@no name5 не треба да ја пушташ уште еднаш, евентуално на некоја пократка програма. Јас имам Беко сушара, некогаш ми се случило да останат влажни џебовите и ластикот (појасот) на подебели тренерки, ама поретко. Мојата е постар модел, ама верувам дека имаат слични програми со твојата. Работава е што треба соодветни алишта да сушиш на соодветна програма, си има нели посебни програми, и секако да не ја преполнуваш. Ако машината за перење ти е 8 кг (пример), нема цела наеднаш да ја сушиш, туку на двапати. Е сега, екстра суви опцијата не ја користам, оти не сакам да ми се пресушени алиштата, на почетокот ја користев, исто ми беше ко на сонце да сум ги сушела. Јас најчесто користам програми за синтетика, небитно што сушам, најчесто користената ми трае 45 минути, може самата машина да го продолжи времетраењето ако има уште влажни алишта, и немам проблем. Само постелнина сушам до степен за пеглање, т.е да останат полувлажни, па ги пеглам набрзина колку да се досушат, оти ако целосно ги исушам се многу, ама стварно многу изгужвани.
Веројатно е до материјалите и колку е полна... пешкири кога ќе ставам скроз суви ги вади а други работи не
Зависи како ќе ти се погоди. Кај мајка ми се е Беко и супер и е, кај мене повеќето е Беко освен плотната, таа е Горење и се ми е супер. Золва ми има се од Горење и е задоволна.
Јас сум многу задоволна од Самсунг машина за перење алишта. А за машина за перење садеви Беко е екстра, долги години секоја ден најмалку по еднаш ја пуштаме.
Дали некој неодамна регистрирал Самсунг апарат за продолжена гаранција? Јас регистрирав на 2 декември, меѓутоа се уште немам добиено потврда за продолжена гаранција, туку само повратен мејл дека е примена апликацијата
Исто и мене, пишуваше најдоцна до 30 дена а повеќе поминаа. Тоа значи дека нема гаранција производот моментално?
Производот доаѓа со двегодишна стандардна гаранција. На веб страната треба да се продолжи на пет години. Ќе им ѕвонам утре.
Ама кај мене е нов производ и ми рекоа да пополнам сето ова електронски, средив се одговор нема. Прв пат вака им праќам. И јас ќе им ѕвонам утре.
И кај мене е нов производ. Сега се обидов повторно, ама серискиот број не ми проаѓа. Што значи дека го имаат во систем, ама зошто не испраќаат потврда за регистрација ми е мистерија Или забушаваат или се пребукирани.
Тогаш на мејлот пишуваше имало многу добиени па не можеле да престасаат, така нешто. После месец и пол уште не стасале.
Дали некој знај за што служи "Drum Clean" на машина за перење алишта? Кога пери нон-стоп трепка, има начин да се изгасни?