Од Орифлејм сетот " Perfect Body " :y: ..Имате крем против стрии,пилинг за тело,антицелулитен дневен гел и сунѓер за нанесување .Делува испробано !
Да се пофалам ама Сатвата е закон 900 мл за 500 ден а имаш да се масираш да заборавиш цело лето по двапати на ден се масирав неможам да ја потрошам до сега најдобро нема .замете пробајте а со масажерот од топ шоп уживанција
Baram krema sto gi topi masnite naslagi, ne anticelulitna. Dali znaete nekoja takva???? [mod-kirilica:2rutu0nr][/mod-kirilica:2rutu0nr]
Девојки јас ја купив сатва и пушува балсам против целулит има 280мл и ме чинесе 260 ден кај ја најдовте во толкаво паковање од 900мл , а го имам и масажерот од топ шоп и за колку време ви показа резултат оти сега поцнѕвам да ја користам ????? P.S.имам коритено и на нивеа и на гарние и на афродита сите скапички и само благо некое дејство и толку па ај да видам сега со сатва
Во Зегин ја земав јас и со масажерот ја користам има најдобри резултати од сите креми и лосиони што досега сум ги користела се разбира треба да се масираш секојдневно ако сакаш да има ефект .
Јас купив Сатва (незнам дали е од бршлен), и сакав да прашам со кое делче се масираш, и дали тој делот ко капак што е (со црно платно) го користиш при масажа??
Значи масажата ја започнувам со брановидното делче (тој дел со капак и платно не го користам за ништо друго освен за врат и рамо ) нанесувам од Сатвата и масирам поспоро да се загрее местото и тоа два три пати нанесувам се дури не впие потоа со делот со топчињата се масирам поинтензивно и кожата се вцрвенува и после масажата кога ке мирувате ке осетите како топлина тогаш значи сте на вистински пат започнала циркулацијата, и разградба доколку имате повеке целулит може и модрици да се јават на почеток затоа се пие витамин Ц и многу вода .
Знаеш што топи масни наслаги? Трчање, вежбање женска, една крема нема ништо да стопи. Додека газот не го мрдаме од столче ништо нема да стопи една обична крема. Може оние масажи со антицелулитни креми да имаат мали ефекти врз целулитот, ама вистински ефект се постигнува со вежбање, пиење вода или евентуално со антицелулитни третмани од професионалци.
Сатва ја има во Зегина,така????Сега малку ке отидам оф топик ама ме интересира за тој делот со топцинја на масажерот,мене топчинјата ми паѓаат незнам зошто,се нервирам.Значи Сатва е закон а???
*Антицелулитна крема :павловиќева маст со Д витамин во течна форма-ми го препорача докторка од Бугарија и делува * за топеwе на масни наслаги (и пак повторно ќе го кажам и овдека ,станува клише од моја страна) овес ќе си купиш и ќе си вариш по една- две или повеќе шољи на ден (пред јадење некој си пола саат) во овесот откако ќе се свари ќе си туриш сок од цеден лимун и една лажичка мед ( подобрува овој рецепт крвна слика ,намалува холестерол-топи експресно масти и се разбира метаболизамот го подобрува и стекнуваш подобар имунитет ) Проверено исто така и препорачано од доктор ..Нема да зажалиш пробај !!! *И масажерот да е добра работа ,ја циркулира крвта ги разредува маснотиите,јас лично имам масажер од цептер Велнес (црвен со сребрено и има едно топче-работи на вибрации и има и опција за топлина и намалување и зголемување на брзина -а јас си го користам за масажа на врат за да се опуштам од стрес , -масажерите не се баш некое ефикасно решение -овие претходни две алтернативи се премногу добри ....Се разбира доколку сте желни послушајте ем и пробајте по некое време видлива е разликата
Денес јас се подновив со антицелулитна крема. Купив на Реплек Фарм се вика Целугел со кофеин. Ја сефтосав вечерва, и искрено ептен пецка и деловите зафатени со целулит дури ги триев ептен интензивно ми се вцрвија, така да јас ветувам дека ќе се мачкам редовно секој ден наутро и навечер, во името на исчезнување на мојот целулит Епа Дедо Мраз, ако не планираш ништо посебно да ми донесеш и оваа година, барем однеси го целулиот од мене
Користам антицелулитна крема од Doctors и сум многу задоволна..можеби нема некој убав мирис но помага ...Ако ви мириса непријатно истуширајте се после пола саат ( откако ќе навлезе во кожата )
Прилично е ефтина, околу 200денари мислам дека беше, максимум до 300, нема шанси повеќе. Јас цела година ја користев Нивеа гудбај и онака задоволна сум, со вежбање комбинирано има резулати, а само крема не. Пред некој месец снемав и отидов да купам, ја немаше нивеа и ја земав оваа докторс пошо беше најефтина за ради реда да имам додека не земам, и ич не сум задоволна. Една недела ја користев, и нормално нели не очекуваш од една недела резутати ама предходно цела година бев со нивеа и одма заебележав дека со оваа кожата не ми е толку мазна и поизразито се познаваше целулитот. Ептен разлика се осеќаше кај мене. Ама нели кај секого различно Мене ниедна крема, како крема не помага, а заедно со вежбање да. Поточно со вежбањето топам маснотии, а кремата ко мала помош му доаѓа и ја измазнува кожата, ептен ја прави мека и супер. Задоволна сум од нивеа премногу, посебно од тој 10 days serum, ама тој дека поскап и помало пакување поретко го користам, зависи кога како сум со финансии коа купувам Али овој 10 day serum дефинитино the best, уште во првите 3 дена се осеќа разлика
firequeenn да не си грешка....или јас грешка разбрав Марина за серумот на нивеа ли прашуваш? пред некој ден баш земав од веро 680ден