Девојки треба да купам бела техника, а неодлучна сум околу брендовите и од помош ке ми бидат вашите искуства. Треба да купам: 1. Фрижидер - дали вреди да дадам 28.000-30.000 мкд за LG / Samsung, или задоволителен квалитет имаат и фрижидерите на Беко кои се движат од 21.000-25.000 мкд? 2. Исто така ме интересира која е предноста на фрижидерите Full No Frost во однос на No Frost? 3. Машина за садови, плотна и фурна се размислувам помеѓу Електролукс или Беко. Она што ме предомислува е тоа што Беко има 5 год. гаранција, а Електролукс има 2 год. гаранција, а од друга страна Електролукс ми е поквалитетен бренд...и не можам да се одлучам. Ве молам за искуства 4. Машина за перење- Мажината за перење е нешто што највеќе е експлоатирано од апаратите во домаќинството и не можам да се одлучам за брендот. До сега сум имала Беко од која бев задоволна како ги переше белите и имаше доста програми за поосетливи ткаенини, а моментално имам Индесит и воопшто не сум задоволна, има 15 програми но белите на 90 степени не ми се доволно бели по мои критериуми ...А од секогаш перам или со Персил или со Факс. Се размислувам помеѓу Беко, Горенје,LG или Samsung и не можам да одлучам.... Ве молам споделете искуства, секој коментар ке ми биде од голема помош
Пред година дена комплетно ги обновив сите апарати. И со консултации на крај се одлучив за Беко. Само аспираторот ми е на Горење и сушарата Аристон. Се друго е на Беко. Гледавме да не бидат најефтини, ни најскапи. Некоја средба класа на Беко. Фрижидерот е Ноу Фрост и досега не ми правел проблеми со замрзнување или да треба да чистам мраз. Досега сум задоволна од се. Предноста кај нив е лесно достапните делови и сервисери. Па и да се случи нешто има кој да го среди.
Имав класичен шпорет Беко и сеуште имам фрижидер (мал) Беко. Фрижидерот го користам 7 години. Максимално е искористен и преживеа три селења. Ништо не му фали. И ние размислуваме од кој бренд би земале фрижидер бидејќи овој што го имам ни е малечок. Најверојатно ќе земеме Whirpool оти некако ми се на средина со цена, а квалитетот им е солиден. Беко не би зела од причина што сите фрижидери кои јас ги гледав им се 60цм длабоки, а јас сакам подлабок фрижидер, инаку немаат мана. Имав Беко шпорет. Фурната ја користев максимално. Голема, убава, убаво пече. Сега имам фурна Електролукс. Според мене е за класа погоре од Бекото. Не знам, можеби дека оваа е понова, па така ми се чини, ама малку ми е поквалитетна. Не дека Беко не чинат, далеку од тоа, ама Електролуксот се малку поквалитетни. Фурнава загрева ептен брзо и пече многу добро. Имам машина за перење Горење. И претходната ми беше Горење а ја сменив зошто ми беше голема за претходниот стан. Си работи без проблем. Оваа ја користам 5 години (инаку и Горење имаат 5 години гаранција на машините за перење, за друго не знам) Дете исчував со неа, секој ден минимум еднаш е вклучена. Мене кај Горење ми смета должината на траење на перењето. Предолго перат. Инаку солидно си пере. Претходната ја користевме 10 години. И уште работи без проблем.
Whirlpool и Indesit ми се сомнителни како бренд. Whirlpool Corporation има управувачки пакет во Indesit, јас воопшто не сум задоволна од мојата веш машина на Индесит, на сето ова и скандалот во Велика Британија и јас сум со категорично НЕ за овие брендови. Читни го и линкот па размисли си ... http://fortune.com/2017/02/22/whirlpool-admits-its-tumble-dryers-are-a-fire-risk/
Мајка ми има шпорет на Електролух,убаво и брзо пече,година е веќе како го користи гумата внатре се расипала и на тоа нема гаранција треба 1500 денари за нова гума да даде.Се како ќе се погоди.
