Ако најдеш, сподели. И јас барам помала или барем поплитка да биде до кај 50 цм, ама до сега не успеав да најдам.
Девојки дали некоја има апаратче за крофни...сакам да купам....ама некаде прочитав дека материјалот од кој што се направени бил канцероген...а и искрено не сум пробала и незнам какви се на вкус....сепак нели не е пржено туку печено...плус можат да се декорираат...а и би требало да се како тостерите од ист материјал направени?! Што мислите вие вади мислења и искуство....
Здраво. Дали некој може да ми каже дали ја бива правосмукалката SHARK син ми има алергија на прашина па дали ќе ми послужи или да барам друга
Препорака за правосмукалка!? Да не е на вода, а ни со менување кеси. Каква имате? Битно ми е да влече убаво и да не мириса на прашина. Се мислам меѓу Филипс и Ровента, со сад и ХЕПА филтер. Ма да и Бош ги гледав, на нив пишува мејд ин Германија. А има и некоја марка Арника Бора. Искуства?
Јас ја имам шаркот од топшоп, презадоволна сум, влече ептен, лесно се чисти, има повеќе додатоци и единствена маана и е тежината, ако имаш многу прагови низ дома ќе мораш да ја креваш насекое..
Зашто ме убедуваат дека така не зафаќа простор во бањата, а и не било штетно за пералната врз неа да има сушара.
Да ,оти сушарите се доста лесни, не мрдат како машините напред назад. А некаде ставаат и соодветен држач за сушарата. Веројатно да е прицврстена.
Јас ги имам една над друга, ама не директно, ние побаравме да се изработи сталажа. Многу е едноставна, со 4 ногалки околу машината за перење и плоча на која е поставена машината за сушење, ептен е едноставно, ама не сум повеќе при мајка па не можам да доловам со слика. Секаде каде што се бават со железо можат да изработат такво нешто. Ние тоа го направивме повеќе од практични причини, машината за перење се користи повеќе, сушарата ја користиме само на зима на пример, па во случај на дефект или вода да истече, да не се тргаат двете туку да се извлече само едната. Иначе ни беше исто предложено и директно една врз друга.
@referentka и кај мене е со сталажа, и дефинитивно сум за да се одвојат така од безбедносни причини пред се', сепак мрдаат, дали едната, дали другата. Ај пиши ми лп да ти пратам слика како изгледа кај мене.
Да ти препорачам добра правосмукалка на попуст, мајка ми ја користи и е задоволна, на попуст е во сетек моментално.
Јас имам на Самсунг влече супер и има сад кај што се собира ѓубрето ја имам веќе 4 години и сум задоволна
Јас купив на другарка за вселување и супер, многу убави крофни. Ги декорираме со мрвици, преливи и на изглед се прекрасни. Да си купиш
Се извинувам ако не е за во оваа тема. Дали знаете каде можам да најдам ваков организатор за во кујна?