Никаде не испитуваат на државно на друго место, за жал... Можеш било кога да испиташ, независен е резултатот од циклусот. Опција брза и најсигурнс ти е Авицена, ама многу е скапо, околу 3000 денари.
Имате во секоја приватна лабараторија на државно има само тука за жал. Ми збореле дека Авицена има најдобри и најдетектабилни реагенси. Мене на биохемија ми излезе 0.08 на 34 години мислев да не е грешка но сега и фсх ми е 28.6
Видов на интернет во Лабораторијата на Санте плус е 3300 ден. Но, штом препорачувате Авицена ќе испитам таму.
Мене ми е АМХ 8.11. Границата ми е до 7.37. Сите останати хормони ми се уредни. Освен витамин Д3 што ми е на долна граница. На ехо не ми гледаат сега полицистични јајници, а пред десет години имав поставено таква дијагноза (пиев терапија). Сега прашањето ми е дали има некоја искуство со ваков АМХ и дали евентуално ова може да има врска и со тоа што мајка ми е близнак? Хелп.
Не укажуваат резултатите на пцос иако вака висока вредност на амх е индикатор. Така да веројатно имаш одлични резерви и тоа е супер
Здраво девојки. Да прашам, доколку се одлучам првото инвитро да е со природен циклус (Амх 0.686 пред 2год,сега немам испитано), дали доколку би било неуспешно, при повторно поднесување на документи до комисија во ФЗОМ за вторваучер, би ми барале повторно да испитам АМХ?
Здраво девојки, Дали има некој апчиња Овариамин, а да не му се потребни или пак има начин да ми помогне да ги набавам од Русија ?
Јас имам 2 пакетчиња со рок на употреба 2028, јас ги платив 20 евра пакетчето. Дококу ги сакаш пиши ми во порака
Во врска со амх, пред 4 год ми беше 0.09, пред неколку месеци ми беше 0.1, во меѓувреме досега пиев црвена мака, хиро инозитол, вит д, е, омега 3, q10...и во рок од 3 месеци останав бремена.. не се откажувајте и не одете веднаш на ивф, и мене уште лани ми рече Таше со ваков амх нема да можиш природно да останиш ама еве можело...
Исто,моето беше 0.686 пред 2 год. По 3 неуспешни инсем.,останав природно бремена,исто ,со црвена мака,и доста поздрав начин на исхрана.