Ме интересира дали сте користеле и од кои сте најмногу задоволни? Знам дека тоа не е целосно решение на проблемот но факт е дека ја ублажува ситуацијата.Искрено повеќе ми значи вашето искуство него рекламите Фала однапред
Сум ги користела оние на Нивеа и на Гарниер. Цената им е тука некаде, околу 600-700 ден. И задоволна сум од двете, брзо покажуваат видливи резултати Секако, треба да се има предвид дека кремата само ја мазни кожата, ја прави нежна и мека на допир, и сама по себе, без никаква физичка активност, нема речиси никакво дејство на целулитот. Ако сакаш, ќе ти предложам неколку едноставни и лесни вежби, кои кај мене барем, секоја пролет се покажуваат како доста ефикасни
Па вака... Наједноставна е онаа, само да застанеш исправено и да ги затегнуваш нозете и задникот... значи она простото- стегни-пушти, и добро е што оваа можеш да ја правиш кога сакаш, каде и да си Многу помага пешачењето (брзо одење) и качувањето по скали, а трчањето не се препорачува... Исто така доста ефикасни се и оние чучовите... ама не целосни Застануваш со подраширени нозе, и клекнуваш, ама притоа пазиш ЦЕЛО стапало да ти биде на земја, значи не на прсти. Потоа се движиш нагоре, ама пак не се исправаш скрос.. По 5тиот чуч сами ќе сфатите колку треба Ако ве болат бутчињата по 10-тиот чуч, ги правите како што треба ) Се надевам дека ме сфативте, има и др вежби ама покомплицирано ми е за објаснување- ќе ги пребарам по нет, да ги најдам со сликички НАЈДОБАР лек за целулитот е пливањето, ама со нашиве услови, тешко тоа
Да точно е..и јас ги правам чучњевите..има ефект...Одењето по скали помага исто..јас цел свој живот затоа што живеам на пониско се качувам и симнувам по скали..ама и генот ми е така стегната сум од секогаш..сега дури мааалку осетив дека се опуштило телото ама ете и ако немате било каква справа посебно Орбитрек може да застанете покрај столица да се придржувате свртени накај неа..и исправени исто како да пешачите ова во место наизменично со двете нозе да вежбате како да на Орбитрекот движење..помага..
...Вака јас имав проблеми со целулитот но сега користам антицелулит гел од Doctor`s си си ставиб 2 пати има резултати сега го користам ја мазни кожата....го купив од Зегин...172 ден.
xaxaxa, ете доказ дека поскапо не секогаш е и поефикасно Со здравје да си го користиш. Ти посакувам победа во борбата со целулитот
точно е ова јас ја имам користено бршлен и ептен е добра, а 160 ден е. А од поскапичкиве гарниер,anew-од авон,anesi е ептен добра ама ја нема во слободна продажба, ако имате некоја козметичарка да ви ја земе
Zdravo devojki/dami. Bi sakala da prasam dali nekoj ja ima koristeno ФАНГО АНТИЦЕЛУЛИТНА КАЛ na COSMO http://biohol.com.mk/index.php?option=c ... &Itemid=65 ..i dali ima efekt i kolku cini ? Blagodaram odnapred
Сее имам користено и нема некои посебни резултати освен што кожата е малку помазна но целулитот е сеуште тука
абре девојки какви креми земете си природна крема ( талог од кафе ) и после зборете ке бидете презадоволни ем пилинг ем мазна кожа ем нема целулит... масирајте се со талогот и ке видите резултати.. и ништо нема да ве кошта наместо да го измиете талогот ставете си го на кожата
[/quote]Сее имам користено и нема некои посебни резултати освен што кожата е малку помазна но целулитот е сеуште тука [/quote] Па само крема нема ефекти, мора малку физичка активност, за да се слее целулитот Имав другарка, имаше обичај да вози велосипед 1-2 саати, дури нозете и се обвиткани со онаа прозирната фолија, и кажуваше дека многу и помага тоа Така да, со или без фолија, физичка активност е неминовна за битката со целулитот, Кремата само естетски го ублажува А ова со талогот - сум слушала, ама не сум пробала дали функционира.. Ај следниот пат и тоа... За проба не земаат пари
Една козметичарка ми препорача да земам антицелулитна крема на Satwa од бршлен, била многу ефикасна, помагала,таа ја користеле во козметичкиот салон каде што работи и само што треба е многу да се масира(со помош на тупаница на раката се масираат местата зафатени со целулит) пробајте многу е ефикасно ... а за да биде една антицелулитна крема ефикасна потребно е да има многу јак мирис
Јас ја користев антицелулитната крема Nivea и навистина сум задоволна .Ја ублажува состојбата и има ефекти.Ви а препорачувам да ја употребувата ,ке забелезите одлични резултати.
И јас корисатм од Nivea (Goodbye Cellulite 10 Day Serum) и bye bye cellulite,и презадоволна сум.Имам користено многу креми ама само од Нивеа видов резултати
Ќе пробам со Нивеа антицелулитната крема-серум,имам слушнато дека за десетина дена има видливи резултати,се надевам дека е така,ке се затопли ќе сакам да си носам кратки фустанчиња и панталони а јас сеуште се борам со целулит
ja koristam taa od brslen satwa ama mnogu me pece epten ...i mi se vcrvuva mestoto mnoooogu ...normalno li e
Зошто бе само мене не ме печеше Сатвата,до мене е или до неа? Баш силно триев и масирав,ама никакво печење немаше.Црвенило да,ама од печење ни п.