1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апарати за домаќинството

Дискусија во 'Дом' започната од Trendafilka, 2 октомври 2011.

  1. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.876
    Пол:
    Женски
    - фрижидер ( пола комора да е)- Indesit или Beko ima ubavi kombinirani 18000-20000
    -правосмукалка на вода ( се мислам за бауер),- Шарк од Топ шоп, јас ја имам одлична е,12000 плус ти даваат и чистач на пареа
    -миксер,-делимано ја сега го купив на поспуст 1000 ден, одличен е
    -фен за коса -ровента со јонизатор оклу 1300-1500 ден
    -блендер ( не соковник)-Нутри булет или Philips(јас го имам од 600W одличен е, меле буквално све ама поскап е околу 4000 ден), имам и рачен блендер делимано ама послабо го користам сега за сега.
     
    На Petar80 и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    - фрижидер ( пола комора да е) Имаш солидни од Горење, ама гледај да е НО ФРОСТ
    -правосмукалка на вода ( се мислам за бауер), од мое искуство никако на вода - земи онакви што се со хепа филтер и контејнерче. Нема миење (ако е на вода), нема замарање со кеси - само го отвараш пластичното контејнерче, фрлаш во ѓубре и си завршила работа. Мојата ваква е Самсунг. Дури и мајка ми кога ја проба мојата, сака да ја замени нејзината на вода со ваква.
    http://www.supreme2u.com.my/temp/dcm/content/cnt_51_160_phpb4ly1u.jpg

    - машина за перење ( ова дефинитивно ми е најтешка одлука), Самсунг дефинитивно
    - пегла на пареа, Бош - сум пробала и друго, ама бош ми е врв!
    - микробранова, ова незнам колку многу ти е потребно - јас освен за греење млеко и пуканки за ништо не ја користам друго.
    -шпорет (комбиниран- пола на плин пола електричен со рерна), Мајка ми има ваков горење и мн е задоволна
    - аспиратор ( многу битно), Џабе фрлени пари по мене. Ем се гласни, ем мирис сепак си останува. Јас мојот планирам да го вадам. Мислев мојот нешто не го бива, ама и другарка ми ми го потврди истово (имаме различна марка и не така ефтини аспиратори).
    -миксер,Мислам дека имам северин - ми брка работа, не го користам многу.
    -фен за коса ( бебилион не) Ровента професионален
    -блендер ( не соковник) и јас сакам да си купам :)
    -бојлер ( се мислам за леов) Јас имам Аристон ваков http://www.waterheaterstore.co.uk/image/cache/data/Ariston_Velis-500x500.jpg може да стои и хоризонтално и вертикално и има лед дисплеј. Има два (стаклени) казана внатре кои наводно не фаќаат бигор и секој индивидуално полни, што ептен брка работа ако ти се брза и е економичен, затоа што не го полни наеднаш целиот.
    -клима уред - Сите ги фалат ЛГ. Ние сега си купивме ЛГ ама Корејска. Ни потенцираа кога ќе купуваме да гледаме да не е Кинеска.
    -тостер ( да не е голем) Мулинекс

    @okcenzi
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ме стави во мисли за бојлеров. Ептен би ми одговарало да е хоризонтален и + поделен на два котли. Само цена прилична ако може?
    Дали е овој http://www.najevtino.mk/p/ariston-vls-plus-50/625141 ?
    Правосмукална на вода сакам да земам поради бебушот, за чистење 1 во неделата. Инаку обична со хепа филтер имам за секојдневно чистење 1800 вати

    Фен за коса од Ровента најдов во сетек за 2400 ден со некои додатоци, па ке го земам наредна недела.

    За миркробранова и јас се мислам, ама мм запнал, па незнаеме кои се поквалитетни.

    А аспиратор некако не сакам и така од десната страна на кујата имам голем ( стандарден 140х80) прозор. Ама пак во зимно време не можеш постојано да луфтираш.
     
    Последна измена: 25 септември 2015
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738

    Бојлерот мислам дека го плативме некаде околу 6-7.000 денари во електроелемент. Останатите бојлери беа по некои 4.000 (просек), така да отскокнува малку ценовно, ама јас сум презадоволна. Ем естетски е многу убав, ем практичен. За 20 минути имам топла вода (врела) и индикаторот shower ready светнува.

