1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анорексија - единствен пат до момче?!

Дискусија во 'Канта' започната од Ilovetaylorlautner, 29 август 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. American.Virgin

    American.Virgin Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    20
    абе ни премногу слаба ни премногу дебела не чини....што да кажам :D
     
  2. American.Virgin

    American.Virgin Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    20
    абе ни премногу слаба ни премногу дебела не чини....што да кажам :D
     
  3. Z.a.l.ju.b.e.n.a

    Z.a.l.ju.b.e.n.a Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    НЕ!

    И јас сум така покрупничка имам повеке килца,ама стврно сум си малку дебелка,ама има еден барем што ме сака и ме прави срекна.Не чини ни мн дебело,ни мн слабо,ама облините треаб да се имаат. :)
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    3.419
    Анорексија = единствен пат до момче ?! :^)
    Аууу НЕ,НЕ... и пак НЕ !!!
     
  5. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    да надополнам машките не размислуваат исто како нас ниа ако се пицнеме ставиме фасада 100 кила си мислиме којзнае колку сме убави може тоа убаво изгледа но од далеку, машките сакаат поприродни девојки каде што можат да бацат образ како што треба без да му се исуши устата или да бакнат некои усни без да му се познава кармин или сјај на устата или да бакнат нечиј врат без да му горчи од парфемот па и уште анорексичност да фаќа коски и јас сум за НЕ!!!
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.700
    Допаѓања:
    80.850
    Пол:
    Женски
    Насловот на темата си го сфаќате ПРЕбуквално. Без навреда.
    Анорексијата, знаеме сите што е и каква е. И не знам кое машко би посакало да има таква девојка, навистина. Не зборам за други болести од типот рак, или одреден инвалидитет, ами конкретно, горенаведенава.
    Веројатно сте виделе како изгледаат таквите девојки, па нема да коментирам повеќе околу тоа.
    И не секогаш важи правилото, дека секое многу слабо девојче е анорексично. Има разлика од многу слаб и анорексичен - јас пре би ги именувала како состојба и болест.
    Јас исто би се ставила во групата на многу слаби, ама не и анорексични. Не изгледам безживотно и не си се гледам во огледало како да сум предебела и да ми треба диета, а да гладувам пак - уште помалце, ама не негирам дека ми фали уште некој килограм за да ја постигнам килажата која ќе ми одговара.

    Да се навратам на темата. Колку машки на светов - толку различни умови и вкусови; на некои побрзо би им паднала в око некоја пополничка, со повеќе облини, на некои пак некоја слабичка.
    Се лажете ако мислите дека секое машко сака женско со облини, огромни тртести газови, деколтиња и муабетите дека „само кучињата си играат со коски“ или дека „коски не се во мода“, стварно не ви држат вода. Некои се задоволуваат со тоа што го имаат, било да се работи за слабо или полничко девојче, а некои кои уствари и не знаат што сакаат - е тие, се лупаат во гради дека девојка е онаа која има облини на велико, а коските се за кучиња. Бајт мај тајни ес. |(

    Да беше анорексијата или „анорексијата“ (сеедно) единствен пат до момче, сите момчиња ќе имаа такви девојки, ама факт е и сведоци сме дека не е така и дека секој си го бира партнерот/партнерката по свој вкус.
     
    На M.a.r.i.l.y.n, Juicy03, blueeparadise и 4 други им се допаѓа ова.
  7. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Абе според читањето на сите претходни мислења на темава, испадна она "секој си го брани своето". Тие што се слаби, сметаат дека машките повеќе сакаат слаби девојќи, додека побуцкастите сметаат дека машките сакаат облини. Не можиме ние да им влезиме во главата на машките па да знајме што сакаат,ама ете, според мои досегашни сознанија сум заклучила дека машките сакаат облини :)
    И јас сум слаба (не анорексична!) и сакам да се здебелам за некое килце, ама не заради некое машко побогу |( туку едноставно јас ќе се чувствувам поубаво така. :)
     
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.633
    Допаѓања:
    172.204
    Пол:
    Женски
    Во последно време баш се здебелив ама на дечко ми како да не му смета тоа. Како и да е, вели дека не сакал коски и кожа. Сигурна сум дека не сака и ваква како мене, ама не бира многу :rofl:
    Љубов била во прашање... :inlove:
     
