Zdravo Denes dobiv rezultati od Amh, 5.49 vo ramkite na 0.41-6.96. Skoro Bev stimulirana za iui, nekako visocko? Nekoj so slicen problem?
Апчињата се руски ,инаку вчера пријателка ми кажа дека имало аптека во Ќустендил која можело да ги порача од Русија.
Ако планираш следните 2 години да оствариш бременост по пат на ивф,овој резз е сосема добар за на толкави релации . А ако планираш да правите дет спонтано , тогаш можете да се опуштите уште 3-4 Год сигурно. Ама за ивф овие рез на амх е меѓу подобрите .не е висок и потенцијал за ПЦОС па да извадите една табла јајца , но не ни многу низок за да не би можеле да добиете некоја оптимална бројка на јк ( околу 7-9) Се разбира ,со избор на најдобриот доктор за тебе
Сите доктори значи различно кажуваат . Ама еве мене ми се покачи .не се сеќавам колку ми се покачи ,ама не беше нешто минимално со оглед дека ми беше баш низок -0.1 чинам ми беше. И мислам дојде до 0.7 Не памтам точно треба да се барам со лупата . Пиев дхеа и по 10 кг разноразни суплементи . Испитани не доиспитани ,јас пиев све што ќе слушнев и прочитав
Па не само докторите, и тука прочитав дека не може да се покачи, само со правилна исхрана и сумплементи да се подобри квалитетот на јк. И јас пијам микронизирана дхеа и многу други сумплементи препишани од ивф доктор, и се што ќе слушнам чаеви, смокви во маслиново, мед со јаткасти плодови иако не можам да поднесам мед. Се што ќе прочитам и слушнам пијам.
Знам дека и тука се поделени ставовите . Ама и на докторите им се поделени исто . Двајца ми велеа Не може , други двајца може . Јас сум на пола , и мислам дека може ама и мислам дека не може. Али факт е дека кај мене се покачи . Мерен во иста лабарторија .
Па тука имаше и на една членка и беше покачен за неколку месеци пак кога го испитувала, исто и мене, затоа не знам во што да верувам. Матичната ми кажа не можело да се покачи, сега не сум го испитала и не би се замарала со тоа, удира на психа некако, вака што биде нека биде. Кога ја прашав како може да ми се покачи, ми кажа можно да е грешка некоја, во иста лабараторија испитував.