1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апарати за домаќинството

Дискусија во 'Дом' започната од Trendafilka, 2 октомври 2011.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Свежо инспирирана после утринското цркнување на мониторот на мојот компјутер |( ја отворив оваа тема за да споделиме искуства околу апаратите во домаќинството.
    Имено, колку водите грижа за истите? Дали купувате поскапи / поевтини и како сте задоволни од нивниот век на траење во споредба со некои антики кои се' уште ги имаме од минатото?
    Имате ли брендови кои ги преферирате и откако ќе се расипе некој апарат - го носите ли на поправка или веднаш си купувате нов?

    Јас морам да признаам дека мразам носење работи кај мајстор, од чиста причина што се бавни, наплаќаат некои чудни суми, а кварот можеби е минимален, па ако имам услови одам и си купувам веднаш ново.
    Евентуално ако имам некој близок и познат да го ѕирне и реално да каже дали има чаре, или да не му ја мачиме душичката.

    Пред некој ден откажа и пеглата, веднаш ја заменивме со нова, а татко ми инсистираше старата (која брои добри 20-тина години) да ја погледнел некој мајстор, може ќе се поправела :^) се додека скришно не ја земав и не ја фрлив.

    Луѓето денес не сфаќаат дека животниот век на траење на апаратите за домаќинството е скратен, поради фактот што има премногу избор, повеќе квантитет и аналогно на тоа - пониски цени, достапни за сечиј џеб.
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Немој да ги фрлаш старите апарати, Трендафилка, бидејќи се воглавно покажани како поквалитетни од поновите, баш тие купени на времето од пред 15-20 год. и повеќе како студент имав рерна од еден прастар ел.шпорет и таа беше најдобрата рерна во која сум готвела во живот. Сега на тема мајстори - добро е да се има некој близок инаку знаат да бидат и тоа како дерикожи, баш тргнувајќи од фактот дека повеќето мажи потчепкуваат низ дома по нешто, ама ретко кој лаик си игра со струја, а и не е за смеење бидејќи реално е опасно.

    Работев еден период и работа поврзана со трговијата на ел.апарати и се изненадив како голем број брендови имаат фабричиња низ Кина и Турција во кои се изработува скоро се‘ само во суштина и натаму во матичната фабрика се врши склопувањето. Така да колку за илустрација во италијанската марка Индесит на нашиот пазар и нема многу италијанско, може само работната рака :lol: .

    Точно дека е намалена цената на ел.апарати, ама и квалитетот не е истиот да земеме на пр. кај фрижидерите голем број од преградите се со толку слаби пластичиња што и без некој голем напор може да се скршат, уште малку и картони нека вградуваат како што тргнало :^) . Исто има намалување на димензиите на апаратите и ве убедуваат како штедат простор но пензионерите кои имаат ел.шпорет со тава 60 см, реагираат како не го собира во новите фрижидери и со право - потесни се повеќето (помала цена-помали димензии-послаб квалитет се‘ е тоа вкалкулирано).

    Во принцип просечниот век на траење на еден апарат се проценува во денешни услови на 5-7 год. ама реално ќе говорам посебно за машините за перење има голем број пријавени кварови во првата и втората година на употреба и голем број домаќинства се уште перат бели алишта на старите машини бидејќи модерните и нови машини со илјадници програми и штедливи во поглед на струја и вода не успеваат да постигнат белина на алиштата како старите кои се програмираа рачно.

    Во однос на марката треба да се бира солиден квалитет значи попроверен бренд, но и да не се запаѓа во мамка и со брендови бидејќи некои апарати од реномирани производители доживеале дебакл т.е. уште имаат висока цена, а не се покажале добри, значи добро е да се информира човек при купувањето.

    Исто околу цената големите дистрибутери на годишно ниво имаат акција и може да се купи истиот апарат со разлика од неколку илјади ден. понекогаш што и не е занемарливо.

    И уште нешто претежно мултифункционалните апарати со повеќе функции се мулти - срање со извинение на израз, полоши во однос на поединечните.
     
    На sunfemina, Annath, ana-banana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Eве кога веќе Тренди отвори тема за апарати во домаќинството, јас сакам да поставам едно прашање :angel: .

    Сакам да купам некој убав фен, гледав на страната на Техномаркет- имаше многу избор и на крај не можев да се одлучам бидејќи освен што знам дека сакам да е со голема моќност како професионалните, друго од ништо не се разбирам :tmi: , а не сакам да се избрзам.

    Би ви била благодарна доколку ми препорачате некој од кој вие сте задоволни.
    Ми спомнаа некакво копче за ладен воздух, каква функција има тоа :^) ?

