Во сите дуќани за бела техника ги има. Инаку за машини за перење мајка ми има Горење , втора по ред. И јас кај мене имам Горење. Неможам да се пожалам, ми служи супер. Стара е , па скоро имаше нешто за менување. Мм го смени за 100денари. @ЈеленаЏиш сакат да кажат дека делови лесно се наоѓаат , а не дека се расипува често. Мм се бави со современа технологија и моментално само Беко. Нема да го претплатиш , а се е исто како скапите и брендираните апарати на кои им ги плаќаш името.
@duffi Беко препорачуваш само а ? Ние се мислиме помеѓу овие две. Искуство некој ? Да не се расипуват често, а точно е дека има многу делови за нив. http://www.technomarket.com.mk/products/09122841/gorenje-w-72y2 http://www.technomarket.com.mk/products/09122812/gorenje-w-72x2
Ова е искуство од работата на мм @Winter Lady. Тој вели дека сите ги склопуваат на исто место. Од Горење јас сум задоволна. И мајка ми кога ја смени машината повторно зема на Горење.
Може, има од 600 ден па нагоре. Јас за 8 ми Март земав за мајка ми комплет со сецко и жица за матење 1000 ден. Инаку зборувам за рачен блендер.
Ми треба мислење (од искуство) дали е паметно да се купи машина за перење и сушење алишта (две во една) или не? Ние до сега не сме користеле машина за сушење, ама сега се размислуваме дали да купиме. Другарки што ја имаат ме советуваат да не купуваме, затоа што ги смалувала алиштата. Мене ова ми е многу нелогично, па затоа да си прашам дали е точно. Фала однапред за одговорите!
Нели е многу чудно, односно нелогично да ги смалува алиштата?!? Првата другарка што ја прашав кога ми кажа дека се смалуваат мислев дека нешто греши, дека не знае да ја користи машината, ама после се распрашав и сите ми викаат дека стварно ги смалува. Ако е така, која е логиката да постои машина за сушење? За едно перење отидоа алиштата од М на S.
Зависи може до машините, некои велат се гужваат многу, некои не, некои се смалуваат, некои не. Чудна работа.Не верувам од едно перење да се смалуваат толку многу.
Јас можам да ви кажам за машина за сушење алишта, а за овие 2 во 1 - не. Прво, имајте во предвид дека машината за сушење троши многу струја, мислам дека 2 па и 3 пати повеќе од оваа за перење. Не ги гужва алиштата, ама памучните ги смалува. Особено долен веш, пижами. Фармерки на пример - не. Исто така ги чисти оние топчиња од волнени алишта. Е сега ептен е практична за во зима, оти алиштата надвор се умирисуваат на чад.
Јас имам таква машина што пере и суши. Сушарата ептен ретко ја користам, во зима најчесто за детево и за пешкири и бел памук ( долни маици, чаршафи...) Гаќи не сум ставила, страв ми е да не попуштат ластиците. До сега ништо не ми се смалило нити истуткало само ми пречи што откако ќе ги исуши не мирисаат алиштата на омекнувачот, немаат лош мирис ама не мирисаат на омекнувач.
Прашав и во темата „Топ Шоп производи“, ама малце ми е итно, па и тука да си прашам. Дали некој ја користи Делимано чешмава со проточен бојлер? Ве молам за искуство. http://www.topshop.com.mk/brendovi/brendovi-dom-i-kujna/delimano/digital-faucet-cesma-bojler.html
@duffi - купив машина за сушење Беко, на твоја препорака и препорака од продавачот. (Знам дека некои ќе речат дека продавачот лаже, ама дечкото ми се допадна како елаборираше за машините, очигледно разбира многу.) Купив од поновите модели - сама се гаси откако ќе ги исуши алиштата (има некаков сензор за влага), без оглед на подесениот програм. Алиштата се суви, не премногу згужвани и дефинитивно не се смалени.
Јас имам.за.перење и сушење на индесит веќе 4 год.презадоволна. и да, малку ги собира некои, особено чорапи ама мм си.купува бр поголеми. Сушам веш и.никогаш не попуштил а кој суши пешкири во мсшина и надвор добро ја знае разликата. За гужвање малку гужва ама ја имам опција некои малку да ги.просуши колку за сушење...
Јас го.имам.моделот пред овој. Кратко ја користев само неколку месеци бидејќи вградивме соларно. Сега ми стои спакувана.Задоволна бев, си ја врши работата но.нас.ни трошеше многу струја.
Домаќинки, во план сме да купиме нова машина за перење и во око ни падна оваа на Самсунг. Има ли некој искуство со неа? Дали се генерално добри како бренд за машини или да бараме друго? Цената и е околу 32.000, и е А+++ класа. А, еве го и описот:
Незнам дали е за тука прашањево.. Каде да најдам тавче со бронза како порано, да можам да спремам во него се што ќе ми текне ( компири да пржам, риба, месо, јајца... ) да не лепи и да е лесно за одржување? Некое мултифункционално, со добар квалитет..
Што направивте, ја земавте ли машината? Баш денес гледав во нептун ваква и се мислам да ја земам имаат и некој попуст сега па ако ја имате да споделиш искуство. Фала
Да, ја купивме, ја користам скоро секој ден, и да ти кажам сега-засега сум презадоволна, се надевам така и ќе остане. Ми се свиѓаат опциите, скоро ич не е бучна и најбитно - економична е. Нам ни излезе околу 26.700 со попуст во кеш, и плус морало картичка да се извади од 300 ден. за да се добие попустот, така 27.000 излезе, ама се исплаќа скроз.