Знам дека многу се занесувам, ама гледам на youtube Американциве имаат некои фиоки како фрижидери, може нешто такво е изводливо (ако не е 1000е една фиока ). Идејата ми е да тргнам сокови и вода од фрижидер зошто бајаги место ми фака, а сепак да бидат ладни. Мало фрижидерче ептен ке ми заврши работа, ама нејкам уште еден фрижидер да се гледа во кујна. Не знам што друго може да се направи.
Веќе имам одличен фрижидер, ни 3 год не е стар. Прва идеја ми беше да го смениме за двокрилен, ама не ми се даваа толку пари, па смислував алтернативи.
"Фризидер за вино BEKO WSA29000, 282l, 149cm" https://www.neptun.mk/categories/FRIZIDERI1/BEKO-WSA-29000
Zdravo, sakam da prasam kaj mozam da najdam ovde kaj nas vakvo slicno za perenje tepisi i mebel? od amazon e i mnogu go falat ama ne znam za poracka i cenata e povekje od 200$ i dali vredi bez da se vidi nekako sube mi e da poracam ova i golema tezina ima?
На сајтовите на Нептун и Сетек гледам перални. На ниту една во карактеристики нема 1/2 перење (пола перална да ја наполниш). Да не има некој назив посебен тоа? Имате некоја перална како препорака?
Замрзнувачот почна да испушта некој чуден звук пред крајот е.Сега прашањето ми е дали да купам само замрзнувач бидејќи ми треба тоа или да купам комбиниран и замрзнувач и ладилник за да заштедам на простор? Дали сте задоволни од комбинираните и која марка ми ја препорачувате?
Што да купиш зависи од тоа колку литри замрзнувач ти треба.. Јас имам еден хоризонтален и еден вертикален, ама гледам само вертикалниот да го користам затоа што е А+ класа.. малку троши струја Во однос на комбинираните, самсунг би ти ги препорачала А ако мислеше на оние со 2 врати... размисли пак колку литри замрзнувач ти треба.. не собираат баш колку што изгледа дека се големи
Не сум сигурна дали исто мислиме, но зошто да не можеш која било перална пола да ја наполниш? Јас ранерите од масите посебно ги перам, двата заедно околу третина машина фаќаат.
Веќе купив перална на Вирпул, со програм 1/2 на 15, 30 и 45 минути. Ако има ваков програм, таа употребува половина од ,,силата,,. Воедно не е исто ако е полна со 7 кг и со 2 кг алишта, може да почне да ти тропа и шета. Не дека неможеш да си ставиш едно крпче и да ја вклучиш, ама зошто ,,комбајн да палиш за една сламка,,
Ве молам за совет. Сакаме да купиме саундбар. На што треба да внимаваме, какви спецификации да има, која марка да биде. Освен за филм се разбира сакам да слушам и гласна музика. Не знам колку ќе биде изводливо со саундбар тоа ама колку ватно да биде за да се задоволам
Ние дома и домашно кино и телевизор скоро сите апарати за домаќинство со сопругот но се Беко и ЛГ и сме многу задоволни