Прашав во друга тема но не добив одговор. Правосмукалката од топ шоп rovus victor дали ја има некоја и како сте задоволни?
Имам Шарп прочистивач на воздух и задоволна сум. Отвораш балкунска врата да влези воздух 5мин, после пушташ прочистивач 10мин миниму и супер е воздухот во соба. Одма се осеќа чисто, проветрено. Со бебе сме ние и супер инвестиција.
На колку време се става сол во машина за садови? Или секоја машина е прича за себе па да барам во упатството?
Ако имаш индикатор за сол тој ќе те потсети кога ќе засвети црвено. Ако немаш индикатор, ставај на два месеци, собира до две кила тоа контејнерчето.
Е, ако не сакаш да се труеш со дополнителни маснотии при додавање масло. храната е вкусна и убаво зготвена, но реално не збира канистерот храна за 4ца.
Домакинки со миленичиња, правосмукалка да ми препорачате. Старава е една минијатурна што маж ми ја купил додека беше сам, од кога се земавме и го донесов и кучето генерално бевме без теписи и чистев со џогер. Ама сега со бебево по земја мора да имам тепих, и сакам да си купам нова правосмукалка.
Препорака за сецко? Се мислев помеѓу Delimano Brava Рачен сечко и Delimano Joy Chopper 3 во 1 Кујнски сечко, кој е попрактичен? Кој е полесен за чистење? Дали вториот може да се користи наместо миксер?
Мразам кога нешто ќе ми се расипе, мајсториве диплат пари само,а после некое време дефектот се враќа,така да ако е мал апарат веднаш го менувам , си купувам нов и си терам раат. Еве ми се скина полнач за лаптоп ми бараа 1000 за поправка а 3500 бил нов во овластен сервисер. Прашав во сетек кажаа нов од 1000 до 1500, но ај татко ми го поправи беспари, па до кога ќе тера до тогаш. Имам Ровус електричен џогер на пареа, презадоволна сум ама нешто почна да ми се запушува и да не вади пареа, под гаранција е го дадов во топ шоп рекоа ми го поправиле, го земав исто беше и така татко ми го отвори, го исчисти и еве го си работи. Кафемати не знае да поправа татко ми па затоа нов земавме сега на Долче Густо, стариот беше многу години кај нас и веќе не сакавме да го поправаме. Компјутер ако ни се расипе обавезно прво го даваме на некој кој се разбира и чепка такви работи, па после ако мора го даваме на вистински сервис или заменуваме дел. Перални,машини за садови,шпорети не сакам ни да мислам што би се случило ако ни се расипе.
Имам на нео што е 3 во 1. Сецко, рачен блендер и маталка. За цени зависи од која марка и дали е само сецко или има плус додатоци. Само сецко е од 700ден па нагоре, а тие со додатоци се поскапи. Јас пред 6год го купив некој си 2500-3000 ден, ама душата му ја извадив. Во сецкото се сецкам ( зеленчук за секој ден за готвење), блендерот го користев дури ми беше мало детето за блендирање на каши.
Јас овој го имам и сум презадоволна, со него и јајца имам матено, и бисквити и ореви мелено, смуди правено, одличен е. Со тоа што го купив во декември така да релативно нов ми е, не е со годиништа да речеш. На ТопШоп сецката купување никако. Купив два на 7ми март (едниот на струја поклон, другиот рачен за мене). Јас навикната на тој погоре од Бош, овој ми дојде никаков и ај си викам може до мене е. И утредента ми се јавува мајка ми вика ставам едно парче кромид и го закочува цел сецко. Го однесов на 10ти назад и им реков дека е расипан ама нејќам назад пари, ќе земам нешто друго. Ми рекоа не можело, морало на поправка да се носи. Од тогаш до денес (поминато точно еден месец) ми се немаат ни јавено. Разбирам и корона и све ама претеризам. Да нагласам дека кога купував ми рекоа дека имам рок 15 дена за враќање. Отидов после 3 дена и рекоа мора на поправка. Многу бев бесна. ТопШоп повеќе никогаш.