Ве молам за совет. Планираме да купиме соларно за греење топла вода. Па, кажете ми кои се најдобри, од кои сте вие задоволни и до која цена да барам.Сакам да ми се исплати, ама и да не биде прескапо.Гледам има некои од 72.000денари што ми е премногу! Овие на EnergoSolar ги разгледувавме и слично.Од која фирма сте задоволни? Кои информации ми се битни да ги прашувам продавачите додека разгледувам по продавници? Ве молам споделете искуство, фала ви
ние купивме од Веланд Куманово за 200 литри не фати околу 15000, се вкупно со монтажа и матријал мислам дека ни излезе оклу 400 еур.Презадоволни сме, го користиме преку цела година, една од најпаметни инвестиции којја ја имаме направено.
Леле извини ,не ми стигнала нотификација ,сега случајно прочитав Инаку да ,напред е садот под рачката
Сакам миксер со постоље што иде. Има некоја? Задоволни сте? И пегла со пристојна цена сакам. Ама стварно ми треба добра препорака за пегла. И само дестилирана вода ли ставате за да не ви фаќа каменец?
за миксер поима немам.. за пегла, јас користам Тефал, и многу ми се погоди, супер е. За вода, ставав строго дестилирана вода и се направи лом од каменец, сфатив дека и тоа што го купуваш како дестилирана сепак и не е толку дестилирана.... и затоа сега ставам или флаширана или од чешма, и чат пат ја чистам со лимонтус. Спојлер: Линк https://www.neptun.mk/categories/PEGLI1/TEFAL-FV-3970-E0
Јас имам бош мултипрактик, ама го користам за тесто. За тоа потврдувам. Маста му ја извадив за лепчиња, интегрални, обични, кифлички, меси перфект и брзо е. Тесто за пици, пастрмајлии, само ставаш и за неколку минути супер пуфкасто тесто. И за друго сигурно е добро ама јас со готвењето благо, скарана сум. Мора нешто да утнам. https://www.neptun.mk/categories/MULTIPRAKTIK/BOSCH-MUM-44-R1 Малце е поскап, но мене многу ми се наоѓа, како што не знам на рака, а не сакам пекач.
Јас имам од бош и многу сум задоволна, само дестилирана вода ставам и не ми фатила бигор до сега. МНогу подобра од претходната што ја имав. Пеглам и мислиш од двете страни истовремено е испеглано. За миксер не можам да ти помогнам
здраво ве молам некој да сподели искуство со сушара,дали ви се собираат алиштата!? Станува збор за комбинирана сишара+перална
Зависи до програмата и бројот на вртежи, како и до квалитетот на облеката. Јас имам комбинирана, и 90% од облеката од ваикики детска скоро да не е смалена, по мое искуство квалитетна е,за споредба со некои кои два броја се смалија со иста програма за сушење... Ако си во можност инвестирај во поскапа комбинирана машина која има опции да суши со поголем број на вртежи а пониска температура, во тој случај нема да ги смалува ниту да ги гужва. Битно е и количина на полнење, ако се преполни најчесто се жвакани и недосушени.. Инаку јас имам Беко, не беше баш најниска класа ама не сум многу задоволна како суши.. Секогаш остава влакна од сушењето внатре и оние сензорни програми воопшто не се добри,единствена опција која суши ок е онаа да е скроз суво. Ја земавме на некој попуст накај 25-27000 пред три години, а да ми е сегашново искуство би инвестирала во некоја Candy повисока класа...
Zdravo ako moze mala pomosh.. Dali moze nekoj detalno da mi objasni Kako se uklucuva masinata za alishta?
Кај степените ќе свртиш на колку степени сакаш да ја пуштиш пр.бели на 90 и кај бројките ќе го свртиш кругчето кај 1 па ќе го извлечиш нанадвор и ќе си почне со работа.шарените ги пушташ на 40 од 8 , на 60 мислам дека можеше и од 1 и на пократко од 8..и тоа е тоа
Здраво. Ја користи ли некој,јас ја имам пробав но не успеав се згрева еднаш потоа пак не се загрева едино да почекам некое време, искуство некој?
Дали кај некоја од вас сушарата стои врз машината за перење ? Дали имате некаква сталажа под сушарата ? може да ми споделите фотка како тоа изгледа ?
Земав сецко денес со намера да го користам најмногу за цвекло салата, ама продавачката ми рече дека не е препорачливо цвекло да се става во сецко оти е многу тврдо и брзо ке се расипело. Преска го пробав со тоа што прво го исеков цвеклото на ситни парчиња и без проблем го исецка, не ми изгледаше дека има мака. Има тука некој што редовно го користи за цвекло? Стварно ми е мачно да го рендам
Јас користам сецко на бош за се буквално (цвекло, моркови, јаткасти плодови). Го имам веќе 3 години и си функционира како прв ден.
Работи на тој автоматски принцип на температура (посилна -послаба). Вклучи ја на максималната, 4-5 и така ќе можеш да ја користиш. Јас имам пржено тиквички и модер патлиџан во неа, но без капак. Не се шири мирис и продкутите не се масни како во другите тави.