Фала Елена, баш пред некое време ми искочи овој кога вртев низ страните. Од ТопШоп никако, до душа јас не сум имала искуство со нив, ама мајка ми земала некој тави, Делимано ми се чини рече и ич не и се погодиле. А, некако овие продавнициве за бела техника ми се посигурни.
Од топшоп само нутрибулетот им вреди Имам нутрибулет и сецко на Russell Hobbs и на двата душата им ја извадив.. Сецкото дури и за поклон на мајка ми и на другарка им го купив од што мене ми се погоди ама сега гледам го нема баш истото.. И на Бош се доста квалитетни, нема да згрешиш
Јас имам сецко 3 во 1 од топ Шоп и незаменливо ми е, секој ден го користам за се буквално, и нутрибулетот е врв, тавите делумно се исто супер само такви имам и се во нив готвам, пржам печам, ги мијам во машина и не мрднаа веќе 5 год, само едно за палачинки не ми се погоди, сите производи кои ги имам од топ Шоп се супер квалитетни незнам зошто некои толку критикуваат, и тоа не користеле, само слушнале дека не чинат.
Епа еве јас кажувам не од што сум слушнала туку од лично искуство. Имам електричен сецко, сецко без струја (со ластик) и 2 перници од ТопШоп. Од ништо од тоа не сум задоволна. Сакаш да ти ги сликам да видиш дека стварно ги имам?
Секој производ од топ Шоп може да се врати доколку не си задоволна во рок од 15 дена, си можела да ги вратиш.
Здраво девојки сакам да ве прашам пералната за алишта додека е на 40° на било која програма кога има центрифуга има голема бучава и многу тропа а и се изместува од местото.. Што можи да биде проблемот?
Не треба да шета, намести ја добро во лежиштето, да е на скроз рамно, стегни ги тие како ногарчиња долу што се, се скратува векот со неправилно работење.
Како да го вратам? Отидов со фискалната и гаранцијата, им реков дека сакам да го заменам (не за пари туку за друг производ) и девојчето вика штом е расипан мора да се носи на поправка. Се бунев, му се јави на шефот, тој и се изнаразвика на телефон, заврши муабет со него и пак ми вика на поправка морало да се носи. А без да прашам, истото девојче кога купував ми рече имаш рок на враќање 2 недели. Сериозно прашувам како да го вратев? Да се тепам ваљда нема. Како сум нервозна само кога ќе ми текне на ова, не може да замислите. Среќа што не се големи пари, околу 1.000 денари беше, ама памет за следен пат, во ТопШоп не влагам. Морам да признаам дека ми е криво бидејќи во фаза на купување стан сум и планирав цела кујна да ја опремам со Делимано и душек од Дормео да земам, ама после ова, нема шанси, во дуќан не им стапнувам.
Ако имаш проблем во било која продавница, можеш да се јавиш телефонски, и можеш дури да се пожалиш, незнам, јас до сега немам замерки, имам многу производи, имам и враќано, и менувано, без никаков проблем. Имаат тие грижа за корисници, еве на маж ми купив патики валкмакс, за 1 месец се скинаа, се јавив во грижа за корисници, ги рекламирав, му пратија нови.
Дечки здраво Ми треба мислење околу брендот ST(superior tehnology), конретно индукциона плотна од Сетек. Ако може некој да сподели искуство. Позз
rowenta јас имам и не ти ја препорачувам. Многу е моќна и добро влече, но се јавува некој специфичен свиреж кој е доста бучен. Неколку членови кој имат ровента го имаат свирежот.
@senza.parole самсунгот прв многу брзо се запушува и слабо влече. И на најјако пуштена ептен слабо влече. Плус не можеш цел спрат наеднаш да исмукаш. Една соба, па чистам резервоар, па друга. Побрзо со метла ќе завршам работа...
Првично бевме за Бош, иако е најскапа од овие, веројатно таа ќе биде. Фала девојки на споделеното искуство.