Не ги ставам директно садовите, ги одмивам прво. Навикната сум по јадење да си ставам во садопер и да им пуштам вода, па така се одмиваат главно. Ако не ги средам на време и ми се исушат, го полнам садоперот со вода, и во него ги ставам садовите. Милам дека за било која машина е исто - барем за овие кои сум ги користела - Бош и Кенди од минатиот милениум било така. И не е многу бучна, тој дел особено ми се допаѓа. Особено што нели ги имам вратичките од кујнскиот елемент, многу слабо се слуша. Мило ми е ако ти помогнав да одлучиш. Сигурна сум дека ќе ти биде од корист. Јас без машина не функционирам
јас сакам дирекно да ги ставам несакам да ги одмивам веке преку глава ми дојде миењето садови а да не се запуши некои филтер од храна ако има малце или се исфрла преку одводот
Сакам да купам некој блендер, со повеќе функции по можност, давам до 3.500 денари Ајде ако имате користено некоја марка, а сте задоволни предложете ми! Фалааа
Јас вчера баш и купив на една другарка Moulinex блендер, сецко и маталка за 3500 денари. Блендерот е со 4 сечила, до сега само со 2 сечила ги правеа. Имаше во Нептун една добра понуда од Бош - блендер со рачка и во сад (сецко) за околу 1700 - 1800 денари (не се сеќавам на точната цена) само останати беа само блендери со пластична рачка, а тие не се користат за многу топли јадења. Со метални веќе немаше, потрошени беа. Во принцип, сите пасираат ок, само некои се поиздржливи, некои помалку. Јас моментално го користам петтиот мој блендер, затоа што првите четири ми ги прегоре жената што ги чуваше децата, многу запнуваше и ниту еден не издржа Сепак Бош издржа најдолго, во споредба со фуего кој веднаш се расипа. Додека работеа, и едниот и другиот добро ја пасираа храната. Сум имала и од тие со рачка, и оние што се всушност сецко, ама и тие ги користев за пасирање додека децата беа мали. Сепак, блендерот со рачка е некако попрактичен, барем за пасирање, со тоа што не можеш да сецкаш кромид на него Сега имам од тој робошеф од топ шоп, ама ретко го користам, децата ми пораснаа.
Јас ова го гледав од Беко 3500 ден., а поодамна барам некое такво мултифункционално кујнско машинче. - ЗА СЕЦКАЊЕ, МИКСАЊЕ, РЕНДАЊЕ, - КАПАЦИТЕТ 1,5Л - НОЖЕВИ И МЕШАЛКИ ЗА ТЕСТО - СОКОВНИК ЗА ЦИТРУСИ И ТВРДО ОВОШЈЕ - 10 БРЗИНИ И КОПЧЕ ЗА ПУЛСИРАЊЕ
Ариел измерив ја собира но еве можеш да видиш на сликава под умивалникот со цевките што да правам треба да ги извадам па да ја собере сигурно и твојот умивалник е толкав или е повисок ај ако сакаш сликај целосна слика како со машината затворена врата како се направени цевките///ова ме бидни малце како да ги наместам цевкиве треба да ги ставам во ќоше излгеда незнам
Ако си измерила и димензиите се ок - ќе ти ја собере, ти кажав, на стандарен кујнски елемент само висината може да е проблем. Можно е да треба да го смениш сифонот, ама консултирај се со некој што се разбира за тоа. Не се гледаат добро цевките, уште ми е на тоа место машината, па не знам колку ќе ти биде ова од корист
ке се консултирам со мајстор што се разбира од оваа работа најверојатно ке ги сменам цефкиве оти кај мене како што виде на сликата цефката е во облик на буквата ( Ј ) и затоа таму е проблемот. на маж ми баш не му се слуша нешто во врско со машинава али ја морам да си ја купам.А посебна чешма имаш ли одоздоле под умивалникот за што прима вода, или приклучуваш цревото од оваа што е над умивалникот .(оваа навистина било проблематично да местиш машини за садови ја да знаев кога ми ја местеа кујнава ке испланирав простор за машина не знаев пошто кај мене никој не е користел машина)
Планирана ми беше мене машината, па имам и довод и одвод за неа. Денес стигна новата, се надевам нема да ме разочара
Ги има и на Макпетрол ама и на пазар. Поевтини се на пазар со се горионик. А исто така ги има и по продавничките за бела техника и све и свашта Најправилно и најубаво е да сифонот биде во U затоа што на тој начин не ја враќа миризбата од каналот. Сите други се присилни решенија кои можеби на почеток ќе бидат ок се додека не почнат да го враќаат мирисот од каналот. Колку сакаш после миј го и ставај средства, па и менувај цевки џабе е.
