Не бе, зошто да си ги даваш парите. Побарај и упат и ќе си испиташ за 200-300 денари, а може и помалку. Не треба никаква индикација. Поголема индикација од тоа да се обидуваш година и пол за дете и да не сака да се фати нема. Барем да си знаеш до кај си со резервите. Во почетокот кога правев испитувања се изнадавав пари за се на приватно, и апчиња и глупости, и после кога видов дека процесов трае, сфатив дека треба барем на вакви испитувања да заштедиш ако можеш.
Здраво на сите! Сакам да испитам Антимилеров хормон. Ме интересира каде сте го испитувале и колку ве чинело? Дали во Скопје на Клиника може, како оди постапката дали матичната ми дава упат? Како да знам точно дали има реагенс или како и да оди тоа? За колку време резултат? Прв пат испитувам многу ќе ми е од помош некој да сподели. Благодарам однапред
Јас испитував два три пати хормони на клиничка биохемија не ми е јасно зошто ни еднаш во упатот не е пишан амн хормон? Сами ли треба да бараме да се испита?
Дали 2.2 се смета за низок или нормален АМХ на 29г? Вредностите се 0.17-7.37 ФСХ - 9.7 ; ЛХ - 5.0 ; ТСХ- 1.59