Девојки мене ми треба совет за телевизор. Сакам да земам телевизор, од оние со рамен екран. Е сега гледам тука има ЛЦД, Лед, плазма.. а врска немам што е разликата. И сум слушнала дека од самсунг брзо се покваруваат
проверете ги сите машини за перење и сушење на алишта на следниот линк: http://www.najevtino.mk/s/orderby/relde ... 1%9A%D0%B5
Ми треба совет за шпорет, по можност мини! Јас и до сега имав таков но Нео, свесно го купив тогаш најевтин бидејќи ми вршеше работа. Сега ќе добие прекоманда на тераса а јас сакам во кујна да земам некој поасален по можност комбиниран со плин (со оглед на тоа дека готвам преку ден а повеќе нема евтина струја) Ако не успеам да најдам таков ќе купам стандарден со 4 рингли повторно комбинирани. Видов Леов нашава компанија од Велес има некои модели целосно на струја или целосно на плин па ако некоја има искуство ќе ја молам да сподели!
Девојки ми треба совет за што да земам за греење ,сакам нешто што не троши мн струја знае ли некој дали чинат овие http://technomarket.com.mk/products/090 ... o-wch-1550 ???
Imam prasanje, neznam dali spaga vo ovoj forum ama sekako da se obidam, Kade mozam da najdam NePovratna klapna za aspirator ф120mm vo Skopje? ja nemam so aspiratorot a mi vraka mirizba koga drugite gotvat :0 Vi Blagodram [mod-kirilica:a6from73][/mod-kirilica:a6from73]
Нема проблем, јас добив инфо дека таму има, ама ете, не било up to date Ај баш сподели импресии за некое време, дали функционира
Функционира, значи деновиве викам баш да видам, засега е топ, а ќе видиме назима подварок кога ке прават позз
Користи ли некој процесор за храна, знаете оние мултифункционални апарати што се воедно и соковник и блендер и миксер и сецко...? Некако ми изгледа многу поекономично да се земе еден таков, отколку посебно секој од тие апарати ама дали се добри не знам, па ме интересира искуство.
jas imam Bulet od top shop i sum prezadovolna. najmnogu go koristam sokovnikot ama isto i blenderot za pravenje krem supi pa i seckoto za salati, go preporacuvam
Toј на топшоп е овој веројатно Такво нешто и сакам, но јас не сум баш некој голем фан на топшоп производи
^Незаменлива работа, според мене. Ние имаме Беко и сме прилично задоволни. Исто така ги фалат и Горење, Алфа плам, Бош и сл. Нас некако ни беше шубе да земеме Нео, иако познавам луѓе кои ги користат и се задоволни. Готвењето со плин е многу економично и брзо. Една боца нам отприлика ни трае 2-3 месеци. Доколку претходно не сте користеле, ќе ти треба време да се навикнеш. Од сегашна перспектива, жал ми е што не земавме од тие што се целосно на плин, заедно со рерната. Со денешнава цена на струјата тоа ќе беше полн погодок. Да не му ја мислиш кога ќе ја вклучуваш рерната.
Јас не најдов шпорет на кој и рерната е на плин, а барев таква. Освен мини шпоретите на Леов ама сакам голем.
^ На татко ми, колега му има кажувано за негова роднина која имала мини шпорет на плин (со плочи 2 мислам, и мини рерна) . Биле презадоволни од тоа како работел, многу убаво печел и плус било ефтино. И ние сме по потрага по таков шпорет, ама некако слабоо наоѓаме ..... Ако некој има нека пише марка, цена и место од каде е купено. Поздрав!!!
Јас многу го сакав Меџик Булетот, и конечно го најдов на Колектива на 50 посто, ама малиот, не големиот, оној само блендерче што е со мали додаточиња, абе радости што го најдов за толку ефтина цена. Се јавив значи прашав и ми вика да, да истиот е тој. Ахам шипки варени, арно вика либето мое, Фар фром меџик, буквален превод Како прво изгледа како од отпад чудово, целото е со фалинки и нема благе везе. Второ, соковникот не прави ни с од сок, каша некоја да, но сок никако. Се надевам дека ова е само бидејќи се работи за производ кој воопшто нема врска со Топ Шоп, бидејки истото се случи и со Релакс&Тоното, потполно истата приказна, ко темпирано ден после истек на гаранција прекина да работи
ај ве молам дајте ми совет се двоумам за оваа машина да ја купам пишува не користена е како што се гледа на сликиве некористена е сакам поголема да се купам ама немам место во кујна немам испланирано место за машина за садови за поголема а оваа колку ке ми собира 4 души сме доле со свекрвата и свекорот ама незнам се двоумам дали да си земам ваква малечка ке ја ставам во работнава маса под умивалникот http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/ ... 424&Idx=10 еве видете ја