Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анти-Милеров хормон (АМH)

Дискусија во 'Бременост' започната од Sesil, 25 јануари 2018.

  1. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    704
    Супер тие резултатот те читав на друга тема спермограм дали имате направено и проодност на јајоводи т.е хсг овие две работи се доста битни покрај добри хормони.
     
  2. bearrr

    bearrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Да да, имам направено уште во 2019, двата се проодни.. се е во ред ама ете не бива...
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    704
    Јас би ти препорачала чисто да одиш на консултација кај некој ифв доктор колку да те прегледа и да ти кажи понатака што да правиш и да испиташ.
     
  4. bearrr

    bearrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Да знам, планирам да одам. само првен пак да направиме уште еден спермограм за секој случај оти првиот кај матичната го правевме
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Убави жени... Имав претходно пишувано за блиска особа која искуси два миседа последователно и веќе почна да испитува што треба. Тие анализи за крв и биле во ред, чека резултат од други не знам како се викаа пак нешто генетско. Е сега го испитала и овој хормон и е 1.48. Што мислите според искуства дали е добар?гуглавме нешто самите меѓутоа не е секаде усогласено. Ќе оди на консултации секако ама во меѓувреме ете...
     
    На Dalia123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    4.391
    Пол:
    Женски
    AMХ хормонот укажува на резервите на јајце клетките. Сите ние се раѓаме со ограничен и различен број на јајце клетки и како поминува животот така ни се трошат. Па така обично со годините се намалува оваа вредност, а голема улога игра и стилот на живот од аспект на исхрана, пороци, дебелина и слично. Има ранг за кои годишни граници колку е нормално, но сепак за ниски оваријални резерви се сметаат вредности под 1. Висок АМХ не гарантира добар квалитет на јајце клетките и обратно, немора да значи дека ако некој има ниска резерва дека има и лоши јајце клетки. На крајот на денот потребна е само една здрава! Со здрав начин на исхрана и живот и примање на суплементи одредени од доктор можеме да влијаеме врз квалитетот на јајце клетките.
    Причини за спонтани абортуси има повеќе: лош ембрион поради лош квалитет на сперма или јајце клетка, хромозомски пореметувања на плодот, проблеми со коагулација на крвта, разни проблеми со матката како неправилна форма, септум, миоми и сл, автоимуни заболувања, проблеми со тироидата, инфекции…А за жал, некогаш и мајка природа така решила, а и медицината сеуште не е стигната до тоа ниво и отприлика само 50% се шансите да се открие вистинската причина за спонтаните…Незнам што се тестови има направено другарка ти, јас сум со 3 спонтани и ќе ти кажам јас кои ги направив:
    хромозомско испитување на плодот, кариотип, генетски мутации, имунолошки тестирања за автоимуни болести, TORCH за испитување на инфекции, витамин Д, хормони, ХСГ за да се проверат тубите и формата на матката и ако има потреба хистероскопија.
    Се надевам дека другарка ти брзо ќе се радува на бебче во раце!
     
    На Anyshka и felisitas им се допаѓа ова.
  7. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    5.401
    За годините ти е одличен.
     
  8. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Многу ти благодарам за исцпниот одговор. Се работи за братучетка со која сум ептен блиска и некако како за себе го доживувам сето.
    Инаку она имаше два миседи, губи плодот срцева акција некаде во 2 месец. Правеше испитувања некои се добри, ги доби веќе за некои сеуште чека.
    Конкретно за овој хормон се изненадив колку различни работи прочитав: дека означува резерва но не и квалитет како и што пиша ти и дека не се покачува, потоа сосем различно дека се произведуваат всушност секогаш јајце клетки ама не зреат во одредена возраст за што е показател хормонот, демек означува колку има функционални јк а со терапии тоа може да се смени.
    Ми влезе и мене на мисла дали да си испитам со оглед на возраста. Имам веќе едно дете ама ме фати шубе.
     
    На Hygge-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    4.391
    Пол:
    Женски
    Некогаш и колку помалце знаеме толку подобро. Овие испитувања ни носат толкав стрес, што може повеќе лошо ни носи од добро. Верувам дека третина жени ако земат да испитуваат работи што се испитуваат кога имаш мака со инфертилитет ќе имаат нешто, а при тоа родиле здрави и прави деца. Знам примери и со прениско АМХ како 0.02 што останувале спонтано бремени. Јас би ти рекла да не се оптеретуваш со тестови доколку немаш потреба зошто влијае на психа, а секако неможеш баш нешто да смениш освен да припазиш и да се држиш до некој поздрав начин на живот, што секако е добро да го применуваш без разлика на АМХ вредноста. Сепак ти си знаеш најдобро и си одлучуваш како ќе постапиш :)
     
    На felisitas, Bejb15 и Shekerka55 им се допаѓа ова.
  10. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Dobar e, mnogu dobar
     
    На bearrr му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kitsune

    kitsune Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2023
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Девојки АМХ 1.85, имам 36 години. Имате ли позитивно искуство со природна бременост со вакви вредности?
    Ме загрижува дека пишува на резултатите ниско ниво, матичната вика за моја возраст е ок. Изначитав по форумов се, ама пак некако ме фаќа паника и очекувам да ми кажат дека ќе треба инвитро да се прави.
     
