И јас сум ист случај, да ти дадам надеж. Јас со амх 0.2 успеав природно да останам, сега сум 5-ти месец. Баш тој период поднесов документи и за втор ваучер, ми бараа амх дополнително да доставам, истиот период кога ми излезе резултатот имав и позитивен тест за бременост. Ти посакувам среќа, а и јас би ти го препорачала Иваноски исто.
По препорака од Митко пиев метилирана фолна од 1000, мака, q10, dhea, метилиран б12 и витамин д3 од 2000 ама ова дека сум со дефицит.
Откако отиде прв пат кај него ти ги препорача? Прашувам зошто и јас имам термин кај него, пиев Елова, инозитол, коензим, метилирана фолна, б12, д3, инозитол, мака, дхеа, некои од нив ми завршија и ги прекинав, тешко ми беше на желудник, се мислам дали и фолната да ја прекинам при крај ми е, јас на своја рака, само еловата по препорака од ендокринолог.
Да, по негова препорака почнав, претходно само метил фолат, дхеа и витамин д кога бев уште кај Трајковски. Уствари на своја рака не сум зимала ништо. Само витамин д ми беше исто препишан од ендокринолог.
Јас се двоумев помеѓу Трајковски и Ивановски, кај Трајковски бев за 4Д ехо само и не ми остави добар впечаток, сега закажав кај Ивановски па ќе видиме. Јас се на своја рака, па мислам да прекинам малце додека отидам кај Ивановски.
Zdravo na site, ispitav AMH pred nekoj den drzavno pisav i vo grupava rezultatot mi bese 0.7, deneska ispitav Avicena 2.09 mi e. Da ne znae covek na sto da veruva...Sakam da kazam poarno i privatno da se ispita posto drzavnive moze i ne se tocni.
Najubavo e ginekolog da te pregleda na vtor/tret den od ciklis. Ako imas dovolen broj na antralni folikuli nemas gajle. Amh e vrednost kade e tocna ne se znae.
Da ke odam. Muabetot mi bese deka ima razlika vo rezultatot i pokraj toa sto maticnata mi rece direktno invitro i bese ubedena deka nema da ima razlika. Poveke veruvam vo Avicena duri i da bese obraten rezz.
Е сега јас на пример имам нешто слично, во Синлаб добив резултат 2.77, во Авицена 4.1. Колку што прочитав на резултатот во Авицена пишуваше AMH ултра сензитивен, па можеби е поосетлив и дава поголема вредност. Не знам...
За што точно ти ја препорача ендокринологот еловата? Кај мене се работи за ниска вредност на ЛХ на 14ти ден, ама нема термин за ендокринологија.
AMH 1.04ng/mL за 26 години.. по гугл што читав ова е вредност за 40год не за 26 треба ли да се замрзнат клетки? Колку време останува до менопауза.. некој совет
Полека без паника драга амх само како вредност не е знак за аларм. Неколку фактори се во игра. Плус, ти си млада, што ти оди во корист. За менопауза има време. Ако ти е страв ид рана менопауза, таа најчесто е наследна. Најнапред испитај хормони на трет ден. Не е само важно колку е амх, туку и фсх и е2. Исто така оди на гинеколог да те види како стоиш со антрални фоликули. И потоа со сите резултати не е лошо да одиш на консултација со гинеколог кој е специјалист за репродукција. Млада си, дури и да немаш многу ј.к. тие ќе бидат поквалитетни отколку на некоја 40+ со повисок амх. Важен е квалитетот, квантитетот нешто помалку. Убаво што сакаш да испиташ кои ти се опциите. Затоа што жените мошне често доцна дознаваат за проблеми со фертилитет, кога опциите им се доста намалени.