  9. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Облини и дебело не е исто :!:
    целулит сало стрии виснати гради убаво тело ?!
    или пак слаба коски од диети и испукана кожа или незнам како Убаво тело ?!
    И да има вишок кг ако е стегната и ако вежба ако нема целулит би ја ставила во Убаво и негувано тело да :) и природно слабите женски треба да работат на своето да биде убаво и да не изгледаат слбабо и безживотно мислите дека е лесно ? :^)
    И на крај краева што ви е гајле што сакаат машките биди своја биди ти чекај некој да те сака заради тоа што си ТИ а не заради телото телото убавината се менува и ако мислиш дека ке се чувствуваш поубаво Слаба работи на тоа вежбај до идеално тело верувај во тебе ... Ти можеш да постигнеш нешто со вежбање а кај слабите женски природно нема одеднаш да се појават облини или што знам. Цел живот сум слаба и преку глава ми е од коментари "кучињата сакаат коски мажите облини" или "коски не се во мода"и да ако го пишувам ова не значи дека сум некоја слаба искомплексирана женска напротив си се сакам себеси внатре почнав да си го сакам телото иако ми требаат неколку кг повеќе работам на тоа не заради Машко или другите туку заради мене самата за јас да се чувствувам поубаво.
    Не сакам да вреѓам никој со ова што го пишав личностите во мојот живот не ги избирам според надворешен изглед или килограмите ги избирам заради тоа што се! :)
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.633
    Допаѓања:
    172.204
    Пол:
    Женски

    Денес скоро и да нема жена која што нема барем малку целулит. Па седиме по 8-10 часа на работа, колку и да вежбаш после тоа нема фајде.
    Убава жена е негуваната жена без разлика дали има 10-15 кг повеќе или има 5 кг помалку од што треба.
    Чисто лице, негувани раце, добро обликувани нокти, мека и негувана коса, мека и негувана кожа..тоа е убава жена.
    Има жени кои имаат и по 15 кг повеќе од она што велат дека "треба" ама на себе имаат повеќе мускулна маса отколку сало, па и она салце што го имаат им е добро распоредено а богами и им личи..
     
    На london-girl и anngelique им се допаѓа ова.
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам дека слабите женски побрзо фаќаат дечковци.
    Како прво повеќето машки сакаат девојки со облини и сакаат нешто да фатат. Не дека имам облини и сега сум против слабите девојки, ама самите машки се имаат така изјаснето.
    Инаку изгледот не е пресуден денеска. Секој си бира она што му одговара.
    Не е правило да бидеш анорексичен за да фатиш момче, тоа би значело оние пополните не треба да имаат дечковци?
     
    На daylight и pamelche им се допаѓа ова.
  12. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    Се си е работа на вкус, ама сепак мислам дека машките повеќе сакаат жени со облини. Јас сум сега така послабичка, а порано имав некое кило вишок и откако ослабнав сите ми викаа леле си ослабела, поубава беше порано, посекси и слично хаха. А јас па колку се мачев да ослабнам :D Се убив од пешачење :D Како и да е на секој различно му стојат килограмите. Најбитно е да се осеќаш добро во сопствената кожа, односно да бидеш задоволен со себе и да се сакаш каков што си. Мој совет за девојките што сакаат да ослабнат или здебелат: направете го тоа за себе, а не за некој скот да ве сака :*
     
    На daylight и barbyyy им се допаѓа ова.
  13. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    воа малку е навредување да не претеруваме со зборовите
     
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    2.931
    Анорексија е болест, што значи насловов треба да се смени во слаби, или послаби девојки, а не анорексични.

    Досега јас не сум сретнала машко кое би рекло дека некоја девојка не му е убава, или сипматична, ако има 5-10 кг +. Исто, од никој не сум слушнала дека мора девојката да е слаба, за да ја засака или било како. Мислам тоа може само некое детиште од 14-5 години да го лупне, некој со памет не би го кажал тоа.
    Мојов братучед, згоден и убав е, па секоја девојка му има минимум 5 кг.+
    Значи, машкиве не се раководат по слаботијата или дебелината, туку по нешто друго.

