Јас испитував во ноември, сега, нема покритие од фзо. Еднаш испитував во една од наведените клиники, после пак во Ремедика. Иста цена, сеуште е на приватно.
Јас испитував АМХ,бидејќи неможев подолго време да останам бремена.Вредноста ми беше на долна граница,па ми рекоа да "побрзаме" ако сакам да останам по природен пат бремена. Другите хормони ми беа во ред,освен високиот пролактин. АМХ ја означува резервата на јајце клетки,која кај мене беше неприродно намалена во толку млади години заради хемотерапијата. Во Авицена правев и платив 4200 денари.
На маил ми е пратено. Пишував за нешто друго на фондот па искористив прилика да прашам и за АМХ. Од нив го добив тој одговор.
Девојки еве резултат на АМХ треба за 4 ден да ми дојди менз. Има ли врска тоа што е толку низок под нормала ми рече Д-р Таше право под хитно на инв. Имаме и проблем со спермограмот 3 % нормални.. Но не ми е јасно заборавив да му кажам дека за 3 до 4 дена ми иди дали има врска тоа што е толку ниска вредноста на хормонот..
Нема врска овој хормон не зависи од било кој период во циклусот.И пак да го повториш било кога,исти ќе ти бидат резултатите,само може да продолжи да се намалува со тек на време.Ниски ти се вредностите,мене ми беа 1,4 и едвај забременив природно.Има опции не се секирај,ин витро,икси итн.
Мене за година дена АМХ ми се покачи од 0,5 на 1,5 . И докторите останаа во неверување . Од пусто мислење дека е невозможно АМХ правев во 4 лабаратоирии. П.с Еден тон суплемети и витамини пиев . Можно е да е од нив
Ако ти е ФСХ добар тогаш нека не те загрижува вредноста на АМХ.Се додека има квалитет може да се делува. Јас со 0.16 вредност забременив природно а со инсеминации и ин витро неможев.
Со овој резултат и на маж ми спермограмот со 3 % нормални сперматозоиди дијагноза Тератозооспермија Д-р Таше ми рече хитно на инвитро со 3 години брак
Па да,јас кога ти одговорив дека мора ин витро во обзир го зедов и резултатот од спермограмот.Реални ако сме,така се помали шансите кога има проблем и кај двајцата.Јас не сакам да ти кажувам бајки и да те лажам,драгоцено време си губите штом веќе поминале три години.Со среќа и да се израдувате со бебче во раце,не е битно како ќе го добиете
Јасно ми е тоа но затоа и наведов битен е и фсх,која е негова вредност.Ако е тоа во ред онда не се плаши ,ако е повисоко ке се заангажираш да го средиш.Ако пиеш витамини треба да поминат 3 месеци за тие да почнат да го подобруваат квалитетот и да се обноват.Посвети се максимално немој да те брзаат као да мораш одма утре да правиш па ако недај Боже зезнат работа да ти дигаат раменици.
Баш така мила и во двајца проблем потешко се справуваа, биолошкиот часвник чука кај жената 2год се маткам и витамини и се маж ми терапија примаше резилтат мал, испитај ова она и ете ништо ке си пробам инвитро и мислам на позитивен резултат нема негатива главата горе иако знам дека е тежок патот но нели жени сме ке издржиме се да стигнеме до целта
Државно мислам дека не може. Приватно, зависи каде испитуваш. Во Плодност платив 4500 за тој еден хормон (или 4000, не се сеќавам точно).
Порано не можело државно но има некое време како го прават затоа и прашав тука...ќе пишам во вештачко темата може таму имаат инфо. Како и да е фала ви