Елена од Живот со стил гледам повеќето ја наведувате тука. Сега скоро чиав интервју сакала традиционален маж. Гледав исто интервју со Билјана Дебарлиева и ја прашува што мисли за разголени водителки, а таа беше разголена, со кратко фустанче и чизми. Исто на Татјната Стојановска и вели „Зад себе имаш еден пропаднат брак“.... и после ја прашува дали верува во љубов. Добро ги менаџира работите, се средува, ама сепак лош глас, неначитана личност според мене, неинформирана доволно. И премногу ексцентрично се облекува за да привлече внимание.
Сара Мејс нешто многу чудно почнува да ми се однесува кога гостува по емисии... Баш ја глеав на yt пред некој ден, се изненадив, многу ми идеше на нерви.
Во последно време и Оливера Трајковска, со тој глас на досадна тетка зад шалтер. Другите отприлика ги иам напишано Ќе се вратам да надополнам кога ќе има потреба.
Како сум можела да заборавам две толкави „легенди“ – братот-куклар Драган Таневски, и олицетворението на шовинизмот Љупче Златев... Додуша, за вториот мислам дека антипатичен е преблаг епитет...
Кланот Кардашијан Џенер - буквално немаат никаков талент, познати се по нивното богатство и многу тинејџерки и девојки се огледуваат на нив, тие им се идоли а премногу негативно влијаат на нив поставувајќи нереални стандарди за потоа да си развијат комплекси обичните девојки бидејќи немаат пари да си направат „совршен изглед“.
Ауу, пред извесно време ми беше предочено постоењето на тој Златев, она кога човек си мисли дека е свесен за нивото на дното околу квалитетот на јавните личности во РМ и одненадеж е демантиран со некакво битие резултат на генерациски интензивен инцест и веројатно растење околу Дрисла... Драган KUKLE Таневски делува уште и генијално во споредба со овој дегенерикот