сакаат девојки со облини, кога сум го пишала тоа? Кажи ајде, цитирај ме кога сум го пишала тоа.

    Редактирам по не знам кој пат, само заборавив да и кажам на дотичната личност дека иако немам големи гради, сепак имам задник кој многу машки ми го пофалиле. Ете така.
     
    На pupi.girl, Sanniii, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Темава ја имате сфатено многу погрешно. Се разви дискусија за анорексија, што е сосема непотребно и оф топик.

    Знаеш дека има многу слаби девојки кои не можат да се здебелат? Прават се‘, но едноставно не можат? Исто како и многу дебели девојки, кои држат секакви диети, но сепак не можат да ослабат. Не се слабите криви што се слаби и не се дебелите криви што се дебели (во некои случаи).
    Можеби кај тие „даските“, како што ги нарекуваш ти, нема привлечно ништо на изглед (се сомневам), но кога ќе прозборат те занемуваат. Истото важи и за дебелите.
    Ти не можеш да кажуваш за другите бидејќи си премногу површна. Викаш да не судиме по надворешниот изглед, а ти што правиш?! Ги судиш слабите, а потоа прашуваш зошто упорно луѓето се опседнуваат со надворешниот изглед кога внатрешниот им паѓа на нула. Самата си контрадикторна. ;)



    Ете, Старбакс го кажа истото што сакав и јас да го кажам. :)
     
    На Juicy03, Sanniii, maryJ и 2 други им се допаѓа ова.
  11. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Сериозно луѓе
    - научете што е анорексија
    - научете што се облини и дека немаат врска со дебелината туку со телесната градба

    Вака веќе не оди, некои тука си објаснуваме за бадијала, исто како на ѕид да му зборуваш :D

    Темава постои специјално за лечење комплекси, џизс..
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Јас знам многу добро што е анорексија, затоа на второто мислење напоменав дека сум офтопик. Ама, ете почнаа повеќето да ме цитираат и ете до кај дојдовме.
     
  13. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Мислев на некои невкусни коментари кои се провлекуваат низ темава, која е сама по себе нелогична (тие коментари не ги забележав кај тебе). Погледнете го само насловот, бесмислен е а и не е во ред болест да се става во таков контекст. Дискусијава не тргна воопшто во правец за анорексијата како проблем туку најверојатно поентата на темава ја објаснува сликата што ја постираше некој поназад :D Епа сега, така излегува.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    E со глупиве вреѓања се гледа дека не почитувате ништо па сакате вас некој да ве почитува,САКА и да не ве навредува..СРАМОТА за сите кои се исповреѓаа-даска,штица,топка..Ако не сакаат даски,ако сакаат да имаат што да "фатат"-фала му на бога што сум слаба.Ми ја сфативте поентата?-Зборувате за внатрешна убавина,карактер,мозок а во истиот пост два реда подоле спомнувате дека треба да има мевце за да има што да "фати"...
    Значи девојќи,бидете прво добро оформен "материјал" за опипување,за запознавање на "квалитетот" на материјалот,па потоа откако ќе го поминете "систематскиот преглед",гледајте да кажете и нешто паметно за да поминете и на IQ тестот...Ццц,е жени,жени,кога ќе научите да се почитувате и сакате себеси,да си удоволувате на себе,а не на другите,па ако нешто остане и на вас..Мажите ќе ве сакаат и дебели и слаби ако пред да ги сакате нив,се сакате себе-мажите го препознаваат тоа и токму во тоа и се заљубуваат.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Има огромна разлика измеѓу слаба и анорексична девојка :!:

    Анорексијата е психичка болест која треба да се лекува, не е избор, еве како се гледа анорексична девојка во огледало.

    [​IMG]

    А ово единствен пат до машко........I don`t think so

    [​IMG]
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Мислам дека секоја девојка мозе да биде атрактивна на свој начин, ако знае како тоа да го истакне.Маз ке сака девојка, без разлика дали е слаба или не, ако истата со својот карактер успее да го привлече, бидејки имам видено.Се зависи од човекот, секој различно размислува, како што мене на пример ми се допаѓаат црни мази, така на некоја друга девојка и се допаѓаат плави машки.Не е добро поради нешто или некого да се слабее енормно, единствено што ќе се случи, ќе се уништи здравјето и после ништо веќе нема да биде битно.
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Многу поими сте измешале тука, и што треба и што не треба.
    Мислам дека насловот не треба да се сфати буквално. Незнам за кој здрав и разумен човек, било маж или жена, би била привлечна анорексијата затоа што е болест. А болеста е лоша работа. Болест како болест, не може да биде убава и посакувана.
    Во насловов мисли на слабите девојки, за кои неможеме да кажеме дека се анорексични, баш затоа што анорексијата се карактеризира со симптоми, кои веќе погоре се дадени.

    Но, да разграничиме, и претераната дебелина е болест. Не зборувам за 5-10 килограми вишок. Болест е, некои ни самите не се свесни колку е таа штетна, какви се дополнителни проблеми предизвикува. Дебелите луѓе треба да слабеат првенствено заради себе, а не за да му се допаднат на некој друг.

