Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апарати за домаќинството

Дискусија во 'Дом' започната од Trendafilka, 2 октомври 2011.

  1. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Пред некој ден земавме пегла за алишта Тефал и денес ја пуштив прв пат, но кога и ставив вода почна да тече од едно од дупчињата од долу и блузата што ја пеглав скроз ми ја измокри, па морав да и ја истурам водата за да продолжам со пеглањето. Дали ви се има случено нешто слично? Мислам дека ќе треба да однесам до Нептун да ја проверат :^)

    https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=30_126_37&product_id=212019
     
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.199
    Пол:
    Женски
    Дали пред да ставиш вода ти беше затворен подесувачот за пареа? Имам и јас на Тефал само друг модел, незнам дали можеби тркалцево напред е за тоа, но мора да биде на нула (затворено) пред да ставиш вода, инаку истекува баш како што кажа. И убаво прочитај го упатството, јас го анализирав првите 2-3 пати кога пеглав.
     
    На MiA-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cacikr

    cacikr Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    243
    Купивме микробранова пред некој ден и се функционира нормално е сега прашањето ми е на вратата на прозорчето кај што се наоѓа мрежата има едно како лепенка пластична дали треба да се отстрани или не оти на упатството нигде не пишува. Ваква е микробрановата
    https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=29_46&product_id=154601
     
  4. CatherineTheFox

    CatherineTheFox Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    81
    @macalavica
    онаа ровус од топ шоп стварно е добра
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Јас веднаш ја извадив, ништо не е тоа. Ако мислиш за лепенката од надворешната страна на вратата:)
     
  6. cacikr

    cacikr Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    243
    На внатрешната страна има една лепенка ама како подебела фолија е на мрежата дали треба таму воопшто да има лепенка или не :)
     
  7. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Ако мислиш на фолијата од внатрешната страна на вратата што е залепена преку целата мрежа, НЕ ја одлепувај, така треба да стои ;)
     
  8. cacikr

    cacikr Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    243
    Ок ко така,затоа јас нигде во упатството не најдов дека треба да се одлепи и се исплашив да не направиме некој белја. Чим треба да стои нека стои :)
     
    На MiA-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.627
    Допаѓања:
    173.589
    На едни фриздери им пишува автоматско одмрзнување а на едни но фрост сто точно значи тоа ?
     
  10. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Оние што се со No Frost ја сушат многу храната и се што ти стои во фрижидерот треба да ти е завакумирано, убаво спакувано. Јас само поради таа причина купив фрижидер на автоматско одмрзнување на Беко. Го зедовме пред два месеци и супер е, баш сме задоволни :)
     
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.627
    Допаѓања:
    173.589
    фала миа многу а да те прашам овој со автоматско одмрзнување сам си се одмрзнува нема потреба јас да го цистам само ме занима некои ме предупредија имало некои што водата им течела внатре во фриждерот и требало со крпа да се потфака каков е твојот имасе повеке видови во нептун на беко
     
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.979
    Допаѓања:
    90.470
    Пол:
    Женски
    Имате ли искуство со тостер до 2000 -2500 денари ? Некој од кој што се задоволни :)

    Исто би сакала да добијам и совет за добар блендер.
     
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    jas imam no frost frizider i ne sum primetila deka ja susi hranata?! Mene mi e odlicen, nema mraz, nema cistenje specinalno. Ne za dzabe no frost opcija na bilonkoja marka frizider e poskapa od drugite.
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Мојот е ваков:
    http://www.neptun.mk/mobile/index.php?route=product/product&filter_name=Cs 234022&product_id=208010

