Јас пак на гак коа испитував хормони не ми беа точни, повторив после во две различни лабаратории од кои една беше биотек и испадна на гак не беа точни. Ама стојам дека хормоните варираат па може и затоа. Плус секоја лабараторија има свои референтни вредности.
И јас имам слично лошо искуство на ГАК, нереални вредности за хормони, а потоа проверени истата недела зошто не ми беа верни резултатите во две различни лабаратории и врска немаа. Со Биотек имам само позитивно искуство и ако на некој верувам од лабараториите тоа е на нив, докажано за мене веќе 3 години. Да не зборам дека само во Биотек не ми прават модрици и никогаш не ме пребоцкале за разлика од Систина и Авицена што нема еднаш да отидам, а да не ме направат партал
Со упат од матичен, или приватно во Авицена, 2.900 беше. Мене гинекологот ми даде упат за во МАНУ, платив 450 ден.
Здраво, дали амх 3.06 е добро, ваше мислење. Имам закажано кај Димитров ама до вторник нема да можам да се стрпам. Направено во Авицена.
25 years old: 3.0 ng/mL. 30 years old: 2.5 ng/mL. 35 years old: 1.5 ng/ mL. 40 years old: 1 ng/mL. 45 years old: 0.5 ng/mL Еве некои вредности од интернет.
Читав наназад баш сега и други мислења... тоа е , ќе видиме што ќе каже лекарот, се спремам за иуи/ивф па ќе видиме ...
Да не се оптеретуваш со амх бидејќи јас мислам на психа ме удри. Во спиење сум се будела и кога ќе почнам да мислам леле амх 0.5 ,нема да направам ништо.,нема да се остварам како мајка ама..... Слава на Бога ,на Мајка Богородица и Св. Василиј Острошки во мај ги поднесов документите за втор ваучер , а сега веќе по природен пат останата бремена. Чуда се случуваат. Една од многуте терапии што ги пиев е и Овариамин-руски апчиња. Кој може да ги набави, а има проблем со амх ги препорачувам. Кога бев на консултација кај Лазаревски и го прашав дали може да ги пијам ,го прочита составот и упатството и ми одобри.
Честитки и нека ти е со лесно! Колку години имаш ако не е тајна? Чисто онака ме интересира, јас би сакала второто да е природно, па бидејќи веќе имам 39 години, ќе се пораѓам со царски, што значи плус две години ќе треба да поминат... Амх ми е добар мене (2.77) ама сепак си викам дали има шанси над 40 да се остане природно, па макар и со добар амх...
Нормално е тоа, да се секираш и да размислуваш, ама некако не знам како да објаснам, уште кога тргнавме по овој потешкиот пат, со испитувања, консултации, болници итн. ме води некое позитивно чувство и имам некаква интуиција дека се е во ред и дека немам простор за паника, па така и овој резултат не го земам здраво за готово, некако сметам дека си го познавам многу добро телото и дека ова чувство не ме изневерило и дека не е ова така црно... не знам како да објаснам, да не звучам чудно позитивна сум околу сето ова (а во принцип сум реалист, настроен кон песимистичката страна на нештата)
Да ,само во Русија. Сега со војната многу е потешко. Провери дали може вака да си ги порачаш и прочитај си коментари од жени што ги имаат нарачувано.
A nekoj da spodeli iskustvo so laboratorijata vo Plodnost? Pred 3 god amh mi bese 3 i nesto, a sega 0.09. Vednas mi predlozija invitro? Dali e mozno da gi davaat netocni za da te ubedat na inv? Inaku ova bese cisto rutinska kontrola , dosega se pazevme ama pocnavme da planirame bebe taka da sakav da ispitam se. Inaku od togas pominaa 3 meseci i seuste ne sum ostanala bremena.