Здраво, докторот ми рече да испитам AMH овие дена. Циклусот веќе ми е завршен и сум веќе 3 месеци со терапија Јасмин. Резулатите ќе бидат веродостојни или .... Дали некој правел резз на 9,10 ден од циклус и со терапија. Бидејќи цената е прилично висока. Поздрав
Јасмин се контрацептиви? Ако да, тоа може да има влијание на резултатите и лажно да ја намали вредноста. Да го препрашаш докторот? Зошто ќе испитуваш амх, ќе почнуваш некоја процедура ifv, iui? Инаку, нема врска кој ден од циклус е. Како што кажа членката погоре, земи упат од матичен за клиничка биохемија или Гак и испитај за 250 ден. Јас испитував крај на Август на клиничка, имаа реагенси.
Да па ќе почнам со IVF спремам документи. По втор пат. Не сум од Скопје а Охрид и Струга ги нема само на приватно. Предходно последните години имам правено лапароскопија, хистероскопија, отворена миомектомија, се надевам и нема да има потреба веќе. Хормонот прв пат го испитувам предходно не ми побараа во Плодност во Битола. Сега сум во Систина.
Прашај во Вевчани дали го има хормонот една членка имаше напишано дека таму го испитувале на државно.
Јас со 0.02 со мои ми одобрија ваучер за инвитро, и со тој прв, еден обид имам бебче 3,5 месеци Не губете надеж
Е да, јас со молба барав еден прв ваучер, вториот ми рекоа уште тогаш дека ако барам втор може само со донирани јајце клетки да одобрат
Mene I prviot mi bese so donirani pa prigovor I sega za vtora se nesto mi Baraat isti rab samo da ne odobrat
А зошто првиот? Нели даваат со молба првиот да биде со сопствени јајце клетки? И покрај ниското амх мене ми дадоа.