Пробајте со 4 лажички кафеаф шеќер,две лажички кафе и маслиново масло(ке ставите зависно од тоа во колкав сад го правите) ке ја разбракте смесата и ке си го масирате телото едноставно.Помага..ем што ке ви помогне со целулитот и плус ке ви ја омекне и изнежни кожата.
јас ќе почнам да идам на антицелулитни во оној центарон Органика што се наоѓа кај Рузвелтова ? дали имате чуено или дали знаете нешто за антицелулитните масажи ?
и мене тоа ме интересира гледам има купони на групер сакам да земам, ако има некој искуство да сподели
Јас си земав купон на групер за 4 антицелулитни рачни масажи 4 кавитации и 4 лпг вакум и сум задоволна целулитот доста го снема но ќе си земам после одмор уште едно купонче зашто 1 не е доволно.
Почитувани сакаам да ми дадете некој совет значи имам целулит ама баш на задник кога ќе го соберам баш се познава.. ружно изгледа на сама ми пречи мене. Сакам да ме советувате која масажа да барам и колку третмани би ми требало ? и од прилике колку е еден третман ? Фала однапред, имајте убав ден.
Се враќа ако престанеш да пиеш по 2л вода на ден и не одиш по 2 пати неделно пак на масажи за да се одржува и секако ако се храниш нездраво тогаш поарно не оди. Иначе јас сум била и сум многу задоволна, секако после тие масажи се бара труд од тебе.
Мене ми се супер, подобруваат циркулација, се чувствуваш многу полесно, заедно со правилна исхрана, даваат топ ефекти.
Девојки некоја да знае да ми препорача добра масерка за антицелулитни масажи во Скопје? Ама стварно да е добра, да земе да ме фати да ме изгмечи да ми го растопи целулитов Мислам дека сум поминала над 20 салони по Скопјево, не можам да најдам некој кој што навистина добро масира, сите те галат од што ги мрзи да стиснат посилно
Еден совет Ве молам дали се дозволени мадеро масажи односно антицелулитни масажи за бременост значи на дел на колкови и задник ?
Не, при бременост и за време на доење не се дозволени. Прво истерај бременост, роди, помини го периодот на доење и после почни со масажи. Секако целулит од хормоните ќе имаш за извоз, но се средува. Јас така направив после првата бременост, сега планирам пак.