    Отсекогаш сум била слаба, сите од фамилијата ми се такви, многу тешко качувам некое килце. Како помала бев уште послаба, сега мислам дека се враќам во нормала со зголемени оброци и вежби. И јас сум слушала глупави коментари дека сум анорексична, иако сум далеку од тоа. каква е таа анорексија, ако ни еден ден не ми поминува без 100грамско чоколадо? Таквите коментари повредуваат, и ако некој не знае да даде разумен совет, и пред се да бира зборови, подобро да молчи. Мене ми е поважно јас да бидам задоволна кога ќе се погледнам во огледало. Задоволна сум од градбата на моето тело, иако ми требаат уште килограми. Свесна сум за моите квалитети, па не мислам дека тоа што имам 5-10 кг помалку од потребното, ги привлекува или ги одбива машките.

    А тоа што ги привлекува машките, зависи од машко до машко. Колку луѓе, толку вкусови и приоритети. Но не ми е јасно зошто ние женските постојано се опседнуваме со таа помисла, на крајот на краиштата што е толку важно што сакаат тие. Нели е поубаво прво вие самите да бидете задоволни од изгледот на вашето тело. А за оној што го гледа само вашиот физички изглед, не вреди да трошите време. За секој ќе се најде личност што го гледа и го цени како целина.
     
  18. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Девојката изгледа сакала да каже слаба девојка=единствен пат до момче ама го згрешила насловот.Нека го смени!
     
  19. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    значи јас со тоа - рамна како даска, не планирав да ве навредам вас што сте природно слаби, туку оние што се ставаат на многу тешки диети со нејадење, или што јадат само еднаш на ден, или што повраќаат после јадење за да немаат едно кило вишок.. имам и другарка која е природно слаба, а сепак јаде многу, и неа никогаш не би ја навредила или нешто сл. ама имам и другарка која е опседната со тежината (ја спомнав во предходниот пост) и јаде само 1 на ден, не бидејќи не и се јаде туку затоа што сака да биде послаба од другите и да биде најслаба и со најидеално тело, гради воопшто нема, и менструација уште и нема дојдено, иако другарката која прва ја спомнав односно онаа која е природно слаба, и дојде меѓу првите од класот.. океј можеби нема врска јадењето со менструацијата и големината на градите (сепак нели 6 одд. сме ,има време.. ама скоро сите девојчиња ни почнуваат градите со растење, влегуваме во пубертет.) и можеби и да јадеше пак подоцна ќе и се развиеше телото, ама сепак се сомневам во тоа.. значи пак нагласувам - ЦЕЛТА НЕ МИ БЕШЕ ДА НАВРЕДАМ НИКОЈА ДЕВОЈКА КОЈА Е ПРИРОДНО СЛАБА, ТУКУ ДА ИМ ДАДАМ ДО ЗНАЕЊЕ НА ОНИЕ КОИ НЕ ЈАДАТ И СЕ ИЗГЛАДНУВААТ САКАЈЌИ ДА БИДАТ СЛАБИ, ДЕКА ТАКА МНОГУ ПОДОЦНА ЌЕ ИМ СОЗРЕАТ ТЕЛАТА! Можеби вие што сте природно слаби сакате да се здебелите или сл. ама јас мислам дека ако Господ ве направил такви какви што сте, гордејте се што сте слаби и не морате да се мачите со диети и такви др. работи бидејќи јас имам пробано многу диети поради малку сало на стомакот (сепак тоа се здрави диети со здрава исхрана а не како некои девојки кои воопшто не јадат) и знам колку е тешко да се има неколку килограми вишок, а да не збораме ако има многу килограми вишок.. Незнам како е да сум како тебе бидејќи не сум те видела во живо и незнам како е да се има твојот "проблем" (го ставам во наводници бидејќи ако е природно слабо телото, не мислам дека е проблем) но сакам да кажам дека има различни машки, има некои кои сакаат облини, има некои кои сакаат слаби девојки, но сигурно има и машки кои ќе ве сакаат и ценат поради карактерот а не по тоа дали си подебела или послаба.. И само да кажам нешто во врска со навредувањето, според мене, дебелите луѓе се многу повеќе навредувани одколку слабите.. се надевам дека со ова тебе и на другите им појаснив што точно сакав да кажам во претходниот пост..
     
  20. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ова веќе отиде кон друг контекст цела тема. значи друго е анорексија,а друго е девојка која што е слабичка во границите.Како што споменаа и некои членки ниту анорексијата,ниту претераната дебелина е добра за нас самите и нашиот организам.Девојки,пред се треба да се сакаме самите себеси за да не сака некој друг без разлика дали сме слаби или имаме вишок килограми ,бутче и задниче поголеми :)
    Од мој аспект ниту едно машко не сака девојката да му е анорексична и болна.Има исклуџоци.не велам не посебно кај тинејџерите кои што сеуште се развиваат како личности и сеуште не знаат да ги проценуваат нештата како што треба,па мислат дека ако некоја девојка има вишок на килограми е дебела и не ја поледнуваа,што е многу погрешно.Јас од секогаш сум била пополничка и сум имала вишок килограми кои се обидувам да ги симнам поради самата себеси,а не поради мојот дечко кој што никогаш не ми префрлил за тоа.Зборот ми е ако ве сака некој и ако сака да е со вас тоа е поради самите вие и тоа што го имате внатре бидејќи човекот ако не е убав внатре во душата,џабе му е и да има совршено тело кога нема карактер.
     
    На Alone-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.