Абе не се одкажувајте, ако излегол на површина, па штом го имате треба да седите со скрстени раце? Или сакате на половина пат да се одкажете? Чекајте сега, нели со стегање на местото излегуваше беше скриен па пак го третиравме, сега кога е на повришна треба дупло да се третира за да скроз исчезне, мене од летото пак ми се појави, ама ќе ги засилам вежбите и пијам многу вода стандард. Ако пред да ми се сведе на минимум ми се познаваше само со стискање сега од ко се врати пак е на многу мала повришна и ме нервира, има да го средам само со вежби без антицелулитни креми. Значи ако е илезен на површина не е страшно, брзо ќе исчезне ако се третира.
Џабе е шлакање со антицелулитни ако не се вежба и ако не се пие доволно вода.. Лани користев Sattwa на Алкалоид и има многу јак термо ефект, но за мене беше без резултати бидејки само се мачкав, од време на време знаев да го уклучам масажерот од топ шоп, но ништо од тоа бидејки не вежбав. Една другарка ставаше од Sattwa на стомак и многу се фалеше дека и помага во намалување на обемот (јас затоа и се излажав да го купам), но девојчето секој ден си трчаше на кеј... ако сакате да го снема целулитот, само вежбање му е мајката, а антицелулитни креми може додатно да користите за да го зголеми ефектот после вежбање
Јас вежбам, пијам и течности, ама ете, пак е тука целулитот Сега го пробав маслото што го постирав на претходната страна од темата, значи се масирав додека имав сила, околу 20 минути, ама маслото не се впи (не знам дали е така зборот, од впие ) целосно во кожата, па си облеков црни хеланки за да не си ги измрсам тренерките. Тоа е лошо кога се прави масажа со масла, ама мислам дека се поделотворни од кремите, што знам Вечер пак ќе се масирам, па ќе споделам резултати после некое време.
Незнам што е проблемот.. Почнав да користам Sattwa од денес... пред неколку минути се намачкав да не речам се изнашлакав но не ме печи и сите тие реакции за кои претходно прочитав? дали можеби е до мене или истечен е рокот на балсамот?
Имам читано дека геловите што се со екстракт од бршлен се добри. Јас имам користено секојдневно и никаков ефект немало. Така да сите овие гелови ми се ко приказни за мали деца доколку не внимаваш на други работи. Факт е дека неправилната исхрана,стресот,недостатокот од физички вежби,генетските предиспозиции и хормонални флуктуации играат важна улога за развојот на целулитот. Значи такви сме ние мрзливи сакаме полесниот начин да го одбереме и сакаме веднаш да има видливи резултати. А исхраната,вежбите ? Не мрзи да го мрднеме задникот па ајде ќе се шлакаме и стискаме додека не ни помодре ко на мајмунине. Епа нема. Ко за почеток внесувајте повеќе течности т.е вода. Секаде го пишува ова да, како најдобар растворувач,ги елиминира токсините и ред други работи. Друго,кафето може да го замените со чај од коприва кој се препорачува за спречување на целулитот.Тука секако има улога и здравата исхрана,да се избегнува да се внесува онаа што е богата со заситени масти,протеини..Повеќе овошје и зеленчук.Солена храна колку што може да се избегава (е тука си имам јас проблем,ништо не ми е вкусно ако не е солено и зачинето).И кога ќе одвоите еден час за вежби, тогаш доаѓа она последното што ни е најлесно на нас жените-масажа со креми. Целулитот е 3-5мм под кожата,смрзнато ткиво,затоа не мора груб притисок.Масажата никогаш не смее да боли Таа се практикува за да ја стимулира циркулацијата на крвта и лимфниот проток и да го стимулира колку што е можно ослободувањето на целулитот. Така да жени, здрава исхрана без масти,повеќе овошје и зеленчук,умерени вежби,повеќе течности,стимулирање со масажи се неопходните чекори за борба против најголемиот непријател на жената!
