Еее одлично. Добро е што веќе може и преку фонд. Кој ти даде упут. Гинеколог,така? И до каде ти гласеше упутутот ако може да ми кажеш. Со точен термин беше, дата и час ?
Да да матичен гин.ми даде и е од оние упати без термин кој гласи на биохемиска лабараторија на ГАК (тие важат еден месец) а подоле беше наведено анти милеров хормон со шифра нешто "bo..." како и другите хормони кога се испитуваат.
Информации за АМХ на ГАК Земате упат од матиченгинеколог до амбуланта 29 за стерилитет на ГАК, па од таму ви креираат упат за АМХ. Самиот систем не дозволува матичниот да издаде упат. Цената е 250 денари, резултат за 2 дена.
Зошто не дозволува системот? Ние пробавме во саботата. Дури и невролог може да издаде упут, системот дозволуваше
Незнам бубче, сестрата се изнамачи ми вика види, не го дава воопшто како хормон кој може да се испитува со лабораториски упат. Ми даде обичен упат и со него отидов во лабораторија и они ми рекоа дека матичен не може да издаде, мора од кај нив од амбуланта. Со упатот што го имав од матичната за преглед отидов во амуланта 29 и они ми креираа упат за АМХ. Е сега кога отидов во амбуланта баш кажаа дека е така, зашто неможе кој ќе му текне да испитува, туку кај што имало потреба они ќе одлучиле.
Аман бре , они ќе одлучеле. Не знам. Јас додуше не сум земала упут,ниту па сум била да испитам таму. Само пробавме да видиме дали ќе го даде како опција. И го даде . Баш ќе пробаме деновиве дали ќе се одштампа, можеби па одпосле ќе излезе некој проблем. Важно постои како опција да се испита на државно,редно време беше
Незнам, пробај види, ако не земи си упат од матичниот гинеколог. Па богами не е исто 250 денари и 4000-5000
Јас мислам до докторот е мојот претходен док.не знаеше да отвори тироидни хормини да селектира . Кај мене помина директно до ГАК биохемиска лаб. И не е тоа од незнам кога значи пред 7 дена беше... @Melek 36 да не владеат лошо со комјутери таму кај што одиш?
Јас бев по упат за АМХ кај мојот матичен, немаше термин за Амбуланта за стерилитет. Ќе одам да испитам хормони у Државна, па ќе прашам како зашто нема термин и како да гласи, сестрите рекоа нема од кај нив упат.
На грешно место ве упатуваат затоа не дава системот. Ова е од мојот упат...требаше да го сликнам упатот не ми текна тогаш...сигурно ќе беше од помош. Не треба термин за во лабараторија. Т.е треба во лабараторија да ве пратат а не во амбуланта.
Па ќе одам во лабораторија, не можеше за таму да ми даде упат баш за тој хормон, другите ќе ги испитам на Мед. Биохемија.
Лошо искуство со 3. спрат Гинекологија, и пак не сфатив до каде треба упатот, началничката се раздра како не знае мојот доктор, ќе го отерала кај што не треба. На крај ми даде друга докторка упат до Амбуланта 34, се симнав доле да ми стават печат, па ме боцнаа во лабораторија. Ме прашуваа дали сум била кај нивен доктор, реков кај др Роса, ама си излегов од кај неа. Така да, пак препрашајте во амбулантите доле како треба да гласи упатот.