Првото место го зазема Мелита Ракичевиќ. Веќе годиништа наназад не ми мрдна од листата. Ама ја нема веќе по Тв, слушнав се повлекла. Фала Богу.
Тие од Backstage предводени од А. Блажевски се на врвот од нашиве јавни личности, па Елвир Меќич, Гаџа, Јана (таа од Идол типката, ако се смета за јавна личност) и уште пола од нашава естрада, заборавам кои сега во моментов. Потоа, Мелита Ракичевиќ, Слаткар ( почна од скоро да ме нервира ), никогаш не сум го сакала ни тој што коментира на Wipe Out, незнам како се вика ( преглупав е за негово добро ), а, да и ќе ја заборавев една водителка од МТВ, води емисија за народни песни и поздрави и честитки нешто.. Многу е гадна! А од светските ѕвезди, KARDASHIANS се на тронот! Леле, Боже не ми е јасно како воопшто некој ги обожава нив.. ! Па, Деми Ловато, Бибер, Тејлор Момсен, Зек Ефрон, Ванеса Хаџинс ( еw, ew, ew ), целата група вампири ( мажи/жени ) од сите серии и филмови што излегоа, Анџелина Џоли и Бред Пит никогаш не ми биле омилени и сигурно има некој што го заборавам.. Хмм, а да, во последно Рајана ми е многу гадна, ужас е девојката, заедно со Крис Браун. . Ако ми текне уште некој ќе пишам.
Од Македонската естрада Елвир Мекиќ и оние од бекстејџ и сите вработени во сител телевизија А од светската естрада дефинитивно сите Дизни звезди
Боки 13 (фала богу што отиде веќе,ама тој статусот на фејсбук што го ставил ,демек тој е некој си ,па ќе лееме солзи по него,си оди од естрадата) Слаткар ДНК и ситее фолк-пејачки
Од нашава естрада најантипатичен лик ми е Христијан Тодоровски од Идол. Незнам зошто ама овој дечко страшно ме иритира со својата појава. Незнам што гледаат воопшто девојките во него таканаречени "Кикохоличарки". ЉОЉ!!!
На прво место по одвратност од нашиве ми е Латас неговото место никој не го зазема,потоа ме нервираат сите политички настроени со исклучоци се разбира, ме нервира Слаткар и целата компанија негова и слични на нив кои сами се преценуваат и мислат дека се на јака естрадна сцена што кај нас тоа не ни постои, ме нервира Дани девојката можеби има гласовни способности но е преокупирана околу славноста на глупав начин привлекува внимание, Драган Вучиќ немам зборови за него ај сега некако добро им текна со турциве имаме нешто да кажеме добро да видиме со него.Неможе сега да ми текне ги има мноооооооогу што се уфилмани а незнаат колку се 2+2.Тоа е така ни диктираат тие што гледаат од "повисоко" демек..
Мене ме нервира Слаткар! Тоа ли невоспитано створење што не знае да збори, а камоли да пее треба да биде пример за младите генерации? Слаткар во комплет со неговите пцовки и простотилакот треба да се забрани со закон
Латас, Боки 13 ( дефинитивно!) , Александра и Жаре ( од преживеан ) , Драган Вучиќ,Јована Велјанова ( МИС МАКЕДОНИЈА ФЕЈЗБУК ), и за крај ГУЛАБИЦА! од странскиве не ми текнува во моментов.
од странските:дизни sвездите-sвезди4ките(деми,џонас брадрс,оне дирекшн незнам како се палат на нив тинејџерчињава??? од нашите:боки13,гулапченцето наше(гулабица)жаре бербер,александра накова и драган вучич-.-
на прво место селена гомез,(малку потсетува на една другарка на бившиот што испадна дека му е нешто друго),после елена велевска,ибрахим од величествениот во погледот е цел на братми,лејди гага дефинитивно и во последно време ријана ме нервира,имауште мн.други ама не ми текнува
Ванеса Парадис. Веќе конечно бившата на Џони Деп. Жената има ружна фаца, раздвоени заби и е комплетна даска.