Ако побараш за сите брендови ќе најдеш по некоја утка на интернет. За УК ич не читај кај нив се различни правилата з авградување апарати за домаќинство. Пример во купатило ич немаат штекери зашто имало вода таму. Ако веќе читаш по нет читај за секој модел посебно user review. Така имап најмногу искуства. Инаку јас имав во претходниот стан шпорет Whirpool и бев петен задоволна па и во новиот пак зедов Whirpool 6th sense и пак сум задоволна. Машината за садови ми е Indesit и нешто не сум задоволна од неа. Микрото ми е Беко и во споредба со Самсунг врска нема, ама кога ја купувавме само таква имаше вградна. Фрижидер имам ЛГ no frost и супер е. Машина за перење Bosch и исто е топ не е мрдната и супер пере иако ја користиме веќе 10 години (единствено неа ја зедовме од стариот стан). Имам и опција за сушење која сега поретко ја користам. Она што мене ми беше битно е сите апарати да бидат барем со А ознака за штедливост.
Ми го зеде зборот. За Whirpool конкретно, сестра ми има машина за перење, по една година и се расипа. Од тогаш не знам колку пати ја поправаа и не ја биваше. На крај си купи нова. Јатрвата има фрижидер Whirpool, го користи повеќе од 10 години. Топ е. Со техниката е всушност како ќе ти се погоди. Јас кога купувам гледам да ми е во ценовен ранг кој сум си го зацртала, да има функции кои ми требаат, изглед каков што сакам. И тоа. Останатото како ќе ти се погоди. Секаде има и задоволни и незадоволни купувачи.
Јас имам на Max (околу 600 ден.) и супер си ја врши т.е. вршеше работата за која е наменета. Многу малку ја користевме, набрзо потоа земавме Fusion juiser и сега ја користам само чашката од цедалката за сокот од џусерот. Според мене може да помине и поефтина варијанта.
@Anna85 Не знам дали во меѓувреме си купила машина за садови ама дефинитивно ти препорачувам Beko. Дома користиме ваква веќе неколку години и презадоволни сме. Ја зедовме од Neptun, не се сеќавам на точна цена.
Девојки сакам да купам нова машина за перење,сите ги фалат на Беко,другарка ми има нова на Фаворит и е задоволна.Незнам на кој начин да одберам,а да не погрешам
Оди според тоа колку гаранција ти даваат и дали има сервис кој е лесно достапен и не многу скап. Според тоа Беко, оти најчесто имаат пет години гаранција, сервис има, деловите се достапни и не се скапи колку на Вирпул на пример. Горење новиве не се нешто особено, Бош едино мислам дека може да дојде предвид од тие со пократка гаранција.
И Горење имаат 5 години гаранција. Јас сум задоволна од пералните на Горење. Првата ја користевме 10 години и уште си работи. Вторава ја зедовме оти малечка, компактна секаде ја бере, плус со 1200 вртежи. Не беше планирана за дете, ама еве ја петта година тера и во последниве 3 и пол години нема ден да не е вклучена, а најчесто по два-три пати. Гајле нема Бош исто ги фалат. Сестра ми има Беко, не се жали, а претходно имаше Вирпул и се расипа за една година и не успеа да ја направи. На крајот.... со техниката е како ќе ти се погоди, нема правила.
Внимајте со Вирпул, многу тешко се наоѓаат делови и сервисери. Предноста на Беко и Горење е тоа што е се достапно за нив. Па и да се расипа, не е проблем.
Што мислите за правосмукалката? Ми треба правосмукалка за секојдневна употреба,а немам време да ја влечам онаа класичната,мачно ми е и гломазна ми е.....Е сеа глеам дека е на кабел ама најбитно е да собира убаво а као шо глеам 1500W е ...па иако е на кабел сигурно би ми била по практична од онаа големата..Штознам Или оваа опција....Без кабел, ама читам претходно многу брзо се трошела батеријата....И 15 мин пишува бежична работа...Ама па ме замислува цената дека е доста скапа па барем тие 15 минути да собира убаво... Незнам што да правам а имам голема потреба од таква правосмукалка....