Девојки мислења за фрижидеров? https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=29_43_121&product_id=216091 и мислење за перална ми треба
Некој добар блендер докај 1000-1500 ? Малото детенце кашички ке прави хаха , се шалам за смуди и коктели ми треба.
Ova istoto mi go kaza i mojot kum, vika zgrej voda vo mikro i polej go cvekheto, vo isto vreme zgrej voda i na plinsko ili na sporet i polej drugo cvekje, toa cvekje sto e poleano so vodata od mikro odma ovenalo dodeka drugoto, ne, pa sega videte kolku li e stetno za nas lugjeto !!!!
Оваков рачен имам веќе пет години. Лесен за одржување, многу сум задоволна, го користам за се, од каши за бебиња, до смуди, сосови, се буквално. Мислам и цената е тука некаде како што ти одговара. Има оваков и со пластичен дел долу, ама барај баш оваков, метален.
Добар блендер за тие пари нема, блендерот се гледа спрема јачина, значи за да е стварно добар треба да биде јак барем 600 W, тие се поскапи.
Здраво девојки, нова сум на форумов па сакам да ве прашам за искуства со шарк навигатор правосмукалката од топ шоп, задоволни ли сте, колку време го користите? Сакам да ја купам деновиве. Поздрав
Umbrella22 ако не е касно, ние земавме пред две недели машина за перење LG FH0B8QDA0 А+++ и можам да кажам дека е совршена, не се слуша кога работи, супер избор направивме, беше на попуст 20% во нептун околу 18000 ден ја плативме. Линков за фриждерот не се отвара, ние купивме whirlpool и се ок си работи, ама некако како да не го погодиле местото за рачка, при отварање на фришдерот имам чувство како рачката да не е на правилно место, па секогаш освен на рачката вратата ја фаќам на уште едно место, ќе видиме како ќе се покаже. После тоа другар ни кажа дека LG биле као топ за фриждери ама касно не информираше.
Гледам во Сетек имаат многу евтини производи од некој за мене непознати производители. Има ли некој искуство со телевизорите, машините за перење и фрижидерите од Indesit i ST ?
Мајка ми користи машина за перење садови веќе 14та -15та година на Индесит. Иста е како првиот ден! Кога ја земавме беше најнепознатата марка што постоеше. Ама ептен ни се погоди. Инаку за друго сум на темата. Ја исчитав целата тема за машини за сушење, ама немам идеја ни што да барам , ни што да гледам. А оваа тема е по активна. Мајка ми има на Беко, релативно е нова, она е задоволна. Незнам дали да земам исто , гледам разгледувам, ништо не ми е јасно.
Феминки купив машина, фрижидер, шпорет. Микробранова нема да купувам зошто си подразмислив за тоа што кажа Џој1 и во право е. Е сега ми треба совет за машина за садови. Никогаш не сум користела, а и немам некој близок да можам да прашам. Исто земав и фен и преса од Ровента по ваша препорака и да ви кажам ептен сум задоволна. Следно што ми останува е блндер, тостер и правосмукалка, но тоа од нареден месец, за овој толку од финансиите.
Мене машината за садови ми е Siemens, презадоволна сум. Поскапа е од другите марки, ама е многу квалитетна. Одличен избор е и Bosch, поевтина е од Сименсот. Во иста фабрика ги прават, така што нема да погрешиш која од нив две и да ја купиш.
Beko или Bosch. Јас лично имам на Беко, веќе петта година тера, фала му на Бога добра ми е. Секој ден ја пуштам, инаку имам од тие 45цм што се (за осум лица мислам дека беа или како и да се одредува).
Јас Бош имам, више 6години секоја вечер работи а некогаш и прекувремено. Може дека е постар модел малку е побучна ама кујната ми е одделно па кај мене не пречи. Едит, јас од тие сами што пеглаат ако има некаде....