Леле од овој со бршлен ич не сум задоволна 2 месеци се мачкав и пак ништо.. Иначе пијам 2 литри вода дневно,и правам вежби дома,и возам ролерки се надевам дека ќе ми се намали..:/ кажете ми некој добар анти целулиитен гел,мама да ми купи,коа и кажав ми вика сите се скапи и нема ефект зашо да фрлам пари бла бла блаааааааааааа....
Скоро како две недели ја користам Sattwa,првата недела немав ни пецкање,како обичен лосион да сум ставила иако го користев заедно со масажерот од топ шоп веќе втората недела како го нанесувам првите 10 минути осеќам како да сум се изгорела со топла вода,црвенило и топлина,приметувам почна да се намалува целулитот за разлика од solutions кремите на авон кои претходно ги користве со сатвата има резултати
Вака женски јас се двоумам која да ја земам таа на Беолаб,Реплек Фарм или Сатвата на Алкалоид од која може најбрзи ефекти да се постигнат со континуирано мачкање и физичка активност бидејќи јас имам малку целулит но ми пречи еве за недела две почнува и летна сезона па мора да сме топ...
Немам кој знае колку целулит колку што ми се проблем стриите. Ама добро болје да се спречи со време. Користев едно време една од Авон ,ништо особено не беше. Сега се префрлив на Сатва од Алкалоид и има резултати ама тоа зошто се масирам како луда со масажер. Ако успеам да потсоберам некој денар ќе си ја купам антицелулитната од Нивеа , па во комбинација со вода ,масажа и вежби се надевам на супер резултат.
Сега за сега Нивеа ми се покажа најефикасна.Скоро 3 недели се масирам ( со мали забушавања) и ептен сум задоволна од резултатите.Целулитот доста ми е намален,а и кожата ми е многу позатегната.Е сега не внимавав на исхраната,зошто бев во фаза на полагање и учење,ама ете пак имаше ефект.Од денес сум на поздрав режим на исхраната па се надевам резултатите ќе бидат уште поголеми
Здраво дечки ги користам околу 1 месец гелот против масни наслаги и антицелулитната глина на FGM04 и можам да казам дека сум презадоволна. Е сеа цената им е повисока од останатите и се околу 2500 денари ама резултатите се многу големи. Незнам какви се не сум користела гелови креми и незнам што уште не како што имам резултати од овие од ништо не сум имала.
Целулит Го видов во аптека антицелулитниот крем од Doctor's, па да прашам дали го има некој користено и дали е ефикасен?
Можам ли сатвата да ја измешам со некое етерично масло? За да ми мириса поубаво Цела зима се мачкав, ама тогаш дали дека облекував хеланки, па одозгора и тренерки, мирисот не го осеќав толку. Сега цела куќа мириса, јас си го навикнав до душа, ама моиве се жалат на јакиот мирис.
Мислам дека можеш. Мој совет е да пронајдеш есенцијално масло 100% доколку можеш секако, кое потпомага циркулација и да има уште подобар ефект, покрај мирисот нели. Here are the 5 top essential oils for cellulite treatment: Germanium – Helps to Boost the body’s circulation Rosemary – Great Skin toner, also helps to improve the appearance of the skin Juniper Berry – helps decrease excessive fluids in the body Grapefruit – Great for de-toxing Cypress – Helps to Boost the body’s circulation Germanium – Great for the body’s circulation Па ако пронајдеш нешто од овие...
Конечно ја дотрошив Сатвата. Баш така се чувствувам, ми олесна после потрошени 2 литри од неа. Сега се мислам што да земам, не ми се чека да порачам од Авон, па се мислам барем да го дочекам новиот каталог од Космо, можеби ќе има некоја крема на попуст, ама како и да е сега е подруго, кога и да ја купам нема да биде повеќе од 250 милилитри, па слободно ќе можам да продолжам со друга . Некако оваа ме привлекува Коментари за неа?