ниту една крема , лосион или што и да е .. неможе целосно да ви го отстрани целулитот.. може малку само површно.. но ништо не помага за далбински да го отстрани, кад-тад пак ќе се појави на површина!
Дајте фатете врски некој да ги увезе тие топ-10/20 креми што се во светот. Давам цело богатство ако некој ми ја набави кремава: http://www.bluezone.com.mk/poveke.aspx?id=2469 Во спротивно мојот целулитен задник ова лето нема да види плажа
И јас ја немам досега купувано, баш ќе проверам утре или другиден во Зегин и ќе кажам. Се надевам ќе ја има, сакам да пробам шо чудо е тоа, ја скапаа фалање тука
Вики4е, дури сега гледам дека си ме цитирала. Од Зегин го купувам, има две пакувања, едно од 250мл. другото од 400мл. Првото е мислам околу 260 ден., второто некаде околу 360 ден. Еве како изгледа.
Ме интересира дали некоја има користено Сатва антицелулитен балсам од Алкалоид?? Дали ви помогнал и после колку време користење исчезнал целулитот (ако воопшто исчезнал) ??
Според тебе добар е а?јас имам сатва добар е ама ме интересира компарација меѓу овие два...дали имаш користено и сатва па да ми кажеш кој е подобар спрема тебе...позз
Значи вака, имам малку целулит на задникот и бутовите, и ја напнав мама ми да ми купи некоја крема да се решам од целулитов Во случај ако некој ја користел кремава, да ми кажете колку сте задоволни. Знам дека само со крема не го снемува, затоа и секојдневно ке бидам физички активна распустов. И да прашам, бидејќи првпат употребувам антицелулитна крема, какви масажи се најдобри? Еве ја кремата, од Афродита: Спојлер Опис: Кремен гел кој ефективно ги смалува видливите знаци на целулит и стрии. Одлично ја негува структурата на кожата, ја чува нејзината цврстина и еластичност. Го ограничува развојот на нови масни клетки и помага во целокупното преобликување на телото како и смалување на обемот на телото, на стомакот, бедрата и бутините.
Почнав и јас да се мацкам и гвацкам со крема,ја имам на ГОШ,само некако ми се гледа мрсна,а ич не го сакам тоа чувство,за резултати ке видиме колку ке бидам упорна
Користев една Торзо 2-3пати намачкав и ми се смачи да масирам како гел е тоа повеќе и се откажав мачно е па
^^ Факт дека е мачно, ама тоа е...или ќе се масираш или ќе си стои целулитот. Немам користено Сатва и затоа не можам да направам компарација, ама верувам дека е добар исто, го фалат. Вики4е, ит'с ми аген. Во каталогот на Зегин, конкретна цена за ЦелуГел на Реплек, за 250мл. пишува 221 ден., за 400мл.- 354 ден.
вчера купив сатва и се намачкав на цели нозе со триење до ви впивање ме печеше мн на почеток помислив дека ногата ми отечи ама потоа облеков пижами и многу брзо ми се смири црвенилото. убаво мириса и не е нешто неподнослива болка. е сега мене ме интересира како се користи? секој ден по 2 пати дневно или? не видов да има упатство за употреба па ако може некој да ми каже
Од ДЕБОРА антицелулитната воопшто не сум задоволна,не е тоа што очекував другите производи им се подобри али оваа крема јок! а беше 550 денари што не е баш ефтина за некој таков квалитет. Ќе пробам друга,авонот ми е добра.
Јас го користам од Сатва, и тоа 1 дневно ама скоро и да не промашувам ден.Да ти кажам резултатите се зачудувачки!!!!Скоро и да ми го снема цел целулоид по само 3 седмици користење.Биди упорна и очекувај резултати.
Беолабот е 207 денари за 150мл, а Сатвата 309 денари за околу 300мл. Сатвата е поисплатлива и побавно се троши, а има резултати.
Лудо во Охрид ништо нема, билив ми Сите аптеки во околината ги поминав, и последната Сатва ја купив, за жалење сме Од бршлен геловите дефицитарни им биле Беолаб го нема веќе таму од кај што го купив, а вчера отиде и последната Сатва, ако не донесат, ќе треба до чаршија да одам да барам
Е уште во Ск ако го нема, јас нема да ги осетам придобивките од сатвава.. сите го пробавте, само јас ќе останам без него (шмрк, шмрк) Прилеп го барав, ништо викаат, некаде го нема, некаде, исто, „дефицитарен бил“ )) некаде немало да го носат појќе, незнам шо да речам .. ))