    Мислам оти ние самите си го создаваме тој комплекс дека мора да личиме на манекенки, без сало, без ништо. Ете, и јас сум таква. Качив две кила пред некое време, па сега ги симнав. Оти мене не ми се допаѓаше тоа, а не на дечко ми. Едноставно, си го сакам телото баш какво што ми е сега, далеку сум од дебела, али не сум ни од најслабите, има мрвка на мене. :D Ако одам подоле или погоре, автоматски мене не ми се допаѓа и пробувам да го сменам тоа.

    Ако веќе слабеете, или се дебелеете, правете го тоа бидејќи вас ви смета и сакате да го смените. А не ради другите што зборат, а најмалце ради дечко. :!:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    4.144
    Анорексија е најбрз начин да си го упропастите здравјето и да ги загубите сите момчиња, и помлади и постари, така да не си играјте играчки, јадете нормално леб.
     
  16. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Не мислите дека треба да се промени насловот на темата?
    Вака навистина боди очи и изгледа како да се зборува за болест, а не за љубовни врски. :worried:
    Воопшто не ми се допаѓа тоа 'Анорексија' на почетокот. Не значи дека ако девојка е слаба, веднаш треба да биде болна од анорексија или булимија. Тој тренд беше и помина уште во 2005/2006, заедно со Никол Ричи.
    И ова не го пишувам само затоа што сум јас слаба и малечка.

    И да, нема врска - докажано е и дискутирано дека момците сакаат девојки со самодоверба, харизма, шарм, цврст карактер, независност, без разлика дали е слаба или дебела. :)
     
    На Rose96, Annath и Mishela им се допаѓа ова.
  17. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Целата работа е до вкусот на момците некои обожаваат онака кога ќе видат некоја девојка со манекенски изглед,други обожаваат полнички девојки со облини јас имам еден пријател кој викаше стално вака ,, дека девојка без облини била исто како кола без приколка,,си обожаваше полни девојки,некои си обожаваат и дебели девојки све е до вкусот.
     
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не сум видела ни слушнала едно машко кога ќе види екстремно слаба девојк да рече Вау секси, ама ниту еднаш. Може не живеам во истиов свет со вас.
    Имам и машко дома, современо машко да не речам, и кога и да види слаба девојка, прв коментар не му е Леле колку е убава, туку Леле колку е слаба! Ми имаат кажано, машките сакаат стомаче, сакаат мевце да фатат.
    Па мене дечко ми ме тераше да јадам бре за да се здебелам :D Љубов! :D
    Уствари тоа е уште еден факт дека слаба не секогаш значи секси!
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    Јас сум била и 47кг и 56кг (во разлика од 1 година зборам) и момчиња ме сакаа и вака и така. Најважно од се е карактерот, добро ДА изгледот привлекува, ама карактерот задржува. Најважно од се е да бидеш своја и природна + сите машки се со различни вкусови некој сака слаби, некој сака полнички, некој високи, некој ниски итн. Тој што ќе те сака, секаква ќе те сака ^_^ :)
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.968
    Пол:
    Женски
    Не, искрено не ни помислив дека темата ја отворило дебело девојче. Зошто? Патот до момче почнува од карактерот. Ако го немаш, биди и најубавата девојка со најсовршено тело, пак ќе бидеш грда или дебела.

    Свеста за грижа за себе и за своето тело почнува од главата. Штом таква свест постои, карактерот и начинот на кој гледаме на себе е виновникот зошто немаме момче. Се разбира за такви површни девојки, постојат и момчиња кои ги привлекуваат истите површни работи, така што, таквите не се ни заслужни за нашето внимание.

    Не кога ќе станеш анорексична, туку кога ќе стекнеш реална слика за себе си, дури тогаш ќе дојде и момчето...и тоа она кое вреди.

    И гледам на темава мешате поими: слаб и анорексичен. Затоа што има слаби што се такви заради брзиот метаболизам, стрес и слични причини, како што има и пополни заради хормонални нарушувања, наследно бавен метаболизам и слично. Да си анорексичен, значи да имаш тешки проблеми со психата.

    Кога ваквата слика за себеси:

    [​IMG]

    ќе ја промените во ваква:

    [​IMG]
    и момчињата ќе дојдат...оние што вредат де...

    И за крај еден поздрав

    [​IMG]
     
    На Annath и girl.23 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.