Лично на темава една членка сподели дека од 0,20 амх , го довела до 1 кома нешто. Само не знам шти пиела.
Ако се покачи на хартија не значи дека бројот антрални фоликули се зголемил. Од искуство ти кажувам. Доволна е една јк за успешна бременост.
Ве молам за поскорешно искуство: Амх на клиника каде се испитува? Пр ако е кл.биохемија упат од матичен гин. За клиничка биохемија ли треба, со означено за АМХ, или до некој друг? Нели порано се одеше во некоја амбуланта таму, па на земање крв?
Да на клиничка биохемија, со упат од матичен гинеколог. Инаку може да се испита и на Гинекологија, ама мојата матична ми има кажано дека директно за таму не може да ми даде упат (морало преку доктор на ГАК). Да прашам, дали некој знае дали добија реагенси на клиничка за АМХ? Од декември месец чекам
Утрово бев и ми зедоа крв. Резултатот за 2 до 3 дена кај матичниот гинеколог на мој термин нешто . 550 ден амх и уште не знам кој хормон .
@VSkopje можеш ли накратко да опишеш како е процедурата на ГАК? Каде треба да се отиде? Амбуланта некоја прво или?
Одамна бев јас ама по сеќавање ќе се обидам да ти помогнам. Главниот влез на ГАК, поминуваш покрај шалтерите лево, и ќе видиш столчиња за седење, ќе ги одминеш нив па има како мало ходниче, и пишуваше на вратите лабораторија. Ќе забележиш има простор за оставање книшки. А за да ти завршат работа, со упат за Клиничка биохемија, овие од Гак, ептен ако се расположени тоа
Секако. Мојот матичен гинеколог ми даде упат , и појдов на шалтерот за наплата (првин плаќаш, па во лабараторија ) лево по ходникот . Резултати за два до три дена ми рекоа кај матичниот гинеколог на меил на мој термин нешто не разбрав баш. Пред да ми земат крв мр прашаа дали пијам некакви хормони , им реков дека не (и стварно не пијам) пијам само витамини: Д, Ц, Прегнатол , Овунорм , Мака , мед од еден билкар и тоа . Циклус дали имам, да трет ден ми е, на трет ден од циклус се проверува тој хормон и тоа.
Фала ти Ми беше важно тоа, дали право во лабораторија се оди, зошто порано се одеше во некој амбуланта првин, ако добро се сеќавам, соба бр.20 или така нешто беше. Инаку, АМХ се проверува на било кој ден од циклус, не е врзан со циклусот, секогаш е ист. Среќно!
Извадив и за таму упат во меѓувреме, спремна сум. Книшка да најдам само, оти со години не знам кај ми е
Ехее немаш гајле тогаш, ти наоружана ќе одиш дај боже и понатака да не знаеш. Јес да па тоа значи си фрламе пари на приватно се спремаш пак за биг деј? Да не се чудиш од каде знам, те имам читано во нашата тема
Хаха, Се загревам Двапати трчав по упат денес. Не сум од Ск, не можам да ризикувам да не завршам работа. И јас те имам читано, Паталци Да се усреќиме сите поскоро
Убаво си направила, со нив мора да си спремна на сè Ќе те ѕиркам јас ти посакувам едно ќере ко моево, бесно и симпатично, да не можеш вода да се напиеш