Исто и јас, ништо не внесувам, ни за овошје не сакам да слушнам, па ни сега не јадам овошје, ретко. Мене матичната ми кажа ништо неможело за амх и се разочарав.
Јас па откако знам за себе не ми почнува денот без овошје, можам цел ден после да јадам глупости, ама овошје ми е како лек сабајле. Можеби затоа сум уште со многу солиден AMH за моја возраст 2.8. Можеби... Може па е наследно, генетика. Иначе тоа што реков за DHEA тоа е друго, хормон (не е исто со омега 3 DHA). Колешкава моја со тежок стерилитет, да не речам 100% неплодна и тоа многу млада, наводно со тоа успеала да ги "подигне" хормоните и да ги разбуди јајниците, иначе и она веќе на 30 години била скоро во менопауза, а сега има три деца. Затоа пробајте со DHEA. Јас не го пијам, немам искуство, ама сигурно не може да биде полошо.
Дечки, со донор има надеж, јас успеав од трет пат. Еве го спие до мене, 17 мес има, сонце ми е. Пробувајте секако природно, пратете циклус, ама нема откажување. Со донор јајце клетки имате поголеми шанси бидејќи донорките се помлади. Јас дознав за перимено на 38, го родив синчето на 45. Пред трансферот постев, пред тоа направив хистеро-лапаро и го симнав пролактинот. Што ви треба ако знам ќе ви кажам. Донор не е крај на светот. Јадете медитеранска храна.
I jas sum so nisko amh vo konsultacija so specijalist za ivf kje te posovetuvaat da pies. Ti si mlada mozes da napravis i podmladuvanje na jajnicite. Ne se otkazuvaj, so pravilen doktor pokraj sebe se postignuva uspeh. Докторите ја даваат микронизирана дхеа, не оваа. Јас ја пијам со низок амх сум. Не ми се зголемил од пред две години е иста вредност. Ама се надевам ќе излезат јајце клетки со подобар квалитет тоа е уствари и суштината на терапијата што ја даваат. Се ова пијам во големи количини. Пример 1000 мг иноситол, 800 витамин е, убикуинол 200. , мака 1000. Витамин д 2000, магнезиум директ. Метил фолат, метил б 12. И микронизирана дхеа 50, инозитол 1000
Preku iherb ja naracuvam kaj nas do sega ne sum nasla, nekoi clenki imaa pisano vo prodavnici za suplementi za vezbanje deka ja nasle. Kaj koj doktor si ?
Уште не сум отишла на консултации, чекам да повторам брисеви, па хсг, планирам Њу Борн кај Др. Трајковски, ти кај кој си?
Kaj nego sum i jas, ama trrapijata mi ja dade mitko i kaj nego bev. I kaj kup drugi. Iskustvoto me nateralo so povekje da se konsultiram.
Da da, imam praveno dve. Prviot pat vo Sistina mi pokaza deka ednata tuba delumno e zatnata, pa pravev vo dr klinika so podobra snimka kade dvata kanali bea proodni. Vtoroto go pravev pred eden mesec.
Да, и мене ми дадоа ДХЕА микронизирана. Ја пиев 3 месеци, плус циклопрогинова пиев и про фертил фимејл. Немаше резултат. Стигнав само до пункција. Два фолекула, но немаше јајце клетка. А сакав да те прашам, дали сите овие таблети ги земаш по препорака на доктор и дали те советува околу дозирањето? Поздрав
Мене со амх 0,02 не ми препорачаа да правам хсг. Само тоа испитување го немам направено. Дали има фајде и тоа да се направи? Што, кога секако нема јајце клетки?
Profertilot e dobar, dosta skap a mala doza ima od site vitamini vo nego. Spored mene e podobro odelno da si gi kupuvas i da gi primas vo pogolema kolicina. Soprugot go pie profertil za mazi, nema problem so spremigramot ama ajde da go pojacame. Bas kje vidam rezultati, se spremam za ivf vo sleden period.