Ајде жени кажувајте од која марка на шпорети со рамна плоча сте најзадоволни. Се мислам помеѓу Беко и Горење , очекувам позитивни и негативно искуства ☺️
Горење веќе не е тоа што беше,купена е од кинезите компанијата ,и квалитет повеќе немаат . За беко нз , нека пиши некоја што користи
Жени ми треба совет за машина за сушење алишта од која сте задоволни и што препорачувате Секој совет е добредојден,сакам да е едноставна за користење и да не е прескапа. Немам ориентација па ме интересираат ваши коментари. Фала
Девојки пишав дека апаратите за против глодари што ги купив од топ шоп се тотално неефикасни , можеби само против инсекти , против глодари ич ... Во викендицата го ставив ама таму е и планинско место и пак најдов глувци
Го има некој Ровус Нано џогерот на пареа од Топ шоп и задоволни ли сте? Дали остава траги од вода на плочките?
Јас го имам веке 2-3 месеци и сум супер задоволна. Еднаш неделно чистам со него плочки и паркет и супер ми вади нечистотии поготово од плочките во кујна. Мана му е краткиот кабел и многу брзо ја троши водата. По литро дестилирана вода ставам на едно проаѓање. Од се друго сум задоволна.
Zdravo, jas sum zainteresirana da go kupam Nano Dzogerot, i me interesira, dali go koristite za cistenje na lakiran parket? Taa dilema njamnogu me maci, bidejki se plasam da ne go ostetam parketot. Otkako ke gi pominite kilimite dali brzo se susat? Na reklamaite korisnicite spodeluvaat mnogu pozitivni iskustva, ama sepak e marketing. Vi blagodaram mnogu
Да го користам и за лакиран паркет буквално за сите подови низ дома, до сега немам проблем со него бидејки испушта пареа а не вода и одма испарува така да од користење еднаш неделно немам видено некои штетни последеци. На теписите уште го немаме пробано пошто сега скоро од сервис за чистење ги земавме така да уште немам потреба да го користам на нив.Мене ми е скроз ок за користење особено ако има нешто истурено немора да трљам по 100 пати за да излезе.
После цел месец сигурно веќе и си купила, ама во фамилија имаме 3 различни Беко и од сите сме задоволни. Туку да прашам, не е баш кујнски апарат, ама да предложите сет од квалитетни кујнски ножеви?
Здраво, да ве прашам за електричен бокал од кој сте задоволни? И колку време ја држат водата топла, ми треба за подготовка на млекце за бебе да не плаче многу додека чекаме
Јас користам вакво, не е на philips ама исто изгледа, го купивме од базаро околу 500 ден. Ја држи долго време водата топла,брзо загрева. Само ако користите вода од чешма брзо фаќа бигор. Јас го чистам само со алкохолен оцет и вода.