    И не капе вода. На дното од фризидерот има сад во кој си се влеват некои капки што ќе се насоберат по задниот дел од фризидерот а таа вода што ќе се насобере таму си се одлева во одводната цевка и така автоматски си се одмрзнува :) Мислам дека на сите фризидери со автоматско одмрзнување треба да е така.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Нашиот нај нов апарат а во едно и на добро нешто досега.
    Машина за перење алишта....Без бучава значи не се слуша дека работи машинава има секакви варијанти на перење ...центрафуга од 1200 вртежи до рачно истисување, специјални програми за кошули, за кебиња, за спортска опрема, за бебешка облека....При тоа алиштатат ми ги вади полу суви...Секоја препорака за машинава....Имате дисплеј и можете да проверувате уште колку време ви останало до крајот на програмата
    •Машина за перење
    •Direct Drive
    •Полнење:фронтално
    •Енергетска класа:А+++
    •Капацитет:7kg
    •Вртежи:1200 врт./min
    •Програми:13
    •Електронски контроли
    •Child lock
    •Регулација на центрифуга
    •Регулација на температурата
    •Потрошувачка на вода годишно:10.000L
    •Потрошувачка на енергија по циклус:0.33kWh
    •Потрошувачка на енергија годишно:171kWh
    •Ниво на бучава:4-74dB
    •Димензии:85x60x55cm
     

    Прикачени фајлови:

    На MiA-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Треба да купуваме апарати за цел стан:
    - кујна: вградна плотна, вградна рерна, вграден фрижидер (најголемиот што постои), аспиратор, бојлер,
    - купатило: машина за перење, бојлер.

    Ве молам препораки за марка на апаратите и кои функционалности треба да ги имаат (од ваше искуство).
    Секој совет е добредојден и ФАЛА МНООООГУ!!!
     
  17. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.173
    Допаѓања:
    13.564
    Пол:
    Женски
    Би ги препорачала на Беко и Квадро. Вторава ти е малце по евтина и за нијанса може полоша од правата опција.
    *вградена плотна* - не би препорачала бидејќи по 3 годнини служење на кругот каде што најмногу го користам ми се измени бојата, најверојатно од мрсното. Барај шпакличе за чистење мене не ми дадоа и сеа неможам да нјадам за да го ичистам без да го оштетам.
    *вградена рерна* - најдобра до сега. Пече супер што ме зачуди бидејќи мислев дека традиционалниот шпорет неможе ништо да го замени. единствено не ми се допаѓа што не е над него аспираторот и цела пареа кога ќе го отворам ми оди во кујната и знам дека по неколку години ќе ја уништам.
    *вграден фрижидер* - немам, но тоа ти препорачувам да си земеш, бидејќи јас земав голем ама не најголем и мака мачам со работиве, немам кај да ги ставам. Постојат дупли, обавезно со надворешно полнење на ладна вода, да има комора доле на фиоки. И барај од тие што не ствараат мраз за да го чистиш.
    *аспиратор* - да си земете со 2 моторчиња, појаки се. Обавезно од тие на извлекување пошто се топ за простор, го заштедуваат просторот и многу се згодни.
    *бојлер* - имам мало, но не го користам многу бидејќи имам машина за садеви. Би го препорачала ниско монтажното оти според мене просторот горе би си го искористила за попрактични работи - на пример чаши да си ставиш на тоа место.
    *голем болјер* - за голем бољер само немој на леов, катастрофа се. Не гледај на цена земи си поскап, голем и поквалитетен да не те боли глава и да не мора да го мењаваш на секои 2 години колку што им трае гаранцијата.
    *машина за перење* - само немој горење. Доста се жалат од новите машини. Веќе не ги прават во словенија туку во Србија и се фушерај, катастрофа. Да си земеш поголема литража за да можеш повеќе да си испереш и наеднаш.
     
    На MIA-SK и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Шпакличе можеш во горење да аи земеш. 100 или 200 денари беше. :)
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ми требаат совети за апарати од А до Ш буквално.
    Препораки за:
    - фрижидер ( пола комора да е)
    -правосмукалка на вода ( се мислам за бауер),
    - машина за перење ( ова дефинитивно ми е најтешка одлука),
    - пегла на пареа,
    - микробранова,
    -шпорет (комбиниран- пола на плин пола електричен со рерна),
    - аспиратор ( многу битно),
    -миксер,
    -фен за коса ( бебилион не)
    -блендер ( не соковник)
    -бојлер ( се мислам за леов)
    -клима уред
    -тостер ( да не е голем)
    За сега тоа