    Ти сакаш парач или правосмукалка на вода?

    јас мојата микробранова ја добив на подарок. Освен пуканки и млеко, ништо не правиме во неа. И кај мајка ми исто беше - само за тоа се користеше.

    За аспираторот - зимно време шанси нема со него да излуфтираш и да го исчистиш мирисот. Малку пареата може да ја намалува и да ја насочува на друга страна, инаку за мирис јас не го наоѓам воопшто корисен.
     
    На joy1 и okcenzi им се допаѓа ова.
  5. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    @okcenzi , јас можам да те посоветувам околу ситниве апарати, тие што сум ги купила и сум многу задоволна.

    Во врска со блендер, јас си купив рачен блендер од Phillips од TechnoMarket пред помалку од година дена и сум многу задоволна од него. Го користам буквално за се - за блендирање на чорби (блендам директно во тенџерето), за џусеви и smoothies е 5ка! Има гаранција од 2 години, неговата јачина е 550 W. Доаѓа во пакет со пластична чаша која е пригодна за директно блендирање во неа. Тогаш беше на попуст, го купив за 1299 денари, сега не можев да го најдам на официјалната страна на TechnoMarket Македонија, најверојатно го немаат на залиха. Топло го препорачувам!

    За микробранова печка, фен, пегла и машина за перење - Gorenje се незаменливи. Ние користиме фрижидер Gorenje над 10 години, нема да мрдне. Исто така и машината ни е Gorenje. Не знам како стојат со цени, но нивниот квалитет по мене е ненадминлив.

    Се надевам дека ти помогнав :)
     
    На papillonP, kukla21 и okcenzi им се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    @kukla21 ме збуни сега пак за бојлеров. Гледав сега нанет по дилериве и најдов 50л но скоро16000 ден. Навистина ми е многу.
    Дај е молам пиши ми точно што е твојот бојлер, знаеш со бројчето на производстворо-серијата. Го имаш во упатството за употреба. Не се брзај ке почекам.

    За правосмукалката не сакам на пареа, туку на вода, за да после чистење не мириса на прашина и да не ги остава сите издувни четички. Се мислам и за вградување на циклон помеѓу меката цевка и влезот во правосмукалката.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738

    Не се сеќавам дека толку пари сме дале?! Ќе видам дома на гаранцијата што пишува и сигурно ќе ја најдам фискалната.

    Мојата правосмукалка воопшто не мириса на прашина. На задниот дел самата има како едно бело сунѓерче кое го спречува ова. Ако отидеш до некој салон за техника, баш види на задниот дел има како капаче и под капачето има сунѓерче.
    На работа имаме друг тип и корне на прашина и не дозволувам да се усисава кај мене во канцеларијата :) Многу добро знам што сакаш да кажеш со кревањето прашина.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.448
    Пол:
    Женски
    eve jas kje se obidam da ti napisasam za moeto iskustva zasto i jas minatat godina si zedov stan i sve sum kupil novo.
    - friziderot mi e na samsung kombiniran srebren, no frost i namotorot imas 10 go garancija minatat godina bese 35000mkd
    - masina za perenje definitivno od site od ovaa sum najzadovolno samsung 7 kilogrami so 1200 vrtezi najdobra od site prekrasno pere mislam bese okolu 24000 mkd
    - pegla na parea - tefal mnogu e dobra vekje 5 godini ja imam prekrasna togas samo sto izlgoa ovie novi i bea poskapi okolu 5 iljadi denari
    -mikrobranova o samsung i mnogu dobra e 4500 mislam deka bese ako ne zgresam
    - sporeto mi e odelen furnata od plockite od electrolux i najdobar izbor e golema e furnata 74 l drugite se mbogu pomali plotkite se mnogu brzi
    -aspirator, o samsung od tie sto se golemi rostfrei na samsung
    - fen od rowenta
    - blender od philips go koristam za sin mi za kasickite
    - i tosterot od max go imam mnogu e dobar go kupiv vo ramstor
     