  12. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Амх е супер посебно за твои години, но веројатно наиде веќе на објаснување дека сам по себе не кажува многу, битно е и какви ти се останатите хормони што се испитуваат на трет ден.
     
    На Radost i ocaj и kitsune им се допаѓа ова.
  13. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    704
    За твои години е супер твојот амх јас на 34 год. имав амх од 0.4 па останав природно бремена на 36год. требаше инвитро да правам ама во меѓувреме дури го чекав ваучерот останав природно бремена но за бременост влијаат и останатите хормони посебно тироидна и пролактин, спермограмот на сопругот, проодност на јајоводи, тенок ендометриум, квалитетот на јајце клетките кој со текот на годините опаѓа и други фактори.
     
    На Radost i ocaj, tina2018, Bejb15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Matteaa01

    Matteaa01 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki. Imam 31 godina a rezultatot od AMH mi e 0.7, ostanatite hormoni se vo red site. Bidejki go ispiuvav drzavno, dali da go ispitam privatno sto mislite? I dali so nekoja terapija se vlijae na podobruvanje? Mnogu vi blagodaram ❤️
     
  15. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    1.204
    Пол:
    Женски
    Nemas potreba od privatno. Niska e vrednosta megjutoa ne e nevozmozna za prirodna bremenost. Jas so poniska vrednost od tvojata postignav prirodna bremenost . Vazen e i brojot na antralni folikuli na vtor den od ciklus. Da se zgolemi vrednosta tesko, moze da se pidobro kvalitetot na jajce kletkite no toa so doktor konsultiraj se .
     
    На Anyshka и Matteaa01 им се допаѓа ова.
  16. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    704
    Нема потреба да го испитуваш на приватно многу е скап според мене, амх не можи да се покачи со никаква терапија тој е показател за резервата на јајце клетки кој со текот на годините се трошат но со водење на здрав живот без стрес можи да се подобри квалитетот не квантитетот на јајце клетки без цигари, алхохол па и кафе пешачење, возење со точак, избегавање на благо и бел леб и пецива, газирани сокови, брза храна, многу овошје и зеленчук и риба сево ова допринесува да се подобри квалитетот на јајце клетките иначе има и витамини кои се пијат за подобрување на јајце клетките но тоа со доктор.
    Поради кои причини го испита овој хормон? Колку време пробувате да останиш бремена?
    Јас кога дознав дека имам амх од 0.4 психички ептен се пореметив си мислев готово никогаш нема да останам бремена па останав и тоа природно на 36год. многу жени останали и со помал амх некои и со амх од 2 не можат да останат бремени многу е побитен квалитетот на јајце клетките не го бројот на јајце клетки.
     
    На _Vera_, Sunrise!!!, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Matteaa01

    Matteaa01 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Fala mnogu ❤️ a kako se ispituvaat antralni folikuli ?
     
  18. Matteaa01

    Matteaa01 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Go ispitav po preporaka od doktor zosto edna godina se obiduvame no neuspesno. Site rezultati se dobri, kanali, spermogram i ni preporacaa i ova da se ispita. Iskreno mn se razocarav od rezultatot, na eho imam dva tri folikuli i rastat do 20 mm, mens redovna, ovulacija imam no ova me zagrizi mnogu. Sakav da go ispitam privatno zosto imav iskustvo so razlicni rezultati za prolaktinot prethodno. Definitivno pomalce stres treba i pozdrav zivot. Fala ti mnogu za odgovorot ❤️
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    704
    Мој совет тие да одиш на консултација кај доктор Иваноски во Систина ќе те види на ехо и ќе ти кажи понатака што да правиш дали инсеминации дали инвитро кои витамини да ги пијаш многу стручен доктор е да не си го губиш времето по матични.
     
    На Anyshka и Matteaa01 им се допаѓа ова.
  20. Matteaa01

    Matteaa01 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Falaa ti mnogu mi vlea nadez deka si ostanala prirodno so nizok amh, si pomisliv deka nema nadez za prirodno so vakov rezultat ❤️ Da ke odam sledno, po forumov sto citav megu nego i Dimitrov se mislam uste.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.