Ај ја да не ви се мешам зошто не се разбирам мн (и јас имам малку иначе) ама еве прочитав нешто дека кремите не се толку ефикасни и дека повеќе треба физичка активност Спојлер http://365.com.mk/79294/tri-klucni-nacini-da-se-oslobodite-od-celulitot
Антицелулитна се нанесува на тазе миена кожа и тоа со топла вода, да се отворат порите, доколку се намачкате така нема воопшто да ве пецка и да ве жешти
Го купив Push up гелот за подигнување и обликување на задник на Eveline, бев во Тинекс да пазарам и ме збодна нешто кога го видов, си реков, па зошто да не? Им верувам јас на овие Eveline, се надевам така и ќе остане, ќе ви пишам резултати. :geek:
Вчера бев во Дм и имаше околу 5 различни антицелулитни креми на Евелин.Има некој пробано од некоја ?!
Престанете да користите средства за слободување од целулит, креми, лосиони итн. проблемот со целулитот не е на вашата кожа, туку се наоѓа под неа и затоа кремите и лосионите не можат воопшто да помогнат, но тоа и самите го знаете иако малкумина од жените го признаваат тоа. Од целулитот можете да се ослободите само со интензивно вежбање на мускулите на тој дел од телото!
Е да бе престанете... Најдобро решение е да комбинираш, масажи, антицелулитни препарати многу вода и правилна исхрана и секако вежбање. А дека не се баш до толку неефективни кремиве си кажува темава. Доста постови прочитав со препораки затоа што сепак имало ефект. тоа дека само со вежбање можеш од целулит да се ослободиш па и не баш. Земи јади ти што ќе стигнеш, секој втор ден биди на брза, пржена храна и оди вежбај, баш ме интересира дали ќе немаш целулит
Малку касно но, јас го тестирам овој период. Вака од две недели употреба можам да кажам дека е задоволителен, но јас и немам многу целулит, па не знам како би се покажал кај некоја која има повеќе. Во секој случај, добро ми делува и со она кое остана од целулитот, мислам дека за скоро ќе се оттарасам од него. Инаку, најмногу покрај кремите ми помогна зелениот чај на Виталија и мнооооогу вода. Секако, комбинирано со многу пешачење и чат-пат поактивно вежбање. Не внимавам што јадам, тоа ми е единствена мана иако на прв поглед изгледа дека ништо не јадам.
Зошто вистина се лажете со креми, као демек приметувам ефект после неколку недели, приметуваш како да не. Посебно пак од Балеа крема за раце не врши работа не пак друго.
Не знам Бриџет, секоја си знае по себе, а тоа што си земаш за право да го негираш мојот одговор е твоја работа. Јас ја ставам на себе и знам дали и колку ми помогнала или не. Не е без ефект, но сигурно не може да се мери со онаа на Нивеа на пример, која кожата на мајка ми ја направи стакло. Мене не ми треба којзнае каков ефект, доволна ми е и оваа колку малку да ме запецка и како подлога за да се поминам со масажер, а да не биде само обично млеко за тело или крема.
Основната намена на антицелулитните креми е да навлезат длабоко во кожата и да го разградат целулитот. Што мислиш, кога упива кремата во кожата како и сите обични лосиони каде оди? Навлегува во кожата не испарува во воздух, е разликата со антицелулитните креми е што навлегуваат доста подлабоко во кожата. Кремата се сметстува на местото на целулитот во келиите под кожата каде што е наталожен целулитот и заземајќи го неговото место го разградува на помали делови, е после тоа тие помали делови мора да се согорат со вежби за да не се складираат подлабоко и пак да си останат во организмот.
Затоа што немам потреба. Кажав и во првиот пост, имам многу малку целулит и аналогно на тоа, не ми е важно какви препарати користам сѐ додека гледам дека тоа што го правам ми делува добро.
Ве молам некој да ми каже итно ми е, ќе тргнам на зумба и сакам да користам некоја крема и да се завиткам со фолија, за подбрзо да согорам масти, а не ми се даваат многу пари би дала до 300 денари. И оваа ми се виде економична. Ако не оваа препорачајте ми некоја друга ДО 300 ДЕНАРИ.
ке може ли некој да ми каже како се користи антицелулитна крема,,бидејки до сега не користев поради тоа што немав потреба,,но приметив дека имам малку целулит на заднот дел на нозете,,на колку време се нанесува,,дали секој ден,,се прави ли масажа,,позз и ако може одговор мн ми е битно
Има ли го некој користено кремот за целулит од Авон solutions . Јас денес прв пат си ставив после туширање и осекав пецкање после еден час ставив појас на половината и по 20 минути пешачење ме препоти и ме чешаше .. Дали е ова нормална појава ??
Здраво драга, само што ја забележав темава па еве јас ќе ти одговорам ако не е доцна. Јас лично повеќе сакам масла отколку креми затоа што поентата на антицелулитните производи е токму кратката масажа со која ги нанесуваме. Од масла имам пробано навистина многу и б можрла еве да издвојам три кои се супер: 1. Маслото од алверде: има одлично дејство, навистина кожата ја прави помазна и позатегната. Единствена мана му е многу јакиот мирис на цитрон и рузмарун, меѓутоа мене не ми пречеше. 2. Масло на Ла Сој, ова масло исто така ми се допадна ама мислам дека има повеќе детокс ефект. Кожата е мазна, и на некој начин го спречува целулитот. Мирисот е ок, не е толку јак. 3. Масло на Веледа: ова го користев и во Италија и е фантастично. Лани беше на промоција со пилинг гел за туширање и масажер, годинава не знам. Инаку има голем ефект и кожата е одлично мазна и затегната. Се надевам ти помогнав. Поздрав.
Девојки, дојдов на идеја да почнам да продавам од мешавината која јас ја користам против целулит, преку цела година, разни антицелулитни креми, цветови,кофеин и масла... Мене премногу ми помага, ја мачкам секој ден и еве немам целулит, а и не ми се враќа... Ме интересира дали некоја од вас би била заинтересирана да купува, доколку е по цена од околу 400 денари+доставата? Подетално доколку ве интересира пишете ми лп