Јас ја имам Philips многу е добра задоволна сум но не е купена од Македонија купена е од Србија поточно Београд и ја купив околу 400 денари во македонска валута.
препорака за квалитетна грил тава и обична тава која не лепи?Имав од топ шоп но после две години почна да лепи..
Дали претходно имаш перено бела облека. Доколку да однеа ти остануваат и кај мене кога перам бели па црни ми остануваат мали влакненца ама јас откако ќе се исушат пред да ги пеглам ги чистам со селотејп.
Немам перено бела. И не е прв пат ова, на сите црни памучни алишта ми се лепат... се мислам да не е прљава машината ама мислам од сам почеток вака ми прави...
Од прво перење да нема останато нешто бело заглавено внатре, чорап или палома, пробај и со течен детергент да не е до детергентот нешто, и секако исчисти ја, стави во бубањот и во делот за детергент сода бикарбона и бел оцет и пушти ја на брза програма без центрифуга да изврти.
Женски понудете ми некоја интернет страница каде што има миксери, или пак ако сте го купиле онлајн дали сте задоволни од него? Сега ќе сум студентка и ќе живеам под кирија сама па не мора да е многу скап, колку да ми врши работа да заматам нешто.
Таква работа најдобро е да купиш од салон за бела техника (сетек, нептун, техномаркет). Има од најефтино до најскапо. Го гледаш на лице место, го проверуваш дали работи и имаш гаранција. Онлајн не се купува, бар според мене.
Да, те разбирам, ќе поминам баш утре да видам што има. Нема да земам скапо, и најефиното нека е колку да врши работа.
Здраво девојки, Ме интересира во машините за миење садови (јас имам Indesit), колку е потребно да се тури сјај и зошто откако ќе турам сјај и ќе го затворам капачето, ми истекува дел од сјајот додека ја затворам вратата од машината, пробав да турам помалце сјај, но ми свети сензорот за сјај...
Дали некоја имала проблем со сушара за алишта Ја вклучувам почнува да работи истовремено почнуваат да трепкат и трите греачи и исклучува сама Прв пат оваа ми се случува
Дали некој ја има да сподели искуство? Или општо препорака за правосмукалка? Иако сакав баш вака стоечка + рачна. 2 во 1 е оваа.