1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апаве СЕЕ - Африка

Дискусија во 'Барање работа' започната од Angelmkd91, 15 април 2018.

  1. Angelmkd91

    Angelmkd91 Нов член

    Се зачлени на:
    15 април 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво сакам да прашам дали некој е запознаен со оваа фирма да сподели искуство.
    Почетна плата какви се условите гледам имаат огласи доколку некој знае може да сподели мислења па и да активираме оваа темата доколку некој друг би сакал да знае нешто повеќе за оваа фирма
     
  2. vlatko spasovski

    vlatko spasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Машки
    каде имаат огласи
     
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.452
    Пол:
    Женски
    Имам пријател што работеше за нив во Африка, го немам скоро видено но последен пат кога зборевме ми рече дека е задоволен.
    Е сега, тој со години работи за нив, почна од не многу импресивна плата за тoа што го работеше, плус па во Африка, ама го биваше човекот и сега е задоволен. Си купи и стан и кола и се што посака..
    Треба добро познавање на англиски и стручна терминологија, не само основен англиски и работно искуство.

    Дечкото конкретно е машински инженер.
    Освен инженери порано друго не вработуваа. Сега не знам.

    Со среќа.

    Каде има сега оглас, не знам.. ама секогаш е добро да им пратитe CV да ве имаат во база.
    recruitmentsee@apavesee.com

    @vlatko spasovski
     
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.902
    Пол:
    Женски
    Имам една другарка која работи таму. Точна плата ми нема кажано но од некои други лица имам слушнато дека не станува збор за некои добри суми од старт. Но со тек на време покачуваат. Напорна е работата, знам дека со месеци престојува во Африка. Периодот кога се таму мислам дека земаат и плус некои дневници. Девојката е задоволна, еве скоро две години работи таму и нема намера да напушта во скоро време. А за примање не биле проблематични, баш им фалел кадар и ако исполнуваш услов за соодветно образование и познавање на англиски немало потешкотии за да влезеш. Обиди се, не губиш ништо. Ако не ти се допадне не си обврзан да останеш.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MarijaLovee

    MarijaLovee Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    И јас знам дека на почетокот платата не е висока ама со тек на време напредуваш, 3 месеци таму тука 1 и идеш на предавања за сертификати и обуки колку повеќе сертификати толку поголема плата, а сега незнам какви се условите знам дека имаат тука канцеларија...
     
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Знам луѓе кои работат и се задоволни. Од друга страна, познавам и дечко кој закачи маларија па со месеци се бафташе по болници, што таму, што тука. Друг па пратија во една афричка земја со фалсификувана виза, па заглави таму три месеци во затвор. Секој со својата среќа е работава, изгледа. :D

    Шала на страна, ако си за таков тип на работа, подобро обезбеди си сертификати самиот па барај вработување директно у некоја странска фирма, ова македонсково APAVE (т.е. југоисточно европско) ми е малце као шејди ворк енд травел. :)
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Моја другарка работеше во Африкаа 2 години и потполно беше задоволна од таму. Од работа па до сместување, луѓе и плата арно ама се појавило маларија и од страв се врати во Мкд.
    Кажа дека многу луѓе се испоразболеле и дека многу тешко се лечи, мислам дека работеше како чувар во некое друштво за животни.

    Сепак Африка е топла земја улога има и тоа како ќе се навикнеш на тие работи.
    Почетната плата не е многу што значи не се преценуваат за да привлечат работници така што понатака се зголемува во зависност од твојата способност.
     
  8. Marijan88

    Marijan88 Нов член

    Се зачлени на:
    17 април 2018
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Мене ми се јавија за на интервју да идам во текот на следната недела во апаве во канцеларијата што е во скопје, се иде мислам дека 15 дена на копно 15 дена на платформа мислам дека се занимаваат со некој мерења и испитувања кој и дека веќе имаат акредитации. 3 месеци си таму 1 месец тука но тука идеш на обуки и на семинари за добивање сертификати и лиценци. Таму се работи за мерење на електрични величини и температура на почеток платата не е голема како што мислат некое но после секоја година сигурно ти се качува зависи од твоите квалитет искуство итн.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marijan88

    Marijan88 Нов член

    Се зачлени на:
    17 април 2018
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Дали некој бил на тестирање во апаве во скопје за магнетно испитување и пенетранско испитување кој бил нека пише ќе ми заврши голема работа фала однапред
     
  10. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    и
    и јас познавам еден машински инженер што има работено кај нив, генерално задоволен
     
  11. jok21

    jok21 Нов член

    Се зачлени на:
    21 март 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да прашам дали може некој да сподели искуство од оваа компанија?
     
  12. Missromance

    Missromance Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    I znae nekoj, kako se odvivaat intervjuata, testiranjata vo ovaa kompanija?