Ај и тука да прашам. Правосмукалка за секојдневно чистење на плочки? Се мислам меѓу ровус сторн вак и оваа на сликата? Или можеби скроз трета од која сте задоволни. Ептен би ми помогнале, ако споделите искуство
Iskreno neznam, no jas ja imam rovus storm vac i ne ja biva, zatoa sto odma se pregreva i se isklucuva samata. Pa koga ke se oladi za nekoj saat pak moze da raboti. Zazaliv sto ja zemav ene ja taka stoi. Ne e mozno da ja koristis za poveke od dve sobi. Podobro e zemi si nekoja druga za tie pari
imam frizider samsung. Ne e rabotil skoro godina dena. Sega koga go pustiv friziderot ladi megutoa mnogu se zagrva nadvoresno. Dali e normalno pri prvo pustanje toa dodeka dostigne vnatresnata temperaturata.
Кажете ми добри садови за готвење што би можела да ги користам на индукциска плотна ? Пр. Грил тава, вог, садови за варење и слично.
Од кој миксер сте задоволни за месење? Ке го користам често, леб јадеме домашен, и по тестенините сме, па сакам нешто појако и издржливо. Деновиве на интернет ми врти слика од овој. Дали го има некој, и како сте задоволни, незнам цена која е
Јас би ти препорачала Делимано или Цептер јас ги имам веќе 4 години и сум задоволна ги користам и на плин и на индукција и на обични плоча дури ги користев и на шпорет со дрва кога се греевме .
Јас дома имам два миксери за месење едниот од Топ шоп другиот го добив на поклон за свадба но не сум нешто баш задоволна од миксерите и во последно време не ни ги користам си месам рачно.
А јас па бев запната да земам, некако полесно ми се виде, и мислев поубаво ќе се умеси тестото со миксер.
Жени, фрижидерот не ми лади. Комбиниран е,горе обичен доле замрзнувач, доле е супер, горе онака, колку да не е топло. По малце лади. Го чистевме денес баш поради послабо ладење во горниот дел, ама сега како послаб да е. Некој да не знае чаре освен мајстор. Го одалечив од ѕид и елементи, исчистив дупката за вода... Многу ме чуди искрено. Аман на жештиниве бар тој нека не ми откажува љубов. На Индесит е иначе и до сега немало проблем, го имаме скоро 10 години.
Некоја да се справила со грешка 3Е на самсунг машина за перење. Гуглав за грешкава ама дава многу различни дефекти. Почнува да прима вода и набргу престанува и свири. :/
Супер се, јас имам Dolce Gusto Piccolo XS, на попуст од Нептун го земав за 3100, година и пол како го имам и немам замерка.
Жени ми се расипа пеглата за алишта. Препорачајте некоја добра, со приступачна цена. Оваа што ја имав ептен добра беше ама многу стара, не се произведува веќе