За сифонот славица во право си, ама јас при здрава свест и совет и целоста материјална одговорност решив да ја ставам машината под садопер, и за тоа мораше да плати сифонот Фала богу, до сега не сме имале проблем со одводот во кујна, еве веќе осма година живееме тука. Искрено, немам претстава како ќе биде решен со новата машина, ама се надевам дека нема да имам проблеми. Машината уште не ни е наместена, поголем зафат испадна, за да и најдеме место мора да смениме и садопер и плотна, па мм деновиве ќе се занимава со тоа. Здравје, до викенд ќе биде. Инаку земавме Бош за 12 комплети. И по Бош - Бош, што да кажам
и на мојот нешто не му се слуша за машинава за садови мислиш ке зимаме голема па д анема кај да ја ставиме оно малце тешко е сега да извадиме цевка за вода но ке пробам до петок да го намолам -_- ке треба и плочките да се кршат за да се изведе цевка ..
АРИЕЛ многу се разочарав преги правев маубет со сопругот ме изнервира и се испокаравме во врска со машината за садови како што гледаш веке со тебе си пишуваме една недела за оваа машина ништо не бидна од мојот план јас му објаснив све и цена колку е и како мислам да ја инсталираме и за довод да се ископаше цевка ама...ми вели дека во оваа зима сега ке копам довод за машината за задови на тебе како ти текне така ...ми вели тоа се работи во лето и здравје живи во лето ке го средиме тоа ако ни излезе прилика да земеме машина . НО СПОРЕД МЕНЕ И ВО ПРАВО Е дека сега во зима ке се копа плочкиве да се става довод мислам и ја не е лесно тоа е работа за во лето..разочарана сум и лута му сум незнам дали е во право ШТО МИСЛИШ ТИ дај ми твое мислење ја се надевав дека ке ја зимаме пошто во петок ке одиме до СКОПЈЕ има тој некоја работа па ке наминевме до КУМАНОВО (од таму е ) да ја земиме АЛИ НИШТО
^ Ти си знаеш каква ти е работата по дома. Дека е корисна работа машина за садови, корисна е, е сега кога да се копа, тоа не знам. Позитивно кај овој модел е што може да се стави под садопер, ама и да не ја земете, претпоставувам дека можете да најдете друга од малите. Не знам колку често има огласи за половни машини, никогаш не сум гледала.
Имаш блендери убави до кај 3 000 денари, мада вршат и овие малите од по 1 800-2 000 денари, е сеа имаш кинески и од 1 000ка ама не се лажи по нив, пример мене многу ми се свиѓа малиот на Мулинекс со пасатор, мислам дека беше 2 400, ако не се лажам и помалку, околу 1 800, овие две цени ми се вртат во глава. Апаратче за нескафе не се лажи да купиш од оние ефтините по 350 денари, не за друго нема да го искористиш воопшто, не е ко што треба, мој совет дај барем 1 000ка и земи си статичен, на Нео не се лоши, а на Вицко не на сите, но на некои им е многу погоден, тие се по 750 мислам. Зависи за што ти треба, ако е за поклон можеш да најдеш златна средина, ако е за тебе подобро да купиш нешто поасално, зависи и од тоа за кого е поклонот, ако е за некој кој вреди да лупнеш толку пари зошто да не, но јас секогаш се раководам според тоа колку сакам јас да ми носат глупости кои се неискористливи. забегав ептен, а си кажав битно она што треба
Маroon јас купив неодамна блендер 2200 од Нептун,Беко ,собира 1л 750 ,не е воопшто мал. Спојлер Апарат за нес имам од пред некои 8,9 години,тогаш беа малце поскапички 1500ден,а сега се по 800ден(зборувам за мојот,Вицко) На пластичарите имаш поевтини варијанти и по 600,700ден