Јас под итно би испитала на друго место. Не е можен толкав пад за 3 години, особено ако не си поминала стимулации. Како докторот го објаснува ова, баш ме интересира? И јас сум со низок амх и ова за мене е загрижувачки.
Здраво дечки, има ли некој искуство со Impryl таблетите? Имам низок Аmh, спремам инвотро и чекам ваучер, па ако можам нешто да направам да го подобрам, барем малку Исто така, било какви предлози и совети од слично искуство многу би ми значеле
Имприл се витамини. Јас пиев пред трансфер и до 10 недела од бременост. За амх не знам колку би ти посебно помогнале.
Здраво девојки, нова сум. Знам!.. Ми требаа многу години за да се зачленам. Гледам повеќето имаат доста познавање, па ми треба мислење од вас. Денес правев АМХ и ми стигнаа резултатите. Дали може некоја да ми каже дали е во ред ?
Намалена е оваријалната резерва за жал, ама не е трагично. Јас имам 34 години а мојот амх е 1.0 што е исто така намалена резерва. Амх се испитува за да лекарот добие некое сознание за нашата оваријална резерва, спрема тоа да одлучува со кој метод ќе не лекува или каква терапија ќе ни дава. Многу поважно е на фоликулометрија да имаме квантитет на антрални фоликули и со правилна исхрана и суплементација да го подобриме квалитетот на јајце клетките. ❤️
Да. Ако не си од Скопје, а во твојот град не го испитуваат тогаш ќе мораш во Скопје на Гак, или пак некаде на приватно, околу 4000ден е.