Иде лето па сите се мислиме што, како, каде и кога на одмор сигурно сте чуле за туристичково место, читав по други теми и дека има доста од вас што биле, па ако може пишувајте ги вашите искуства во оваа тема, значи се во врска со одморот и како сте задоволни, и што мислите за одмор во Анталија (и останатите области како Аланија на пример).
Турција е преубава и каде да отидеш нема да се покаеш..но сепак зависи и од колку џепот ти ее голем...
Zdravo Plavusa.17 Bev vo Alanja 2011god, i preubavo si pominav. Preubav grad, so preubavi mesta za setanje, dokolku mozes dozvoli si hotel so 5* na baza all in, nikogas nema da zgresis. Pozzz
некој малце подетално да раскаже за Аланија,нешто поинтересно да се види таму, како се движат цените за искачање, шопинг и сл.
Кемер е прекрасен! Јас не сум одела на другите места, ама дечко ми одел со неговите порано и вика дека е најубавото туристичко место во Анталија. Што да кажам накратко, плажата е камчеста ама чиста, а морето Средоземно и мнооооогу чисто, солза е! Топло и ептен мерачки за бањање, да не ти се излага од вода. Градчето е многу убаво, ново и урбано, има центар со саат кула, доста фонтани, уредено зеленило, по некој споменик, и мноооогу продавници. Имаше доста улици не ги прошетав сите, по нив поредени продавници разни, значи урбано е и има за шетање - а тоа е она што го сакам ја од едно туристичко место. Скоро се е ресорти, ја само една вила со апартмани најдов, другото се беше така и на плажата на која одевме беше се со приватни лежалки од хотелите, за другите плажи не знам, ние одевме кај што ни беа лежалките од хотелот. Врие Руси, а и ни кажаа дека околу 75% од туристите во Анталија се Руси (богами мене и ко 90% ми се видоа). Луѓето надвор зборат руски, се те нудат на руски, во хотелот прво руски па ако си од друга земја тек тогаш зборат англиски. На почетокот ми засметуваше тоа на секој да објаснуваш дека не си Русин, ама после се навикнав и научив нешто од јазикот Друго ако го интересира некој нека праша, што да кажам повеќе освен дека одморов ми беше чиста 10ка, најубав одмор досеа и секоја година би одела овде! Најтопло го препорачувам Кемер
Здраво, планираме да одиме на одмор во Сиде, па сакам да прашам како се снаоѓавте со превозот во Турција, ние сме сметени во хотел на плажа меѓутоа сакаме да шетаме, дали се наоѓа лесно превоз, на пример ако сакаме да одиме до центар?
Многу сакам да ја посетам некогаш Анталија, ама периодот би бил некаде месец Мај или крајот на Септември, заради многу високите температури. Не сакам такви екстремни, пеколни горештини на одмор.