Целулит Епа намислив вчера да купам и готово, не го најдов тој па купив друг. Еве го, гел од бршлен на Беолаб (српски), во кутија е мојот (првото сличе лево). 207 денари го платив, а баш сега читав позитивни искуства на српски форуми Се масирав синоќа ко крај на светот да е И утрово исто така, можеби целулитот нема да го изгубам, ама мускули на раце сигурно ќе набијам Мазна е кожата после масирање, за ефекти ќе видиме, ќе пишам откако ќе го потрошам.
Целулит многу е добар антицелилитниот гел на оригфламе, сега одмана немам некој зачленет таму па земам од авон, ама на орифламе е подобар
Целулит Има многу креми за целулит, но без масажа на тие места и без вежбање...тешко....многу работа треба да се сузбие...и после малку да се опуштиш пак се враќа... Јас имам на задникот и под нело малку на нозете...Сега го купив тој на Гариниер и имам од Фитофарм еден (ама тој многу чеша)....
Целулит @ LivingGlam Јас го имам иљето од бршлен на беолаб,во аптека ми рекоа дека тој бил најефикасен,го користам две недели.Имам приметено дека затегната сум повеќе и помазна ама целулитот си стои,ама сепак мислам дека рано е уштe за поголеми резултати
Целулит Ова го потрошив. Се масирав два пати дневно, и има резултати, повеќе на кожата - помазна е. Добро додуша, приметувам дека на предниот дел од бутовите и од страна целулитот е доста намален, ама од позади и на задникот потешко оди. Денес ја купив Сатвата, зашто ептен ретко се случува да купам ист производ два пати, таква сум што да правам Па ќе видам како ќе биде. Овој од Беолаб воопшто не печеше и не црвенеше инаку. Ај може ќе го купам пак после Сатвава. А тој од 130 денари го нема, го барав низ цел Охрид - ска
Девојки го имате користено овој производ? Cell gel И како сте задоволни од него? Некои мн ми го пофалија и затоа прашувам.
Околу 700 денари беше, ама многу бргу се троши. Малечок е и ко што се мачкав два пати дневно, го снема за две недели
не дека се правам паметна но барем кај мене не важна кремата , ако се масирам секој ден па и со обична павичева ги добивам истите резултати....(моментално се масирам со нивеа, но не со антицелулитната туку со обичната -најефтината крема
Редовно користам антицелулитни креми, и слободно можам да кажам колку пари толку музика. Кремот на Афродитата со питаја е навистна одличен. Но проблем е цената. Мене лично ми е прескап.150 мл. го користам околу 2 недели, а вели резултат дава по најмалку 28 дена користење. Но како и да е, веднаш ке почуствувате дека кожата е поцврста и позатегната. Значи го користам повремено, а во меѓувреме антицелулитната крема на Фитофарм (за парите добра е). Она што го користам секојдневно е антицелулитен гел за туширање Balea, со продолжеток четка - масажер (кружни движења при туширање).
Целулит го користел некој гелот од Божен? сестра ми се скапа фалење од него и баш ми е криво што не успеав да запомнам колку целулит имаше пред да започне да го користи...наводно за една седмица имало резултати ...ајде ако некој го користел нека каже, ама без преувеличување зошто сетра ми да ми кажеше пореален период, веднаш ке си го купев...вака.. п.с. околу 1000 ден е гелот, затоа дилемата
Тоа значи дека ти можеш и со вода да се масираш и да ти го снема целулитот. Ако си гладна можеш да каснеш леб и да бидеш сита,но ако на лебот намачкаш и паштета,уз сиренце и малку јогуртче ќе бидеш дупло посита. See my point? Состојките во антицелулитните креми не се исти како оние за лице. *Масажата занемарија
Немам некои страшни проблеми со целулитот, ама го имам..мислам дека е во почетна фаза затоа што не ми се познава така туку сосема малку или само кога ке ја стиснам кожата со рацете. Го имам само на горниот дел од нозете. И еве инспирирана од другите феминки си реков - Дај да си купам некој гел да го спречам навреме. Во Зегин ми го препорачаа како многу ефикасен гелот од српската фирма БЕОЛАБ. Има масажер заедно со него и ете почнав со третманите секој ден. Па, ке ве известам за еден месец дали ке има ефект Поздрав
Досега немам користено никаков антицелулитен крем зашто не сум имала проблем али веќе забележувам дека не е така и мене ме фатило "проклетството" А летото ќе почне кај и да е. Ги прочитав сите мислења али не најдов кокретен одговор - за најбрзи резултати кој гел е подобар, Сатва или Нивеа ( или можеби некоја друга)? Поздрав
или пак непотребно ќе внесиш калории како и да е ВАЖНО ЈАС СУМ СИ ЗАДОВОЛНА А и џебот ми е полн јас си го кажав своето мислење и искуство тебе ако не ти одговара тоа е твоа работа see my point?
Ги начекав на попуст овие двеве јас во рамстор, прво се зачудив за цената, беа околу 300 денари или 200 така нешто, некоја безобразно ниска цена, па си реков и да не ми помогнат, вреди да се проба за тие пари. вообичаено за тие пари знам дека не се начекува ништо ни од нашиве, па не па гарние, и ги зедов. рокот им беше во ред, прво нешто шо се посомневав беше тоа, но проверив, се регуларно. Ролонов не го користам (мислам не течноста, инаку го користам после рачната масажа), а овој гелов добар е, само што некако ко ќе се масирам подолго (нормално, дури да се впие) почнува да се прават некои лепливи делови, како да се лупи.. незнам како да објаснам.. и лепи такво се прај зелено некое лепливо чудо, и таман си се истуширала цела си зелена, ама тоа е, навечер се туширам, сабајле ќе се истуширам пак и така еве секој ден веќе 5 дена, и забележувам искрено дека има некои минимални резултати, барем ми е некако помазна кожата и ми се допаѓа. Прво се мачкам со кремот, па една рачна масажа му мавам, после со ролонот дури да ми паднат рацете да не можам повеќе и гледам некако реагира, почнува да излегува на површина на некои делови каде што сум имала повеќе, а на тие каде што имав помалку го снемува дури и кога ќе ја притиснам кожата... ќе продолжам да го користам, па ќе ве известувам за резултати за некој ден A патем, за пецкањето и црвенилото... освен од што се стегам (ма да и тоа одма ми поминува) од гарние немам сетено ништо такво.. Ај некој друг со искуство со овие производи можи ќе кажи поинаку... А можи и овие ко сатва, не мора да печат за да делуваат. Незнам само колку се нормално да се купат, ваљда накај 300-400 поединечно. Ќе ја пробам и јас сатва кај да е да ги дотрошам прво овие.
Добро,од кај ја купувате Сатвата?? ..неможам да ја најдам. Во Веро ја нема,во неколку аптеки исто.. :geek:
Мора да ја има во Зегин,се што е на алкалоид има таму. Моментално може ја немаат,феминкиве растурија со купување али побарај ја во друг Зегин ќе ја најдеш!