    И да, цената да биде до 1500 денари :)
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Тоа со ладен воздух е наместо топол да дува ладен воздух :D Имам ја на мојот фен такво, ама осеќам исто како промаја на глава.Посебно за во зима не би препорачала, глава ќе те здоболи.
    Од тоа што јас се разбирам би ти препорачала да земеш фен со јонизатор, убаво измазнува и со што потенко грло напред за убаво и лесно да ја фенираш ;)

    Во врска со квлитетот на денешните производи-зашто би било квалитетни кога секоја година вадат нови модели кои треба се продаваат нели :D
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    184
    :?: Еве овде е кажано све што би кажала и ЈАС да не се повторувам работам во продавница како што е погоре напоменато и само сакам да ви кажам дека 99% се изработени во Кина не зависно за кој бренд се работит секогаш во некое чоше побарајте дали пишуват П.Р.Ц. =P.R.C. произведено во република Кина ! :!: инаку квалитетот е = 0 јас нонстоп им кажувам на муштериите дека брендот е таков но им кажувам и за производствот за да не излезит дека ги убедувам да купет нешто и Јас да сум виновна дека сум ги убедила и насочила само и само да продадам .Ако случајно некој се вратит да се пожалит имат сервис вистина ама тогаш им велам ете ви реков јас на ваша одговорност го купувата ! А се продават не велам НЕ ! нели се доста поевтини и лугето сами велат ,,колку пари толку музика,,
    П.С. ви поисакувам среќа во изборот !
     
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.704
    Денес и да фрлиш пари,за било што,не само апарати,ќе го платиш само името не и квалитетот.Кај мене се покажало-како ќе ти се погоди.
    Имаме дома еден тостер од 80-тите,ви текнува?И ден денес работи,иако го заменивме.Најубави тостерки се прават на него :mm:
    Имам слушнато дека НЕО е најкрш марка.Но,за Скопје ми требаше поевтин телевизор за во станот.Купив Нео,од Техно Маркет,за некои 5000 ден.Ме служи ,да не го урочам.До сега,се нема случено да се расипе,едно 6 години го имам.За разлика од него,дома купивме поголем од 500 евра-Самсунг.Неколку пати се расипа и пак не го бива :worried:
    На времето кога беа на мода машините за садови миење,купивме,ни рекоа исклучиво Whirpool.Лупнавме незнам колку пари,за да искочи дека таа серија на машини не била погодена нешто :^) И така нон стоп по мајстори,кои доаѓаа од друг град зошто кај нас немаше овластени,па моравме да им плаќаме и пат.
    Стариот шпорет и фрижидер-сеуште не служат.Горење-незаменливо.А дали е така и денес,искрено се сомневам.Старата пегла Ровента исто незаменлива,иако мајка ми купи нова со пареа,пак и се врати на старата :) Добра марка е Ровента.Имам и фен кој се има погодено.
    Ете така-не важи денес колку пари-толку музика.Зависи какова среќа ќе имаш.
    Морам да додадам и дека не сум задоволна од Леов- чинам беа.Имаме дома бољер кој е катастрофа. :@ Загрева вода 100 саати и одма се симнува водата!Покажува дека има топла вода,а кога пуштиш вода се симнува стрелката нагло на ладно!Катастрофа.За разлика од стариот Горење уф,закон беше.Да дојдам до пари одма би и го сменила на мама тој од Леов! К-а-т-а-с-т-р-о-ф-а!
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Ровента е навистина квалитетна марка, посебно кога станува збор за пегли.
    Јас имам убаво искуство и со Северин, фенот ми е од овој бренд, го купив околу 1000 ден. лани од Рамстор и сум презадоволна, ни да трепне.
    [​IMG]
    2 брзини на дување, 2 јачини на топлина, плус има копче за стилизирање на косата со ладен воздух, и дифузер (иако не го употребувам).
    Има година дена гаранција, претходно имав едно фенче исто од Северин, душата му ја извадив за некои 600 ден. ме послужи скоро 4 години, ама секојдневно малтретирање.


    Пеглава што ја купивме е исто на Северин, па ќе видиме како ќе се покаже, откако последната на Ровента не послужи добри 20 години.

    Сум се изненадила пријатно од некои чкљ марки, како на пример Fuego - за тие пари, толку музика, немаат претерано лош квалитет, а од друга страна - телевизорот Нео се расипа едно 4 пати минимум, па одеше прилично на терапија.

    Понекогаш и јакиот бренд не ветува квалитет, дивидито Сони се расипа за неполни 6 месеци. :(

    Од продавницата за бела техника не предупредија дека каков тв да одбереме со рамен , т.е. лцд екран, животниот век му е максимум 5 години.
     
