Сушнав дека имало некое масло врз база на цимет и според истражувања некои многу го рабивал целулитот дури до 60% демек.Кај го има?Сте чуле вие за ова?
Ги потрошив тие антицелулитните од Авон и Коластина од кои бев презадоволна и сакав да сменам малку па купив Целугел на Реплек. Си ставив од него првпат пред 20 мин. и сега ми се појави едно огромно црвенило и на местата каде сум го ставила и тоа буквално прсти се знаат а веќе 20 мин. абер нема да помине , малку печи па се прашувам што може да е... Инаку воопшто не сум задоволна и од тоа дека е гел упива веднаш и после само чкрипи на суво кога се прави масажа own:(што ми требаше да експериментирам не знам ) , додека со кремите е огромна разлика, кожата преку цел ден ми беше мека од нив. И плус сакав да ве прашам за Сатва, крема е така, и за дали упива брзо ?
Question: Од Авон ги користите антицелулитните на Anew или Solutions? Кои се поделотворни? Знам дека Anew колекцијата е за постари, ама ми се чини поголем резултат ќе има од нив...
Јас ја користев Аvon Solutions Cellu-Sculpt x3 и стварно бев задоволна од неа. За Аnew не би можела да ти кажам ги немам користено ама верувам дека се добри, а тоа дека Anew колекцијата е за постари важи мислам само за продуктите наменети за лице.
Целулит Од кремава сум многу задоволна. За една недела ми покажа предобри резултати, ама и вежбам. Мене ми е подобра од таа предходната што ја користев 4 во 1 што беше, не ми текнува точно како се викаше, а и многу поефтина е.
Целулит марама од каде ја зема оваа крема и колку пари е ? иначе еве еден рецепт преземен од едно списание за билки досега не сум го практикувала ама ке мора да го направам значи на местата каде се појавил целулит ставете облоги од јак чај направен од бршленови листови и се препорачува почесто капење во овој раствор од бршлен. во домашни услови можете да ставите исецкан бршлен во маслиново масло и да одстои 15 дена во шише на сонце и со него да ги триете местата со целулит по туширање со млака вода.
Целулит Купив антицелулитен лосион - solutions од авон. Доколку некоја од вас девојки го има го користено кажете каков ефект има. TNX
Читам погоре, пред некој ден сум се пожалила дека антицелулитниот гел од Реплек не ми се допаѓа баш, е да ви кажам сега комплетно го променив мислењето. Преубав е, резултатите се фантастични, целулит скоро и да немам, и баш се навикнав сега со него, упива за 10 мин. таман додека се измасирам (мислам за еден дел околу 10 мин. пр. само едната нога од напред ), сè на сè околу половина час се масирам, наутро и навечер. И баш ми се допаѓа кожата од него, преку цел ден ми е мазна., башка и економичен е. Абре едвај чекам сега лето да дојде, да покажам малку гола кожа.
Го користам овај антицелулитен гел во комбинација со Relax and Tone и морам да кажам дека сум прилично задоволна,покажа добри резултати
Целулит Прочачкав на Гугл и како „бест антицелулит“ продукт на прво место излезе чудово цена околу 55 долари за шише. А од производите кои тука може да се најдат ја има само Нивеата „Гуд бај целулит“ и тоа на 18 место од вкупно 20. Хм, интересно. Спојлер Ево ви линк. http://consumerhealthanswers.com/Cellulite/
Целулит Имам користено од овие креми за целулит Значи од се ова само од нивеата од овие 2)видов резултат и масажа секако од другиве никое,ни афродита ни гош ни гарниер нешто многу.Ова од авон не е лошо ама о нивеата нема шанси.
Ма јас за тие пари колку што чини еден гел од Нивеа ќе се убијам од мачкање со тој гел што го постираше Клауди. Убав е, не велам не, ама најважна е масажата
Јас ги користам тие двете на Нивеа кои ги постираше Tinkerbell, а масирам со едно боцлесто од Орифлејм кое ми е купено многу одамна, и има резултат. Мазно е, фино. Јас кога ќе стиснам пак го гледам. Мајка ми ме убедува дека претерувам и дека у суштина немам целулит. Прв пат не и верувам колку и да знам дека е претерано критична и реална према мене. И уште и стискам и викам, мамо ма глеј, еве еве тука гледаш? А она нема ниту на свои години, па си викам, хм. Дај боже да е некој ген, ама џабе бе, го гледам јас, ако другите не го гледаат, што ќе се тешам
За рамен стомак ? Нигде не прочитав такво нешто.Ја овие две ги земав заедно,во комбинација за 200ден. од Рамстор...имаат некои минимални ефекти ама тоа дека не ги користам често. Мн. убаво мирисаат
Целулит До сите феминки кориснички на Сатва Јас почнав да ја употребувам вчера, ама на упатството за користење пишува „појавата на печење е резултат на дејството на активните компоненти“, а мене воопшто не ме пече Дали јас неправилно ја нанесувам, или и вас ви се случува истото?
Целулит ^ Таман си нанесуваш, немора кај секого да има печење, секоја кожа различно реагира. Треба да и масираш, не само да мачкаш Јас овој одговор го давам 4ти пат, а незнам веќе колку пати е спомнато. Ако прочитате малку наназад ќе најдете многу одговори и совети Сатвата делува и без печење и црвенило Спојлер молам да се стави ко поднаслов
Целулит леле и јас ништо не осеќам од спомнатото печење а не штедам,баш убаво нанесувам и силно масирам....и со тоа што не пече не знам ни дали тоа значи дека не делува
Целулит Каде го има гелов? Не го најдов во ниту една аптека, можно е да не се произведува веќе? Во една аптека ми рекоа "дефицитарен е", ќе пукнев од смеење Феминкиве пуздер го направија пазарот