Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Антицелулитни креми

Дискусија во 'Тело' започната од Mermaid, 21 март 2010.

  1. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    687
    Пред една недела се нашлапав убаво со сатва и за прв пат со новово шише не се вцрвенив ни малку. Во меѓувреме и се пожалив на другарка и ми вика дека изгледа го смениле составот или ми се потрошил целулитот, затоа не печело :D
    Хауевр, по неуспешниот третман направив 2 дена пауза не користев сатва иќ, но третиот ден кога ставив пржеше и за пропуштените денови, на најсилно беше пуштено, можев јајце да испржам на мене.
    I'm running out of cellulite :nod:
     
  2. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    205
    Сакав да прашам дали некоја од вас го има користено антицелулитниот гел Танана :^)
    Го купив вчера, почнав да го користам, ама незнам резултатите какви ќе бидат... :)


    [​IMG]
     
  3. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    мене Сатва ниту ме пече, ниту ме зацрвенува....едноставно ништо не осеќам :worried: а упорно се мачкам...
     
  4. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    А дали имате пробано антицелулитни гелови за туширање, во комбинација со гел/крем за после туширање, нормален :)
    Има некој подобар ефект, или благе везе нема гелот за туширање? Оти јас имам пробано само еден од Авон, ептен грд ми беше, би рекла дури и полош од обичен гел за туширање, а демек антицелулитен :) :)
     
  5. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Купив пред некој ден една крема од Doctors од аптека..Аптекарката ми рече дека била доста ефикасна..Има ли некој користено таква, па да ми каже дали вистина дава некој ефект или се џабе фрлени пари ? :worried:
     
  6. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Ако го бара некоја од вас Сатва, го има во Веро, јас денес го видов (во Веро 2) околу 250-300 така нешто беше, не ми треба моментално па не обратив многу внимание на цената..
    Поздрав :)
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас го имам користено и не го завршив до крај. Многу ми е глуп мене, не ми покажуваше резултати и многу ми лепи, ама убаво мириса. Сепак останувам на Сатвата или евентуално Нивеа. Ама со оглед на разликата во цените - Сатва :)
     
  8. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Кремава од кога ја барам значи а неможам никаде да ја најдам :D Другарка ми ја користела многу одамна само што не беше во ваква тубичка туку во друга опаковка и многу се фалеше од неа дека има ефект. Инаку освен во Тедико да не знаеш каде може да се најде на други места?
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Имам читано дека антицелулитните креми немаат некое посебно дејство, дека воопшто не е битен кремот колку што е битна масажата, дека наместо антицелулитен крем може да се користи и обично млеко за тело и со добра масажа ќе се намалел целулитот.
     
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    lav4ence.e.e во аптека си побарала ? Таму би требало да ја има :?:
     
  11. an4ulence

    an4ulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0

    во супер тинекс ја има ,ама само од 250 мл.поголемата неможе да се најде.
     
  12. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Такоџе и во Веро (Веро 2), јас вчера ја видов. Ама никогаш не сум ја користела, не знам која е мала која е голема, оваа мислам ко со некоја пумпица дека беше.. :^)
     
  13. AnelijaP

    AnelijaP Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    14
    Сатвата добро ме затегна и само ми го избаци на виделина целиот тој стар и закоравен целулит. Со триста препораки ја нарачав Анеси, и на форумов и многу од страна ја имаат ептен фалено. Е сега уште да стигне па да видам дали тоа ќе биде последната борба со целулитот...
     
  14. Balint

    Balint Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
  15. aleksandrappo

    aleksandrappo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    12
    Balint ако бараш за целулит нешто јади крастајца има ефект навечер и ансабајле и јас така праев и од Авон го користев она со масажер сое антицелулитнион крем има резултатаи усте првата недела
     
  16. Balint

    Balint Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Го купив овој кремот пошто беше на попуст :D И се мачкав секој ден по 2 пати, стварно ми помогна.... Има голем ефект. А голем скептик сум за вакви работи, не верував дека ќе има некаква промена :)
     
  17. aleksandrappo

    aleksandrappo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    12
    Да да.Ама јади и крастајци тие помага во борбата против целулитот
     
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    не им верувам на овие креми со се пробав и пак ништо :x
     
  19. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Сатвата кој ја измисли Господ да го поживее. 2 недели ја користам, ми се десило 2-3 дена да прерипам и жива се изедов. Чоколадо да изедам гајле ми е, али ако не се намачкам е смак света. :o
    Топли, зацрвенува, пече, ама се радувам кога осеќам дека пече мајке ми. Може и на струк, јас се нашлапав да пробам, истиот ефект го има. На нозете не ставам воопшто пошто немам, само на бутовите и тро задникот. Првата недела кога ставав, цел бут црвен ми стануваше, после тоа почна да си се зацрвенува на помалку места, ко регии симетрично и од двете страни на телото и на нив си пече, и како се шлапам понатаму си исклучува делови, малце по малце. И шизев тука прашував по форумот дали така треба. :D Сеа убаво на светло на бут кога ќе стиснам со прстите, толку минимално малку се познава, исто ко да не се. Јас мускул имам од вежбање и откако прекинав си обрав бостанот, сеа пак ми се познава линија кога ќе стегнам и презадоволна сум. Прво на површина го избацува, тоа и ја приметив... И го вади да му се невиди, пу пу да не ја урочам. :)

    Една работа само - без кревање дупе од стол, ништо. Само со кремче нема да си помине целулитот. Мноооогу вода, и мрдање од пред пц. У сала не можам да се замислам повеќе ко дебил некој размавтан, си пешачам секој ден бааги, и има резултати. :)
     
  20. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    А таа сатвата е на алкалоид,немам никогаш користено креми ама бидејки ја фалите сакам да ја пробам,во Зегин ја има значи,а колку пари е отприлика ??
    пишете поззззз