    На Annath и sesilija им се допаѓа ова.
  8. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Од сервисите за поправки на каквито и да било апарати сум :envy: Имат грдата пракса од оригинален апарат-расипан да му сменат расипаната част с естествено не нова, туку поволна, но здрава (земена од друг апарат) и од твоја ќе ти земат здравите части, ќе ти ги сменат со по стари и твоите ќе ги користат за смена на други расипани апарати. Имам пример со лаптопа ми. Го дадов на поправка пред 2-3 години, кога ми го вратиа се беше ок. После неколко месеца си ставив една програма за што имам во лаптопа по други причини и видов дека записвачката ми за дискове е на моторола, а лаптопа ми е асус и ми светна дека са ја сменили, а проблема не беше во записвачката за дискове, туку во уиндоуса...ама беше доцна веке... :@
    За тоа, ако ми е расипано нешто, или маж ми го поправја или во канта..и си купувам ново.
     
  9. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Какви машини за перење и сушење алишта имате дома и како сте задоволни од нив? Исто и од пеглите, ми треба некоја убава што не ги лепи алиштата при пеглање... Ајде да ве видам колку сте домаќинки :D
     
  10. KENdra

    KENdra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    женски и мене ме интересира каква машина за сушење алишта користите т.е која марка ви се има погодено и да не ги гужва алиштата исто ми е многу битно . Инаку ми ја препорачаа на Zanussi машината али јас викам чекај прво да се консултирам со моите девојки(феминки :lol: ) фала ви поздрав!!!
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Од моето искуство како домаќинка :lol: ама не очајна вака ќе ти кажам :!:
    Машина за перење ми се погоди ептен Бош. Ако земеш некоја со повеќе обртаи во сек. повеќе ќе ти ги тутка-гужва алиштата ама ќе ти бидат полусуви.
    Машина за сушење исто така ми се погоди Горење, само знај на која темп. да ги сушиш алиштата затоа што некои работи се ептен собираат. Ќе се зезнеш ендаш и потоа ќе знаеш ако нема кој да ти каже. Инаку сушат сите, ако не се суви на еден цел програм тогаш или си ја преполнила машината или многу биле мокри алиштата па ја повторуваш постапката на сушење.
    Пегла како пегла, имам Горење што ја зедов онака успат додека бев во Горење. За тоа не се потресувам многу многу зашто знам дека нема поубави и поквалитетни од оние старите - често и ја меркам на шнајдерката кога нешто шијам. Има од оние што се туч тешки ама кога ќе ја направат фалтата на панталоната и после 5 перења се познава. Овие новиве се лагарика ама вршат работа. За да не ти лепи пеглата ќе си пеглаш од опаку оние работи што имаат некакви слики или др. штампи.
    И така, сега е твој избор и се е Маде ин Малезија, Бангладеш :)
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Love.love

    Love.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    1
    Помош за очајни домаќинки

    Феминки ке ве замолам да ми кажете некоја квалитетна пегла што ја имате и сте засоволни од неа дајте мии модел ке ве самолам позз,,
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Помош за очајни домаќинки

    [​IMG]
    Презадоволна сум.
     
  14. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    184
    Помош за очајни домаќинки

    имам ЈАС наработа ваков модел ама од друга фирма мустеривки казувет дека биле убај ови ваквиве сто се со постолје кајмене најчесто ги купувет некој самостојни шнајдерки а ретко обични домакинки !
     
  15. Love.love

    Love.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    1
    Помош за очајни домаќинки

    дА таа е убава марка ама од тие посебните што се не од овие само пегла
     
  16. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    184
    Помош за очајни домаќинки

    ВИДИ ВАКА НАШАТА ФИРМА СИ УВЕЗУВАТ И СИ ИМАМЕ САМО ЕДНА МАРКА СО ПОВЕКЕ МОДЕЛИ :tmi: ТАЖНО НО ВИСТИНИТО ! не си дозволуваме самите на себе конкуренција :tmi: но идат муштеривки и уште од врата ми велат ,, ИМАТЕ ПЕГЛА РОВЕНТА,, ЗАНЧИ ровента е поим за пегла кај некои госпожи и тоа со право и нив никако не можиш да ги убедиш да купат произведено сд друг бренд ! :(
     
  17. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Девојки дали некој ја има користено рачната пегла на пареа од Top Shop и што мислите за неа? Ја меркам да ја нарачам, се надевам со неа ќе се спасам од досадното пеглање?
    http://www.topshop.com.mk/steam_brush_c ... s=17&irp=1
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Мислам дека нема врска овој производ. Пегла си е пегла, додека не ставиш на даска и да помине пегла ништо од пеглање.
    Ова е можеби добра ствар за пеглање на лице место или на закачалка, некој мал дел кој е изгужван а овака се да пеглаш не верувам.
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    ^Јас пак се решив да ја нарачувам, ама - ја немало на залиха и бидејќи немало многу интерес за неа, не правеле веќе нарачки. :|
     
  20. Love.love

    Love.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    1
    Да ве прашам нешто досега несум имала микробранова печка а сакам да си купам ако има некои од вас да ми каже како е дали е задоволен :/