    На matilda258, Petar80 и okcenzi им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Дефинитивно за сега се одлучив за машина за перење самсунг, фен за коса од ровента, микробранова од самсунг, а за фрижидер сеуште незнам, зошто ми е многу да дадам 35000. Сакам некој до 25000.
    Е сега утре да одам да разгледам во нептун комбинирани шпорети, таков ке ми треба многу, а и плин се полни еднаш на 2 месеци ( има свекрва ми алфапалм) но јас се мислам и помеѓу беко, а е околу 13000ден. Остана уште правосмукалката.
    Има хепи кредит во нептун со отплата на 24 рати, па да видам што понуди имаат и ке пишам за да се консултирам со вас, зошто на продавачиве многу не им верувам
    Сакав да те прашам за микробрановата, дали е од оние со внатрешна фолија на стаклото?
    @slimy
     
  10. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.448
    Пол:
    Женски
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.551
    Допаѓања:
    34.832
    Пол:
    Женски
    Јас имам комбиниран шпорет на Беко. Го користам 4 и пол години и мене ми е супер. Убаво пече. Единствена мана (ако може така да кажам) е што кај нашиот модел горилниците за плин се со средна големина и двете. Обично кај другиве шпорети има еден помал, еден поголем и мене тоа понекогаш кога сакам на брзински да стоплам нешто ми е проблем. Во секој случај е побрзо од струја, ама мислам дека доколку би имала голем и мал горилник би било подобро.
    Ова е мое искуство.
     
    На kukla21, irenna и okcenzi им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    @okcenzi не сум те заборавила за бојлерот. мм ми рече дека сум била будала што сум мислела дека е 6-7.000 денари. Се надевам вечер ќе ја ископам гаранцијата.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Тоа сунѓерче се вика Хепа филтер и затоа не ти мириса. Некои имаат и двојни такви филтри...онаа новата на Горење MyMaid.има двоен филтер.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Денес разгледвавме и за 80 литри цените на разни производители се од 11000 нагоре па се до 64000 ( ми се заврте )
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.748
    Допаѓања:
    324.150
    Пол:
    Женски
    Поштетно нешто од микробранова не постои.
    Тоа ти е ко канцер на изволте да ти даваат.
     
    На t-sweet, Mama25 и okcenzi им се допаѓа ова.
  16. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.599
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски

    - машина за перење ( ова дефинитивно ми е најтешка одлука), земав скоро Самсунг, со еко бабл технологија, демек и со ладна вода пере, ама таа програма сеуште не сум ја пробала. ОД машината сум презадоволна засега.
    - аспиратор ( многу битно), имам на Фаворит, инокс, ништо посебно, влече стандард, миризба сеуште останува и бучен е многу. Го земавме од Техномаркет, околу 4000 денари, не го препорачувам. Поарно нешто поскапо земи, валгда ќе биде потивко. Јас нема претходно искуство со аспиратори и незнаев што е битно да барам.
    -миксер - дома ( кај мајка ми го имавме на Делимано ), супер е, моќен, нема утка дефинитивно.
    -фен за коса - долго време користам Филипс и сум презадоволна. Што помал е фенот толку полесно ми е фенирањето.
    -блендер ( не соковник) - Нутри Булитот го имам, значи презадоволна сум, вреди за парите.
    -клима уред - некоја си германска марка мах земавме за 18000, како добра се покажа. Барем ладеше одлично, за топлење ќе видиме допрва.
     
  17. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.741
    Допаѓања:
    269.496
    Пол:
    Женски
    @okcenzi доколку се мислиш за фрижидер земи си Самсунг,јас сум многу задоволна (гледам и од другите апарати повеќе си одлучила за Самсунг и нема за згрешиш)
    Електричен шпорет имам Горенје и сум презадоволна А пегла немој Горенје туку Филипс или Тефал
     
    На okcenzi и galapce им се допаѓа ова.
  18. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    @joy1 bas me zamsli za mikrobranovata,dali ke mozes da mi objasni zosto e stetna? ete jas neznam a bas bevme vo plan da kupime.
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.748
    Допаѓања:
    324.150
    Пол:
    Женски
    Емитува ептен штетни радиоактивни зраци.Во Русија почнаа да ги повлекуваат од продажба и од домовите.Ете стопли вода во микро и истури ја на цвеке.Ке ти овене цвекето :)
     
    На kallias, N.Kety и Mama25 им се допаѓа ова.
  20. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    помош..... ДАЛИ ДА ГО ВГРАДАМ ФРИЖИДЕРОТ ИЛИ НЕ ИСКУСТВО......